Во секој од нас тлее желба да биде лидер, сакаме да го признаеме тоа или не! Не зборуваме за лидер што само ќе дава наредби, туку за оној што ќе води, инспирира и така ќе прави револуција во одредена област.
Во Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), првиот практичен ИТ-факултет кај нас, ништо не е просечно. Ние сме жив екосистем преполн со исклучителни студенти, посветени професори и иновативни компании, сите обединети со заедничка амбиција – да бидеме домот на идните лидери. На оние што ќе ги поместуваат границите!
Родени лидери? Па, не е баш така
Херои од детството предодредени само за големи дела. Си ги слушнал приказниве. Иако романтичниот поим за „родени лидери“ има одредена вистина, тоа не е целата слика. Многу поединци поседуваат природни квалитети како што се харизма, самодоверба или љубопитен ум, што се карактеристики на лидерите. Но, самото лидерство се создава преку искуство и развој.
Ние во Brainster Next College, веруваме дека лидерството не е право стекнато со раѓање. Да, ги гледаме вродените квалитети. Но, со помош на нашите ментори и професори, искуства од реалниот свет, иновативите образовни програми им помагаме на студентите да не заборават дека може да водат, а не само слепо да следат.
Оваа синергија помеѓу природниот талент и стекнатите вештини е она што навистина го издвојува Brainster Next College. Ние, покрај тоа што ги идентификуваме потенцијалните лидери, им даваме моќ да процветаат и да имаат значајно влијание.
Кире, Белма, Даниел, Тамара… Ова се само дел од нашите исклучителни студенти што сакаат да ги кршат правилата и да создаваат нови. Да водат, а не слепо да следат.
За Кире Јорданов, наш студент од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации лидерството може да се дефинира на многу начини, но во суштина, тоа се однесува на способноста на една личност да води, инспирира и влијае на одредена група на луѓе кон постигнување на заеднички цели. Како студент кој гледа кон просперитет и успех, лидерството за него не само што вклучува управување со проекти или тимови, туку подразбира и развивање на вештини како што се емпатија, одговорност и способност за слушање, разбирање и учење од други.
Даниел Дечков, кој е прва година на истата студиска програма, пак вели дека прво што му доаѓа на памет кога некој ќе спомне „лидер“ е човек кој што во својот репертоар на способности треба да го има она што е потребно за тој да стане лидер, односно тоа е водство.
Тамара Трајкова и Белма Хајрадиновиќ студираат на нашата уникатна студиска програма UX/UI и графички дизајн и се прва година. Како тие го доживуваат лидерството?
„Тоа за мене претставува процес на водење и влијаење на луѓе заедно кон постигнување на заеднички цели. Тоа вклучува почитување, слушање и водење со пример, но и охрабрување на учество и развој на талентите на другите. Лидерството се заснова на комуникација, инспирација и способноста да се создаде позитивна и инклузивна работна средина во која сите можат да се развиваат и да напредуваат“, вели Тамара.
Белма додава дека за неа вистински лидер е личност која е самоуверена и посветена на својата работа. Затоа, лидерот знае да постави приоритети и да најде алтернативи начини за поефикасно и поефективно извршување на работата.
Кој светски проблем прво би го решавале?
Нашата методологија на учење ги мотивира студентите веќе да размислуваат како може да влијаат позитивно на решавањето на горливите проблеми во општеството. Затоа и се трудиме да им обезбедиме реални проекти т.н tech for good со кои ќе почувствуваат дека помогнале и дека имале импакт врз некој проблем. Затоа и ги прашавме кој проблем што се случува во свeтски рамки ги држи будни ноќе и како би ја искористиле нивната креативност за да го решат? Многу интересни одговори дадоа и на прашањето со која историска личност би сакале да решаваат некој проблем.
Проблем за кој често размислува Тамара е социјалната и економската нерамнотежа, особено во контекстот на различните нивоа на развој меѓу различните региони и земји.
Исто така конкретно би се посветила на проект кој би ги револуционирал начините на производство и употреба на чиста енергија.
„Мојата цел би била да создадам систем за производство на електрична енергија кој би бил ефикасен, достапен и еколошки одржлив. Ова би имало големо влијание врз светската енергетика и би придонело за редуцирање на загадувањето на животната средина и намалување на зависноста од необновливи извори на енергија“.
Нејзиниот избор за личност од историјата со која би сакала да соработува е Никола Тесла, токму поради неговите револуционерни идеи во областа на електричната енергија. Тесла би ѝ бил идеален партнер за овој проект поради неговите генијални концепции и визија за бесконечната енергија од воздухот и слободна енергија за сите.
Даниел, најмногу го плаши фактот што има луѓе низ целиот свет коишто се толку заматени од страна на социјалните мрежи што доведува до губење на basic knowledge кај сите од нив. Го иритира фактот што може да има конверзација со некоја личност што го има изгубено целиот концепт на некоја тема бидејќи некоја популарна личност го „решила“ тој проблем со неговата/нејзината статија што очигледно не е точна.
Историска личност на која тој ѝ се одушевува е Марија Монтесори. И токму со неа би сакал да соработува кога би имал можност. Еве и зошто:
„Таа била активист што ги учела децата од рани години да бидат доволно едуцирани за понатамошнниот развој низ својот живот. Мислам дека Марија би се вклопила потполно во овој проект бидејќи се стремиме кон иста цел, доволно едуцирани личности коишто се отворени на секаква тема на разговор, ама да биде поткрепен со факти и знаење. Марија ги учела своите ученици со basic knowledge како решавање на загатки, учење на обични факти за светот што нѐ опкружува. Вака би се намалила фрустрацијата при обичен разговор на луѓето меѓу себе“, вели тој.
Кире објаснува дека проблемите кои се случуваат на светско ниво и што можат да предизвикаат загриженост се разновидни и често комплексни, вклучувајќи климатските промени, загадувањето, недостигот на чиста вода, неправедната дистрибуција на богатството, здравствените кризи. Но, во глобала тоа на што тој размислува е иднината и самиот развој на целото општество.
Како Brainster Next College ги негува лидерските потенцијали?
Brainster Next College е плодна почва за независни мислители, иноватори, решавачи на проблеми и идни лидери. Нашите професори ги охрабруваат студентите да прашуваат, да ги оспоруваат нормите и да ја градат иднината.
Даниел смета дека тоа што професорите ги оставаат сами, преку решавање на проблемите и предизвиците на предадениот материјал е доволна мотивација за нив како личности, сами да размислуваат и да пронаоѓаат решенија.
„Нормално, ако наидеме на проблем при решавање на зададената задача тие се тука да ни пружат помош. Но, тоа што не оставаат самостојно да размислуваме и решаваме ни придонесува доволно за развивање на нашиот mindset да размислуваме како лидери“.
Белма, пак додава дека спротивно од стандардното македонско образование, факултетот пред сѐ нуди почит, култура, професионалност, а знаењето се наградува и се гради на прав начин, преку практични предавања, примери, а не само теоретско знаење.
За Кире, Brainster Next College, со својата иновативна методологија на настава и учење, како и преку ангажманот на квалификувани професори, игра значајна улога во мотивирањето на студентите да размислуваат и развиваат лидерски вештини.
Нашите студенти во иднина се гледаат како лидери кои не само што ќе имаат импакт врз тимовите со кои ќе работат, туку и како идни двигатели на општествените промени.
Тамара во иднина се гледа како лидер кој не само што има визија за иднината, туку и поседува емпатија која му овозможува да разбере и да се поврзе со потребите и мислењата на другите.
„Моите комуникациски вештини ми овозможуваат да влијам на другите со јасно и ефикасно комуницирање, додека мојата решителност ме поддржува во превземањето на тешки одлуки и превладувањето на предизвиците“, вели таа.
Белма вели дека веќе има некои вродени карактеристики за добро лидерство како што се око за детали, размислување однапред и способност да прави повеќе работи одеднаш. Но, за да биде успешен лидер смета дека треба да има и добра менторска подршка, знаење и адекватна повратна информација.
„Да се биде лидер пред сѐ е голема одговорност. Исто така да се биде добар лидер во мирна средина е лесно. Но, да се биде лидер во нестабилно опкружување е предизвик, смета Белма“.
Кире, во иднина се гледа себе си како лидер што инспирира, мотивира и овозможува на другите да достигнат до својот максимален потенцијал.
Ова се само неколку примери и размислувања на нашите извонредни поединци за кои Brainster Next е многу повеќе од факултет. Со негување на вродените таленти и стекнатите вештини, ние ги опремуваме нашите студенти да станат лидери кои ќе обликуваат посветла иднина.
Ако веќе се предизвика себе си и сакаш да учиш во средина во која студентите се охрабрени да го постигнат својот максимум, те охрабруваме да станеш дел од оваа заедница.
Но, сакаме да ти кажеме дека нашиот факултет не е за секој! Односно дека е за млади луѓе кои не се плашат да учат, сакаат да постигнат високи цели, да бидат лидери, да водат, а не само слепо да следат.
Приемниот тест за упис на Brainster Next College е отворен за овој уписен рок. Реши го тестот, а со тоа ќе добиеш можност и да ја искористиш шансата за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Dare to be a leader!
Доколку си спремен да им се придружиш на овие студенти, да стекнуваш лидерски вештини во мотивирачка образовна средина, и да студираш за 0 денари, сѐ до вработувањето, реши го приемниот тест за упис!