Search
Контакт

Студирај бесплатно, до вработување! Пријави се на листата на чекање за упис на Brainster Next College

Нашите новозапишани студенти веќе се вклучуваат на претпрограмата и доаѓаат на настаните штo ги организираме за нашата заедница
lista-na-cekanje | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next College
Share

Приемниот тест за годинешниот упис на првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College, со кој може да се добие и можноста за бесплатни студии сѐ до вработувањето е затворен. Сите заинтересирани кандидати за упис на факултетот во последниот уписен рок, отсега, може да се регистрираат на отворената листа на чекање. 

1376 апликации и решавања на приемниот тест имавме до вчерашното затворање, а во моментов траат интервјуата со кандидатите. Нашите новозапишани студенти веќе се вклучуваат на претпрограмата и доаѓаат на настаните штo ги организираме за нашата заедница. Тие од октомври, подготвени ќе го почнат нивното академско патување на нашиот факултет.


Запиши се на листата на чекање за последниот уписен рок! Учи на практичен факултет на кој ќе работиш на продукти за компании додека студираш и ќе одиш на летна пракса. 


Зошто Brainster Next College e единствениот практичен ИТ-факултет кај нас?

Нашиот факултет функционира сосема различно од типичните традиционални високообразовни институции кај нас. Заборави на учење само теорија, на досадни предавања без практична употреба на знаењето. Ние сме сосема поинакви!  

Нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се иновативни, up-to-date, уникатни и вистински предизвик за студентите.

Ова е единствениот факултет во Македонија, каде образованието се среќава со искуството од реалниот свет. Ако се прашуваш што нè издвојува од другите? Многу нешта! Бидејќи ваков пристап кон учењето нема на ниту еден друг факултет.

Еве само дел од причините поради кои треба да се запишеш на листата на чекање и да си обезбедиш место во последниот уписен рок.

Нов пристап кон учењето во високото образованиие

Ние во Brainster Next College, веруваме дека најдобриот начин да се научи за ИТ или за дизајн е да се прави ИТ и дизајн. 

Од твојот прв ден, ќе бидеш вклучен во практични активности што ги надминуваат традиционалните предавања. Целиот фокус на изучување е на праксата, со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Тоа не значи дека не се учи теорија, туку дека теоријата е во контекст на практичниот дел во кој се изучуваат најновите технологии.

Хакатони – решавање проблеми во реално време

Хакатоните во Brainster Next College се повеќе од само натпревари, тие се наjдинамичното искуство за учење што некогаш ќе го сретнеш во животот. Ќе работиш во тимови за да решавате сложени проблеми, симулирајќи го притисокот и креативноста потребни за развој на некој продукт за реална ИТ- компанија. Исто како да си на вистинска работна позиција.
Овие настани им помагаат на студентите да развиваат критичко размислување, тимска работа и технички вештини во динамично опкружување.

Нашите хакатони се легендарни! Овие интензивни, тимски маратони за кодирање и дизајнирање покажуваат до каде се нашите студенти со знаење и ги мотивираат да го дадат најдоброто од себе.

Реални проекти за компании- целосно изградено порфолио за вработување

Да, не измислуваме проекти – реални се! Нашите студенти не чекаат до дипломирањето за извршат некакво влијание во областа што избрале да ја работат во иднина.

Во Brainster Next College, ќе работиш на вистински проекти за вистински компании во текот на студиитe. Ова практично искуство не само што го подобрува учењето на студентите, туку им помага да изградат портфолио што ќе ги прикаже нивните способности на идните работодавци.

Портфолијата на нашите студенти се полни со завршени проекти и продукти, го прикажуваат нивниот напредок, вештини и достигнувања со текот студиите. Добро изработеното портфолио може да биде одличен начин студентите да се издвојат од толпата кога аплицираат за работни места.

Пракса во компании – стекнување искуство во реалниот свет

Практикантството е составен дел од нашата наставна програма. Тоа им дава можност на студентите да го применат знаењето од училницата во реални услови. Овие искуства се клучни за разбирање на секојдневната реалност на ИТ- индустријата и за усовршување на практичните вештини. Компаниите имаат пристап до нашите таленти уште од првата година на студиите.


Запиши се на листата на чекање за последниот уписен рок! Учи на практичен факултет на кој ќе работиш на продукти за компании додека студираш и ќе одиш на летна пракса. 


Job Fair– образование за вработување

Покрај постојаната поддршка за вработување, заедно со нашиот основач Brainster организираме Job Fair на кој ги поврзуваме нашите студенти директно со потенцијалните работодавци. Овие настани се совршени можности за вмрежување, демонстрирање на вештините што ги стекнале кај нас и обезбедување на иднината на секој студент. Ние ја носиме индустријата во нашето образование.

Студирај сега, плаќај по вработување

Овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или на UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College и да ги поминат 3 годишните студии без да платат денар сè додека не дипломираат или не се вработат. И тоа со план за отплаќање на школарината до 36 бескаматни рати.

Нашата примарна цел е најспособните студенти, без разлика на нивните финансиски можности, да добијат прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината.

Единствен, практичен пристап кон ИТ-образованието за подготовка за реалниот свет

Brainster Next College е за оние што размислуваат различно, што сакаат да решаваат проблеми за кои другите сметаат дека се нерешливи. За оние што сакаат да водат, не да следат. За оние што сакаат да менуваат, не да прифаќаат. За оние кои сакаат да создаваат. Кои се љубопитни. Кои сакаат да кршат правила и да создаваат нови. За оние што сакаат (кои сонуваат) да го променат светот. За оние кои не се плашат да бидат exeptional. 

Ако сметаш дека си up for the challenge, сигурно ќе бидеш нашиот следен студент и дипломец кој ќе го менува светот!


Запиши се на листата на чекање за последниот уписен рок! Учи на практичен факултет на кој ќе работиш на продукти за компании додека студираш и ќе одиш на летна пракса. 


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Ги пополнивме првите групи.

      Иноватори, водачи,
      сонувачи - welcome!

      Регистрирај се и влези на листата на чекање за последниот уписен рок.

      Примаме само 125 студенти!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!