Search
Контакт

Студентите од Brainster Next College се подготвуваат за Brainster Job Fair

Brainster Job Fair, на 4 јуни ќе се одржи во Лабораториум и e настан од ексклузивен тип за студентите од Brainster и Brainster Next College.
mockup-braisnter-job-fair | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next
Share

Студентите од Brainster Next College кои се втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации, со помош на мокап-интервјуа со кои вежбаат комуникациски вештини ги подготвуваме за претстојниот ИТ-саем за вработување – Brainster Job Fair.

Настанот ќе се одржи на 4 јуни во Лабораториум и од ексклузивен тип за студентите од Brainster (Бреинстер) и од Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Таму, тие ќе имаат уникатна можност да се запознаат со над педесеттина локални и интернационални партнер-компании. Целта на саемот е студентите да се поврзат со компаниите и да остварат професионални релации за потенцијална пракса или вработување.

Уникатно практично образование што ги поврзува студентите со индустријата

Како прв практичен ИТ-факултет во Македонија, покрај многубројните придобивки од апликативното образование за своите студенти, една од примарните задачи на Brainster Next College е да ги поврзе студентите со индустријата. Од реални проекти за компании, градење на продукти за клиенти на хакатони за 48 часа, до летна пракса и поврзување со компании. По завршувањето на колеџот, тимот „Партнерства“ ја презема работата во свои раце, барајќи вработувања за студентите. 

„Преку современи образовни методологии со фокус на пракса, создаваме обучен талентиран кадар којшто полека почнува да навлегува во бизнис- културата во земјата и регионот“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.

Подготовки за најголемиот ИТ-саем за вработување

Конкретно, за Brainster Job Fair, тимот „Партнерства“ им дава поддршка и совети на студентите како да се претстават пред локалните и светските ИТ-компании. Им помага во изработување портфолија, CV, LinkedIn профили. Преку мокап-интервјуа подготвени од тимот, студентите се спремаат да остават прв впечаток и да ја надминaт тремата пред првите интервјуа.

„Мокап-интервјуто ми помогна да се опуштам и да ги вежбам своите комуникациски вештини. Ми помогна да се соочам со своите стравови и да ја надминам тремата“, ни изјави Марија Котеска студентка на колеџот.

Тоа што го прави Brainster Next College поразличен и поефективен од другите факултети во регионот е фокусот на практичното знаење. Професорите и менторите, преку работа на реални проекти и активности, ги учат и им укажуваат на студентите како се работи откако ќе завршат со образованието.


Ако сакаш да учиш практично и да бидеш дел од образовна средина што постојано иновира и соработува со компаниите, пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College.


По завршувањето на мокап-интервјуто, студентот Кире Јорданов ни раскажа кратко како си поминал.

„Имав многу пријатно искуство. Можност да го извежбам моето прво интервју и видов како сето тоа би се одвивало на саемот за вработување. Но, и самите активности и презентации за време на часовите нѐ подготвуваат за претставување пред компаниите и со тоа се намалува тремата“.

Тимот на Brainster Next College го разбира денешниот динамичен, дигитален бизнис свет одржувајќи постојано соработка со партнер-компаниите. Преку соработката и со следењето со потребите на пазарот ги обучува студентите како треба да изгледа едно интервју со компаниите.

Кршење на мразот во корпоративниот свет

Милена Станишковска од тимот „Партнерства“ е дел од тимот што им помагаше на студентите да се подготват за Саемот со помош на мокап-интервјуата.

„Премногу сум изненадена и задоволна од заинтересираноста на студентите. Тие ги поставуваат вистинските прашања и се чувствува дека се возбудени за претстојниот саем. Сериозно ја сфаќаат можноста којашто им е дадена за да се покажат пред компаниите и со тоа да остварат вистински бизнис-конекции“.

Ние веруваме дека е од огромно значење да се даде дополнителен напор за студентите да ја искористат шансата и успешно да се претстават пред своите потенцијални работодавци.


Ако сакаш да учиш практично и да бидеш дел од образовна средина што постојано иновира и соработува со компаниите, пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок на Brainster Next College.


„Супер е тоа што Brainster Next College ни обезбеди можност за пракса и да се подготвиме за нашите интервјуа со компаниите. Добив претстава како сето тоа ќе изгледа. Се чувствувам спремен да се претставам пред компаниите“, вели студентот Леонид Марковски кој учи Софтверско инженерство и иновации.

Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. 

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!