Во овој блог пост ќе можеш да се запознаеш со Моника Божиноска, дел од наставниот кадар на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Моника го предава предметот Тестирање на софтвер на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College.
Во продолжение, дознај повеќе за Моника Божиноска и како изгледа еден ден во животот на Software Tester
Зошто стана Software Tester? Што те привлече кај оваа професија?
По завршување на електро факултет, професијата Software Testing стана доста популарна. Кога започнав да барам работа ги препознав своите предиспозиции и квалитети дека ќе се вклопат со вештините и карактеристиките за оваа професија, а тоа се аналитичко размислување, внимание на детали, темелност, критичко око, и песимизам кога станува збор за човечки фактор. Иако беше нешто ново за мене со кое не бев запознаена во текот на студиите, се впуштив во спознавање на оваа млада професија во областа на софтверското инженерство и воопшто не згрешив.
Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?
Во секојдневното работење користам безброј многу алатки, во согласност со клиентот, проектот и типот на тестирање кое треба да се изведе. За мануелно тестирање користам различни алатки за следење на прогресот на проектот како JIRA, XRay, Confluence. За автоматско тестирање користам Selenium WebDriver со NUnit Testing Framework, GitLab, за API тестирање користам Postman. Додека пак, за перформанс тестирање користам Jmeter.
Колку е важна соработката на Software Tester-от со другите тимови?
Мостот за комуникација помеѓу тимот што го развива продуктот и клиентот е токму софтвер тестерот. Оттука доаѓаме до одговорот дека соработката на софтвер тестерот со сите засегнати страни е круцијална. Покрај добрите технички вештини што треба да ги поседува еден софтвер тестер, потребно е да ги совлада и меките, како што се добри вербални и пишани комуникациски вештини.
Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на Software Tester?
Би рекла дека еден ден во животот на еден Software Tester изгледа вообичаено како и за многу други професии, но можеби мојот ден и не е толку и еве зошто. Mојот ден започнува многу рано, уште во 6 часот наутро. Уживам во моите утра, го започнувам денот со шолја кафе и правец теретана, велат во здраво тело здрав ум. Потоа следат моите дневни состаноци со тимовите и клиентите, добро е да се биде синхронизиран. Откако ќе завршат состаноците, завршувам вистинска работа за нашите клиенти. Попладне мојот ден продолжува со предавањa на Академијата за Software Testing на Brainster, а потоа и на Brainster Next College. “I am not in the club from 9 to 5”.
Како остануваш во тек со најновите технологии и алатки за Software Tester?
Постојано сум во комуникација со моите колеги кои се експерти во областа, читам статии, слушам поткасти од областа на софтверското инженерство и кога сум во можност посетувам конференции. Морам да признаам дека во последно време многу повеќе читам и истражувам за вештачката интелигенција и го анализирам ChatGPT.
Како се справуваш со предизвиците и препреките кои ти се појавуваат за време на твоето работење?
Со предизвиците и препреките се справувам доста успешно, поради тоа што и по природа сум личност што бара постојано нови предизвици и адреналин. Можеби на почеток пристапувам со доза песимизам, но според мене е здраво да постои кај секој разумен човек. Во изминатите 10 години кариера, можам да пребројам во денови кога сум била во комфор зона, што го сметам за среќна околност, бидејќи имам такви кариерни можности да учам постојано нови работи, да соработувам со професионалци од целиот свет, но секако тука спаѓаат и моите колеги, студенти и блиските луѓе кои ми даваат секојдневно поддршка.
Која е тајната за да се стане успешен Software Tester?
Не би рекла дека е тајна, за секој успешен човек како и за успешен Software Tester еден е патот којшто треба да се трасира, а тоа е работа, работа и само работа, секако и дисциплина и конзистентност.
И за крај, твојот совет за сите идни Software Tester-и?
Да истражуваат постојано, да ги следат најновите трендови во индустријата бидејќи полето на Software Testing континуирано се развива со нови алатки, методологии и практики кои секојдневно се појавуваат. Да учествуваат во онлајн заедници, да посетуваат конференции, да следат релевантни блогови, бидејќи не е сè веродостојно што е достапно во интернет светот.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!