Додека неговите соученици можеби сѐ уште се мислат каде ќе се запишат на факултет, Дариан Василевски, матурант од скопската гимназија „Корчагин“ веќе си го обезбеди своето место на Brainster Next College.
Во нашата посебна заедница на студиската програма UX/UI и графички дизајн се придружува студент со двојна доза на креативност – страст за фудбалот и дизајнерски бизнис што го разгорува неговиот уметнички оган.
Неограничените можности на UX/UI и графичкиот дизајн
Дариан не се плаши од предизвици, на теренот или надвор од него. Привлечен од неограничените можности на UX/UI и графичкиот дизајн, тој го гледа Brainster Next College како совршен терен за усовршување на своите вештини. Тој е фасциниран од неограничените можности за изразување и иновација во областа што одбра да ја учи.
„Една од главните причини зошто ме привлекува оваа гранка е нејзината неограниченост. Под овој термин, мислам на неограничен избор и начин на размислување при создавање на одреден дизајн или концепт. Само вашите мисли се граница и тие вредат многу.“
Дизајнира за сопствениот бизнис
Без разлика дали станува збор за стратегии за следниот потег на фудбалскиот терен или дизајнирање на кул маичка, тој вели дека клучот е во нашата креативност за да се направи нешто иновативно и погодно за корисниците.
Овој стремеж за иновација совршено се отсликува и во неговата дизајнерска работа. Дариан веќе ги користи своите вештини, дизајнирајќи за сопствен бизнис.
„Редовно работам на photoshop и правам дизајни за маички како и постови за мојот сопствен бизнис. Корисно е, и се заштедува и на финансии како и на нервози и незадоволност од резултати кога друг прави нешто креативно за тебе“.

Младиот креативец не сака да си поставува ограничувања. Тој е тука за да го впие сето знаење што може и да стане најдобриот дизајнер што може да биде. Пристапува кон своето образование без специфични очекувања, фокусирајќи се на својот став и напор да биде најдобар.
„Немам очекувања, сè зависи од мојот начин на размислување и вложување на напор за да бидам најдобар.“
Додека сè уште е во процес на учење и усовршување во областа на UX/UI дизајн и графички дизајн, Дариан е внимателен со своите долгорочни цели. Тој нагласува дека ќе постави цели откако ќе се чувствува сигурен во своите способности.
„За иднината не се зборува веднаш, сè уште треба да научам да бидам најдобар во оваа област, а потоа да поставам цели.“
Кога треба да објасни што е UX/UI на некој што не знае ништо за тоа, Дариан користи неколку зборови:
„Би му кажал само неколку зборови кои имаат своја смисла: УМ, БЕЗ ГРАНИЦИ, ВАШ СВЕТ.“
Фудбалот – доживотна љубов и пасија
Технологијата нуди решенија кои ни се „пред носот“ за постигнување на нашите цели, смета нашиот студент. Тој верува дека технологијата може да има позитивно влијание врз нас, сè додека одржуваме баланс во нашите животи користејќи ја.
Го прашавме и кој е културниот тренд или некој феномен што го смета за многу интересен или можеби го загрижува. Ова е неговиот одговор:
„Убедливо, апликациите што од оригинална слика со помош на вештачка интелегенција ги прават во cartoon филтер“, вели Дариан.
Надвор од светот на дизајнот, Дариан својата страст ја наоѓа на фудбалскиот терен. Оваа доживотна љубов го држи приземјен и му обезбедува креативен излез.
„Фудбал, 365 дена од годината. Апсолутно неверојатна пасија за која што можеби и живеам“, вели тој.
Му посакуваме добредојде на Дариан во нашата енергична заедница и едвај чекаме да видиме каде ќе го однесе неговото креативно патување.