Каква професија е UX/UI дизајнот?
Креативна професија со многу кариерни можности
UX/UI дизајнот се вборјува во листата на најбараните професии на денешницата. Тоа е професија која ќе ти отвори широк спектар на начини како да ги изразиш своите вештини и креативност, а ќе ти овозможи и многу кариерни можности и работни позиции. UX/UI дизајнерите можат да работат во голем број на различни индустрии, па затоа верувај дека никогаш нема да ти биде здодевно. Тоа е професија којашто е исполнета со многу кариерни можности и потребниот кадар за оваа професија секојдневно расте. Воедно, UX/UI дизајнот е и една од најплатените професии на денешницата.
Професија со која ги решаваш проблемите кои го подобруваат животот на корисниците
Главната задача на секој UX/UI дизајнер е да ги решава проблемите на корисниците со што ќе им овозможи пријатно искуство на веб-страницата и апликацијата, а со тоа и можност за подобри продажни резултати на компанијата. Поголемиот фокус кон UX/UI дизајнот води до многу подлабоко разбирање на потребите и желбите на корисниците, а со тоа компаниите се во многу подобра позиција да создаваат производи што одговараат на нивните потреби.
Фокус кон искуството на корисниците
Водени од новото правило во продажбата – „Продавајте искуства, а не производи“, компаниите се насочуваат кон создадање на искуства надвор од нивните производи. Тие сè повеќе и повеќе почнуваат да ја разбираат важноста на искуството на корисниците и се фокусираат на креирање на дигитално искуство што ќе резонира со нив. Епа, за таа задача се задолжени токму UX/UI дизајнерите, што ги прави исклучително значајни на пазарот на труд.
Уште не си доволно убеден? Еве неколку конечни статистики за тоа зошто компаниите предводени од UX/UI можат да се издвојат од конкуренцијата, да генерираат повеќе среќни клиенти и да успеат да ги претворат таквите среќни клиенти во повторливи клиенти:
- Пресудите за кредибилитетот на веб-страницата се 75% врз основа на целокупната естетика на страницата;
- 88% од онлајн потрошувачите имаат помала веројатност да се вратат на страницата по лошо искуство;
- Првиот впечаток е 94% поврзан со дизајнот.
Брзиот раст на дигиталниот свет создаде голема побарувачка за UX дизајнери, кои се способни да ги користат своите вештини за да го подобрат начинот на кој луѓето комуницираат со технологијата. UX/UI дизајн индустријата моментално вреди 180 милијарди долари и се очекува да порасне на 250 милијарди долари до 2024 година.
Зошто да студираш UX/UI дизајн?
Дизајнерско размислување и решавање на проблеми
UX/UI дизајнот е свера во којашто можеш да научиш како да користиш дизајнерски пристап насочен кон корисникот и со тоа да ги идентификуваш и решаваш проблеми, како и да да генерираш идеи и прототип решенија. Овие вештини ќе можеш да ги искористиш и во секојдневниот живот, секојпат кога ќе се соочиш со проблем кој треба да биде решен.
Флексибилност
UX/UI дизајнерите имаат можност да работат на возбудливи и иновативни проекти. Дизајнерите можат да работат на проекти како што се интерфејси за виртуелна реалност, мобилни апликации и гласовно активирани интерфејси, кои бараат длабоко разбирање на потребите и однесувањата на корисниците. Со тоа, UX/UI дизајн вештините може да се применат во широк спектар на индустрии и производи, од мобилни апликации и веб-страници до физички производи. Ова им обезбедува на дизајнерите многу флексибилност во однос на можностите за работа и кариерата.
Глобална поврзаност и соработка со други експерти
UX/UI дизајнот често вклучува соработка со други професионалци, како што се програмери, маркетери и менаџери на производи. Ова обезбедува можности за дизајнерите да работат во тимско опкружување и да учат од другите. Добрите IU/UX дизајнери креираат дела кои може да има глобален досег, бидејќи до него можат да пристапат корисници од целиот свет. Ова им дава можности на дизајнерите да работат на проекти кои имаат глобално влијание и со тоа да го градат своето портфолио на светско ниво.
Личен развој
UX/UI дизајнот може да биде забавен и наградувачки креативен процес, дозволувајќи им на дизајнерите да ја користат својата креативност и вештини за решавање проблеми за да создадат убави и функционални интерфејси. Целиот овој процес може да ти помогне да го поттикнеш личниот раст и развој.
Технички вештини
Иако доколку знаеш одредени програмиски јазици се смета за голема предност кај UX/UI дизајнерите, тие не се клучни во оваа професија. Студирањето UX/UI ќе ти овозможи да научиш како да користиш софтвер со индустриски стандард, како што се Adobe Creative Suite, Sketch и Figma, со кои ќе креираш висококвалитетни дизајни.
Како да станеш успешен UX/UI дизајнер за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето?
Сигурно веќе знаеш дека живееме во време на дигитализација и дека вештините на денешницата не соодвествуваат на работните позиции на иднината. Со цел да ги изедначиме овие две нешта, го создадовме Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – за воедно им помогнеме на сегашните матуранти и идните студенти да ја донесат правилната одлука за нивниот следен чекор.
Лани го креиравме проектот „Join Generation Next – Студирај сега, плаќај по вработување!“, а овој финансиски модел претставува прв и единствен од ваков тип во нашата држава, а можеби пак и пошироко во регионот.
За реализацијата на овој проект е направена инвестиција од 2.5 милиони евра, а главниот мотив зад оваа инвестиција на Brainster Next College и отпочнувањето на овој проект е да ја оттргне примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – финансиите. Овој фактор при изборот на институцијата и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетни и напредни програми. Преку уникатниот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“, Brainster Next College ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем.
„Станува збор за директно вложени сопствени средства обезбедени од страна на Brainster (Бреинстер) – основачот на Brainster Next College, со цел да се покријат оперативните трошоци и да се обезбеди ликвидност на институцијата, којашто инаку би ја обезбедиле школарините на студентите. Со тоа, ние се откажуваме од приходите во текот на траењето на студиите, со цел истите да бидат исплатени на рати, но безкаматно, со 0 денари дополнителни трошоци, дури по вработувањето или дипломирањето на нашите студенти“, вели Александар Клашниновски – генерален менаџер на Brainster Next College.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!