Brainster Next College не е типична образовна институција. Ова е место во кое креативноста се среќава со практичните вештини за да ги подготви студентите за работните места на иднината.
Првиот практичен ИТ-факултет е за студенти што сакаат да развиваат и технички вештини и креативно размислување, успеваат да се снајдат во средина што овозможува практично опкружување кога се учи. Место во кое идеите се претвораат во акција.
Ако бараш образование што ги подготвува студентите за предизвиците и можностите на иднината, ова е вистинското место за тебе.
Но, ако сакаш да продолжиш да учиш теорија, да не си предизвикан да се развиваш, критички да размислуваш и да ги решаваш светските проблеми, подобро е да се запишеш на друго место.
Подготвени студенти за реалниот свет
Нашите две студиски програми по Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн ги подготвуваат студентите за реалниот свет, добивајќи знаење од професионалци од ИТ-индустријата кои им ги пренесуваат знаењата и новите технологии што им се секојдневна работа.
Хакатони на кои за 48 часа градат апликации, реални проекти и пракса во компании, предмет што го предаваат експерти од ИТ-компании се само дел од предизвиците пред кои ги исправаме нашите студенти кои гордо се носат со нив.
Прашавме неколку наши студенти како тие го доживуваат факултетот, што е за нив Brainster Next College?
Ива Чекарова, која е прва година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации вели дека Brainster Next поттикнува практично опкружување за учење што ги охрабрува студентите да ја применат својата креативност на предизвиците од реалниот свет. Овој пристап им овозможува да експериментираат и да се изразуваат додека развиваат вредни вештини за решавање проблеми. За Ива, Brainster Next College е токму тоа што му недостасуваше на нашето образование. Практичен факултет што нуди најразлични можности.
Инкубатор за иновации и креативност
Нејзиниот колега Слободан Милосављевиќ, Brainster Next College го доживува како инкубатор за иновации и креативност, каде студентите можат да ги претворат своите идеи во реалност. Колеџот го нагласува креативното размислување и дава можности за соработка и решавање проблеми преку проекти и хакатони.
Додава дека е задоволен и од тоа што Brainster Next College организира хакатони, што е одлична можност за студентите да работат во тимови и да креираат иновативни проекти за кратко време.
Кристијан Кралевски кој исто така учи на студиската програма Софтверско инженерство и иновации Brainster Next College го доживува како место што нуди уникатен спој на академско учење, личен развој и професионален раст.
Креативноста буквално нема граници кога се во прашање и студентите од нашата студиска програма UX/UI и графички дизајн. Тамара Трајкова вели дека Brainster Next College користи иновативни методологии за учење кои ги поттикнуваат студентите да размислуваат за лидерството.
„Професорите се интерактивни и мотивирачки, а наставата се фокусира на практичното применување на знаењата. Студентите се поттикнуваат за претприемништво и развивање на лидерски вештини преку образовни програми“, вели таа.
Brainster Next College не е за секој!
Фокусот на Brainster next College е на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Тоа не значи дека не се учи теорија, туку дека теоријата е во контекст на практичниот дел во кој се изучуваат најновите технологии и се употребува најнова литература.
Покрај иновативниот практичен пристап на образование, ова е единственот факултет во регионот што ја нуди уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“. Студентите може да го завршат факултетот бесплатно и да почнат да плаќаат на бескаматни рати по вработувањето или дипломирањето.
Приемниот испит за упис на факултетот е во тек!
Работа на реални проекти, пракса во ИТ-компании, целосно имплементиран предмет во соработка со компанија партнер од индустријата, учество на хакатони на кои за 48 часа нашите студенти прават апликации… Потребно е многу, труд и учење, за да се биде во тек со студиите. Овој предизвик не е за сите!