Бесплатен ресурс за матурантите што ќе полагаат математика на државната матура подготви првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Онлајн курсот „Математика за матура“ е поставен на нашиот „Јутјуб“ канал и е директна поддршка за сите матуранти на кои им е потребна помош за добро да се подготват за претстојното полагање на овој предмет на државната матура.
Курсот содржи 92 видеа, односно 7 и пол часа снимен материјал поделен во пет области со кои матурантите ќе може да ги извежбаат типот на задачите што во изминатите години биле дел од тестовите на матурата.
Квалитетно образование достапно за сите
Александар Клашниновски, генерален менаџер на Brainster Next College вели дека целта на овој курс е како образовна институција да вратиме назад на еден од најбитните сегменти на општеството. Тоа се средношколците и нивните професори, со цел да можат што подобро да се подготват не само за матурата туку и за нивното идно академско патување во делот на СТЕМ науките.
90 задачи од 5 области – дополнителна помош за матурантите
Петар Јолаковски, предавач на Brainster Next College и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ, во секое од видеата практично покажува како треба да се решаваат задачите што се дел од тестирањето по овој предмет. Јолакоски потенцира дека овој курс не претставува замена за целосно и детално спремање на учениците, но дека може многу да им помогне. Опфатени се типовите на задачи што се паѓаат на матурата кои може да им послужат како вреден ресурс.
„Курсот ќе им помогне на учениците при решавање на конкретен вид задачи од тестовите од државна матура по предметот математика. Опфатени се повеќе од 90 задачи од пет области: Математичка логика и множества, Реални и комплексни броеви, Алгебра, Геометрија и Тригонометрија. Тој е наменет за комплементирање на учењето на сите оние кои веќе се спремаат за државна матура и треба да го користат како дополнителна помош во процесот на учење“, вели Јолакоски.