Сето она што те нервираше, те правеше пасивен и незадоволен во традиционалното основно и средно образование, како многу теорија, тестови, учење напамет, немање практична настава… за Brainster Next College e историја!
Тука, образованието не е само чекирање полиња и пасивна апсорпција на информации. Нашата методологија на учење базирана на пракса, буквално разгорува оган кај студентите, мотивира, ги турка до границите на невозможното, ги буди и најзаспаните!
Замисли високо образование во кое нема само да седиш над книга и да „бубаш“, замисли дека ќе бидеш дел од заедница на колеги иноватори со кои после часовите ќе размислувате за вашата следна голема животна цел. Да учиш од експерти од индустријата кои не се само професори, туку и вработени во tech-идустријата кои она што ти го предаваат им е секојдневие. Помисли дека може да полагаш испит во компанија, да одиш на пракса кај нив додека студираш.
Замисли да студираш за 0 денари, а да плаќаш откако ќе се вработиш…
Всушност, не мора да замислуваш, ова веќе постои, на првиот практичен ИТ-факултет, Brainster Next College!
Зошто треба да аплицираш на Brainster Next College?
Твоето неконвенционално размислување е твојата суперсила, горивото што ги поттикнува иновациите и ја создава иднината. Одбери факултет што нема да ги „скрши“ твоите соништа. Ова се топ 5 причини зошто да нѐ одбереш нас:
1. Практичен факултет
Ние сме првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, и единствениот што функционира како германските, швајцарските и австриските fachhochschules или холандските universities of applied sciences. Односно, ние сме единствениот факултет што нуди дуално образование во високото образование во делот на ИТ.
Што значи ова за студентите, објаснува генералниот менаџер на факултетот Александар Клашниновски:
2. Соработка со компании уште во прв семестар, платена пракса во ИТ-компании секое лето
Нашите студенти уште во првиот семестар ги поврзуваме со компаниите. Со нашиот основач Brainster, веќе осум години градиме партнерство со над 150 ИТ-компании од земјава и странство.
Оваа практична образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија е интензивна и динамична и гради средина во која студентите се предизвикани да го дадат најдоброто од себе. Всушност, секој пролетен семестар, еден од предметите претставува работа на реален проект, спонзориран и менториран од партнерска компанија од ИТ-индустријата. Целта на овој реален проект е сумирање и практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теориското полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина, во каква што ќе се најдат студентите по нивното дипломирање и вработување.
Предметот се вика Имплементација на решение, а нашите студенти лани покажаа дека веќе во првата година се спремни да креираат функционални апликации, како на пример платформата BitBite. Оваа апликација со која угостителските објекти сами може да си направат QR код мени и да се дигитализират, веќе се употребува во неколку скопски ресторани и кафулиња.
Погледни го видео-интервјyто на нашиот студент Давид Петковски дадено за медиум, во кое го пренесува своето искуство.
Годинава пак, студентите работат на 3 предизвикувачки проекти: ребрендирање на фестивалот Таксират, апликација за Синеплекс и креирање на агрегатор за културни настани што ќе го користат повеќе институции што организираат културно-уметнички настани. Ги чекаме нивните креативни решенија со кои сме сигурни дека ќе ги импресионираат клиентите.
Нашите студенти кои исполнуваат одредени услови летото исто така го поминуваат на летна пракса во компании
Кире Јорданов, Стефан Петров, Давид Петковски, Атанасија Ѓоргиевски, Дамјан Петрушевски, Мартин Цветкоски, Мартина Соколеска, Лео Новкоски, Стефан Хаџи-Ефтимов и Владимир Гелов се студентите што лани поминаа летна пракса во Brainster, Trimark, TontineTrust и Tabletmenukaart.
Алекс Долстра, основач на компанијата Tabletmenukaart кој на пракса „угости” двајца наши студенти вели дека праксата за време на студиите е од суштинско значење, затоа што овозможува студентите да ги применат теоретските знаења во реални работни ситуации.
Долстра потенцира дека му било привилегија да работи со нашите студенти кои покажале извонредни способности. Во поглед на техничките вештини, тие биле извонредно подготвени и способни да се справат со предизвиците, секогаш покажувајќи подготвеност да учат и сами, но и да соработуваат со поискусните колеги.
3. UP to date програма
Покрај тоа што нашите студиски програми се креирани во соработка со индустријата земајќи ги во предвид и новите технологии при креирањето на курикулумите, не запираме тука.
Ние сме единствен факултет во државава кој во својот курикулум има предмети што ги предаваат експерти од ИТ-компаниите и чиј силабус е дизајниран врз основа на технологиите и методологијата која овие професионалци ја користат во нивната секојдневна работа.
На овој начин, нашите студенти како дел од редовната програма на студиите се изложени пред компаниите и ги обучуваат нивните идни работодавци кои ги тестираат и ги вработуваат студентите кои покажале најдобри резултати по овој предмет. Нашите студенти овој семестар учеа директно од тимот на Culturetec, основан од глобалната ИТ-компанија Intertec која вработува 120+ македонски професионалци во нивната канцеларија во Скопје. Во нивните канцеларии и го полагаа испитот.
Тамара Димитрова, лидер на тимот на Culturetec која работеше како ментор на нашите студенти објаснува дека студентите од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и иновации практично го поминале целиот процес на продуктно инженерство.
4. Професори – најдоброто од академскиот и tech-светот
Во областа на образованието, спојот на академската моќ и искуството од реалниот свет создава уникатно искуство за секој студент што не може да се научи од ниту еден учебник или книга. Предавачите на Brainster Next College, предавањата ги збогатуваат своето оргомно искуство, практични примери од секојдневната работа, организирање интересни проекти и задачи кои ги предизвикуваат нашите студенти. Всушност, станува збор за практично учење кое повеќе личи на подготовка за идната професија отколку на меморирање на факти.
Нашите full-time професори се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата. Покрај нашите професори, дел од предметите ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија. Тие се вработени во нашите партнерски ИТ-компании и држат предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза со цел да ги доближат тие предмети до студентите. Годинава, дури 7 експерти од Culturеtec, седнавме во нашите клупи кои несебично го споделија знаењето со нашите студенети.
Имаме и гостински предавачи од странски високообразовни институции, но и од светски компании, основачи, кои на Brainster Next Talks настаните ги инспирираат нашите студенти со своите неверојатни кариерни патувања. Нина Геометриева од Apple, Филип Арсов од Synapse Аviation се само дел од нив.
Еден од нашите најпочитувани професори, кои студентите не забораваат да го спомнат кога се зборува за поддршка, професионализам и менторство е Ивица Пешовски. Каков професор се труди да биде тој?
5. Грижа за студентите и можности за вработување
Една од придобивките коишто ги добиваат студентите на Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, е токму индивидуалното внимание што им се посветува од страна на целосен тим посветен само за нивното студентско искуство.
Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“ како кај останатите факултети, Brainster Next College има Student Success тим чијашто цел е да ги следи и да им помага на студентите за време на целото нивно академско патување.
Една од главните цели на Student Success тимот е и кариерното насочување на студентите кое го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на факултетот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ-кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.
Brainster Next College е практичен факултет благодарение на ункатниот образовен концепт кој се темели на партнерства со компаниите за кои е задолжен Partnerships тимот. Реални проекти, пракса, организирање на хакатони и вработувањето на нашите студенти е нивна грижа.
Ако се пронајде во топ 5-те причини зошто да аплицираш Brainster Next College, реши го приемниот тест за овој уписен рок. Во првиот, ги пополнивме група 1 и група 2! Можеш и да добиеш можност за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.