Сѐ за нашите студенти! Се одржа Brainster Job Fair, најголемиот ИТ-настан за вработување

Саемот за вработување е организиран како отскочна даска за кариерите на студентите од Brainster и Brainster Next College.
https://media.next.edu.mk/corp-brainster-job-fair/
Share

Над 200 студенти од Brainster и Brainster Next College имаа можност да се претстават пред педесеттина водечки компании од земјава и регионот, на најголемиот ИТ- саем за вработување – Brainster Job Fair, што вчера се одржа во Лабораториум.

„Добре дојдовте на Brainster Job Fair, првиот од многуте понатаму“.

Вака го започна говорот Јана Тодоровска, лидерка на тимот „Партнерства“ од Brainster и им посака успех на компаниите во потрагата по таленти, а на нашите студенти побрзо да дојдат до пракса и вработување.

Настанот е организиран како отскочна даска за кариерите на студентите од Brainster и Brainster Next College. Па така, 200 студенти добија ексклузивен пристап да ги покажат своите вештини пред водечките ИТ-компании од регионот.

На саемот, учество зазедоа педесеттина компании од различни сектори од индустријата: софтверски компании, маркетинг агенции, регрутерски компании, телекомуникациски и медиумски куќи, банки, супермаркети и компании во областа на велнес и здравје. Претставниците на партнер-компаниите на саемот запознаа талентирани и иновативни кандидати како идната водечка сила во ИТ-пазарот на регионот. Студентите, пак, можеа да научат директно од експертите и професионалците на саемот.

„Браво за настанот. Со ова покажавте зошто се издвојувате од останатите и дека ваш приоритет ви се студентите“, ни изјави Исидора Дамкоска, студентка во прва година на Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College.

Како сонот за ваков Job Fair стана јаве?

Тодоровска се потсети на нејзините први денови кога преминала во секторот „Партнерства“ и дека ваков Саем за вработување бил дел од нејзината визија за иднината. 

Таа истакна дека најгорда е што меѓу компаниите што денеска вработуваат студенти од Brainster има многу познати лица.

„Тоа се наши алумни студенти што веќе поминале некоја од нашите академии и навистина сум среќна што денеска токму тие вработуваат наши студенти. Еве сме. На едно место со 50 компании. Некој од нив ни беа меѓу првите склучени партнерства, некои од нив ги запознавме низ годините, некои од нив имаат веќе 30+ вработени студенти. А некои од нив денес ќе ги имаат и првите“, рече таа.

Студенти од втора година Софтверско инженерство и иновации

Честиташе на тимот што го организираше настанот, и се потсети како било на почетоците.

„Пред 3 години кога се вработив во Brainster – со колешката Анја која беше со мене во секторот мечтаевме за Job Fair. Ни беше North Star на најдобриот tech-настан кој го заслужуваат нашите студенти. Три години подоцна -2350 вработени студенти, 4 големи хакатони, зголемен тим на ултра посветени индивидуалци, првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next со веќе две студиски програми, проширување во Албанија и еден тон други успеси. Студенти, ви благодариме што верувате во нас како едукативна институција. Компании, ви благодариме што верувате во нашите таленти“.


Ако сакаш да студираш во образовна средина што нуди вакви можности за своите студенти, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College.


Какви совети добија студентите од компаниите?

Компаниите во текот на настанот обрнаа внимание на секој студент што им пристапи. Насмеани, расположени се трудеа да „соберат“ што повеќе портфолија и да им овозможат вработување или пракса на нашите студенти

Од тимот на HSO, софтверска компанија, изјавија дека настанот има убава енергија и дека бараат кадри кои се спремни за нови знаења, за прогрес и за следење на најновите трендови во развивањето на вештачката агенција. Велат дека праксата е идеална можност за студентите да проверат дали можат да се вклопат во некоја компанија. 

Совети за студентите

На Саемот, разговаравме со Љупка Валенс којашто има започнато како практиканка во DEPT. Според Валенс, праксата дава одлична можност како многу битен аспект во започнувањето на кариера. DEPT од студентите на саемот бараа да се информираат, да поставуваат прашања и да бараат совети.

Студентите од Brainster и од Brainster Next College во текот на целиот настан активно ги поминуваа сите штандови на компаниите. Дел од нив беа и на интервјуа за работа во просторот наменет за интервуирање на кандидатите. Секој си го искористи својот момент да блесне и да покаже какви вештини стекнал.

Матеа Николовска, 20 години, студентка на Brainster Next College, своето СV го остави во маркетинг агенцијата „Публицис“. Тие нудат работни позиции за графички дизајнери и менаџери за социјални медиуми. Според претставничката на агенцијата, „Публицис“ секогаш има потреба од нови млади таленти коишто работат графички дизајн. Матеа Николовска вели дека е задоволна од саемот и дека секој кандидат може да го најде тоа што го бара.

Студентите од Brainster Next College имаа можност и да се запознаат со компаниите, но и за технологиите што ги употребуваат во секојдневната работа.

Исидора Дамкоска ни раскажа дека со колегите од нејзината група, прво добро ги истражиле компаниите и потоа тргнале во потрага по повеќе информации.

„Има доста компании што бараат кадар за вработување. Ние оставивме свои податоци за пракса, и се поврзавме. Мене лично најмогу впечаток досега ми остави Pabau и себе си се гледам во иднина во една ваква компанија. Ваквите настани што ни ги организира факултетот заедно со Brainster се одлични за нас, одлични за вмрежување за понатамошни соработки. Она за што сум најсреќна е што повеќето ИТ-компании ни кажаа дека ги користат во секојдневната работа програмските јазици што ние ги изучуваме на факултет“, вели Исидора.


Ако сакаш да студираш во образовна средина што нуди вакви можности за своите студенти, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College.


Многу можности за вработување во компаниите што беа присутни на Саемот, имаше за сите студенти од Brainster академиите. Елена Мијов, која има 35 години и е студентка на UX/UI Академијата на Brainster, ни кажа дека сака да направи кариерна трансформација. Таа е задоволна од претставувањето на компаниите и од вниманието што го посветија на кандидатите.

Василика Калјџиска од Slice има совет за сите оние коишто сакаат да направат креативна трансформација: 

„Следете ги новите трендови во индустријата, постојано да се надрградувате и да ги развивате своите вештини. Исто така совет е да ги таргетирате LinkedIn профилите на компаниите за кои сте заинтересирани“.

Целта на овој Саем за вработување е премостување на академскиот и кариерниот свет на студентите. Претставниците на партнер-компаниите, на Саемот запознаа талентирани и иновативни кандидати како идната водечка сила во ИТ-пазарот на регионот. Студентите, пак, можеа да научат директно од експертите и професионалците на саемот. 

Во текот на настанот се одржа и панел дискусијата: “The ultimate career transition”, модерирана од Јана Тодоровска. Своите искуства, совети и знаења за кариерно реосмислување ги споделија Ивана Дојчиновска Станојковиќ, Илина Стојановски (LEAN), Филип Стојаноски (Native Teams).

Тие разменија дискусија на теми како што значи кариерна транзиција, каков ефект имаат овие периоди на младите, кои “talent трендови” се актуелни во  индустријата во моментов, кој е бенефитот на нетипичните начини на работа односно фриленсери и дигитални номади.

Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. 

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!