Напредокот на технологијата остава простор инженерите да се фокусираат на посложени задачи

Запознајте го нашиот нов студент Мартин. Неговата страст за технологија и колаборативен дух одлично ќе се вклопат во нашата иновативната средина за учење.
zapoznaj-gi-studentite-martin-naumcevski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Мартин Наумчевски, апсолвент од средното училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, не само што се радува на матурирањето – тој веќе гледа кон иднината во која образованието им дава вистинска моќ на студентите, а софтверското инженерство се справува со важни предизвици. Taa иднина за него е Brainster Next College и студиите по Софтверско инженерство и иновации.

Неговата страст за технологијата и колаборативен дух одлично ќе се вклопат во иновативната средина за учење што ја практикува првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас!

Мартин кој живее во Ресен има интересна визија за иднината, запознајте го!

Мартин, во какви сеќавања ќе ти останат средношколските денови?

– Во убаво сеќавање ќе ми останат деновите поминати со другарите и професорите кои ги чувствувам како да сме се запознале од многу поодамна. Сме имале заеднички ситуации решливи и нерешливи, но секогаш сме наоѓале начин да ги пребродиме на наш начин.


Brainster Next College е првиот практичен ИТ-факултет кај нас што ги опремува студентите со применливо знаење базирано на пракса и практична настава. Пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок!


Како ја замислуваш иднината на едукацијата, кои промени сакаш да ги видиш во нашиот традиционален едукативен систем?

– Потребна е промена во начинот на самата едукација која треба да се заснова на користење на технологијата, учениците да бидат дел од систем во кој ќе имаат шанса да создаваат нешто, да иновираат. И секако да имаат пристап до компании и практична настава.

Како досега навигираше или балансираш помеѓу следење на твојот сон и твоите интереси и пасии кога станува збор за идната кариера и очекувањата на најблиските околу тебе?

– Едноставно  посакував мојот сон да стане реалност да успеам во тоа што ми е пасија, а воедно желба на моите родители, да ме гледаат како успешен човек во иднина, со изборот на мојата идна цел во учењето и мојот напредок.

Што беше пресудно да избереш да студираш софтверско инженерство и иновации?

– Едноставно, желбата која ме влечеше уште од помали години поврзана со сѐ што се случува во ИТ-светот и технологијата. Моја цел е нерешливите проблеми, да успеам да ги направам решливи.

Зошто го одбра Brainster Next College за местото на кое ќе продолжиш со совоето образование?

– Квалитетот на програмите, наставата што го нуди Brainster Next College ме привлече да се најдам во оваа средина.  


Brainster Next College е првиот практичен ИТ-факултет кај нас што ги опремува студентите со применливо знаење базирано на пракса и практична настава. Пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок!


Brainster Next College негува успешна средина за соработка. Како се гледаш себеси во ова поле, како ќе придонесеш можеби кон ова за време на твоите студии?

– Ќе се залагам комплетно тоа што го поседувам како вештина да го споделам и со моите колеги и да научам многу повеќе, за во иднина, несебично да споделувам информации со нив.

Како остануваш информиран за актуелните настани и глобалните прашања?

– Со помош на социјалните мрежи и комуникација со сите околу мене преку разговори, дебатирање и делење мислења со секој од нив.


Дали мислиш дека социјалните медиуми играат позитивна или негативна улога во обликувањето на светогледот на денешните генерации?

– Во најмала рака се негативни со тоа што се преплавени и со лажни вести, но можат да бидат и многу позитивни. Се споделуваат и многу битни информации од светот на науката и воедно глобалниот свет. 

Кои се твоите првични размислувања за влијанието на вештачката интелигенција врз софтверското инженерство?

– AI може да автоматизира многу рутински и повторливи задачи во животниот циклус на развој на софтвер. Ова вклучува генерирање на код, тестирање, дебагирање, па дури и некои аспекти на дизајнот. Многу алатки кои предлагаат делови од кодот, или автоматизирани рамки за тестирање кои се прилагодуваат врз основа на AI анализа, можат да ја зголемат продуктивноста и да им овозможат на инженерите да се фокусираат на посложени и креативни задачи.

Дали сметаш дека софтверското инженерство може да одговори на глобалните предизвици и да влијае на позитивни општествени промени? 

– Секако дека може да влијае на сите позитивни промени и предизвици од глобалниот свет со успешност и залагање на младите инженери.

Каков ангажман обично ти помага да се опуштиш, или едноставно ти помага да можеш успешно да функционираш со секојдневните обврски?

– Комуникацијата со другарите и посветеноста кон спортот едноставно ми помагаат да се релаксирам, и да успеам да ги реализирам секојдневните обврски како главна цел.  


Brainster Next College е првиот практичен ИТ-факултет кај нас што ги опремува студентите со применливо знаење базирано на пракса и практична настава. Пријави се на листата на чекање за последниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!