Search
Контакт

Неколку лекции за бруцошите! Kако се гради систем за меѓусебна студентска поддршка

На Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет, патувањето до академскиот успех е заедничко искуство исполнето со предизвици, раст и вредни лекции.
soveti-za-brusoshi | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next
Share

Првите чекори во просториите на факултетот, за новите студенти може да изгледаат како да ги носат во друг свет. Нови лица, колеги и професори, непознат простор, лавина од информации – доволно е и најподготвениот студент да се почувствува малку изгубено. Но, на Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет, студентите не се сами, патувањето до академскиот успех е заедничко искуство исполнето со предизвици, раст и вредни лекции. 

За да им помогнеме подобро на бруцошите кои во октомври ќе започнат да се движат кон оваа возбудлива, а понекогаш и огромна транзиција, собравме малку мудрост од искусните студенти кои не само што успешно ја „преживеаја“ својата втора година, туку и напредуваа. Тие излегоа како победници, вооружени со непроценливо знаење и желни да ги споделат своите тајни со генерацијата што допрва доаѓа.

Ќе навлеземе во стратегиите што им помогнаа на нашите херои од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и инoвации не само да ги положат своите испити, туку вистински да го сфатат материјалот. Ќе ја истражиме уметноста на градење силни врски со професорите и конечно, ќе ја откриеме моќта на студентската заедница, мрежа на врсници кои ќе станат твој систем за поддршка, твои студентски пријатели, а можеби дури и твои доживотни пријатели.


Ако сакаш твоето академско патување да го градиш во средина што поттикнува доверба и успех, аплицирај за последниот уписен рок.


Во овој блог пост разговаравме со неколку студенти од втора година од Софтверско инженерство и иновации кои ги споделија своите сознанија за ефективно учење, градење силни врски со професорите и негување значајни врски со колегите студенти. Нивните совети се доказ за поддржувачката и динамична средина за учење на Brainster Next College.

Ѓорѓе Стојменов

Вредни лекции за совладување на материјалот

Кире Јорданов, како и речиси сите студенти што ги прашавме веднаш ја нагласува важноста на доследноста во студирањето. Според него, наједноставно се совладува предметот со континуирано учење. 

„Избегнувајте да дозволите да се акумулира материјалот. За дополнителни информации и објаснувања, интернетот е одличен ресурс, но не заборавајте дека професорите се секогаш достапни и подготвени да помогнат“, советува тој. Стратегијата на Јорданов го истакнува значењето на проактивното учење и барањето поддршка кога е потребно.

Марија Котеска дели слично чувство.

„Редовното и континуирано учење го прави материјалот полесен за разбирање и ми помага подлабоко да ги сфатам концептите. Кога ќе наидам на потешкотии, се обраќам до ChatGPT за чекор-по-чекор објаснувања или за да поедноставам сложени теми. Дополнително, користејќи ги материјалите што професорите ги поставуваат на платформа, какои онлајн-библиотеката на Brainster Next беше неверојатно корисна“, објаснува таа.

Мартина Соколеска

Давид Петковски, пак, верува во персонализирани методи на учење. 

„Не постои единствен пристап во ефективното учење. Важно е да ја пронајдете техниката што најмногу ви одговара. Експериментирајте со различни методи и откријте што работи за вас“, препорачува тој. 

Неговата колешка Мартина Соколеска ја нагласува важноста на практичното учење.

„Напишете код и обидете се самостојно да ги решавате проблемите пред да побарате помош. Користете ресурси како W3Schools, Cysecor, ChatGPT, Stack Overflow и YouTube. Само со гуглање, можете да откриете нови и ефективни платформи за учење“, предлага таа. Акцентот на Соколеска на практичното искуство и самодовербата е од клучно значење за совладување на техничките вештини.

Сергеј Бојковски исто така се залага за користење на онлајн-ресурси. „Алатките како Stack Overflow, W3Schools и разни алатки за вештачка интелигенција можат да го зајакнат она што сте го научиле и да дадат идеи за решавање на задачите“, забележува тој. 

Дамјан Петрушевски

Дамјан Петрушевски, пак вели дека често се обраќа на YouTube, StackOverflow, официјална документација, ChatGPT и други алатки за вештачка интелигенција за дополнително учење. 

„Постои нешто што се вика forgetting-curve. Лично имав проблеми со ова и кога почнав да го менаџирам полесно ми стана решавањето на предизвиците“.

Ѓорѓе Стојменов советува баланс помеѓу учење и одмор. За него постојаното учење и вежбите биле од суштинско значење, особено за време на викендите кога имал повеќе време. 

„Сепак, правењето паузи за ресетирање и враќање на фокусот е подеднакво важно. Често користам Stack Overflow и ChatGPT за помош“, објаснува тој. 

Градење на силни односи со менторите и професорите

Сите студенти истакнуваат дека потребна е отворена комуникација со сите професори, прашување за сѐ што е нејасно и опуштен однос со нив.

Кире верува во отворена комуникација со професорите. 

„Повеќето професори се отворени за промени и критики. Тие се секогаш достапни да помогнат и да дадат дополнителни објаснувања. Одржувањето професионален, но пристапен однос со нив е од клучно значење“, советува тој.


Ако сакаш твоето академско патување да го градиш во средина што поттикнува доверба и успех, аплицирај за последниот уписен рок.


Марија Котеска

Марија ги поттикнува идните студенти активно да бараат помош. „Професорите се таму за да обезбедат индивидуален пристап и да објаснат сè што ви треба. Секогаш поставувајте прашања и барајте појаснување за да го олесните учењето дома“, предлага таа.

Дамјан и Ѓорѓе велат дека сите професори се трпеливи и ги советуваат идните студенти да ја искористат стручноста на професорите. 

„Професорите се примарен извор на информации. Тие нè охрабруваат да побараме помош со какви било предизвици во учењето“, вели Дамјан

Поддршката од колегите студенти е најважна

Од работа на заеднички проекти, помош кога ќе се „заглави“, до соработка за бизнис-идеи. Нашите студенти постојано наоѓаат начини како да си помогнат меѓусебно и особено значење му даваат на peer-to-peer пристапот на учење. 

Кире и Марија најмногу веруваат во меѓусебната поддршка меѓу студентите.

„Совет за односот спрема другите колеги е да помагате кога и да можете на сите кои им треба помош, а исто така и да барате од нив кога и да ви е потребно вас. Учете заедно кога и да имате прилика, решавајте проблеми. Мислам дека во текот на прва година лично, многу од работите кои што ги научив беа додека учев заедно со колегите. Разменувавме мислења и ги решававме заедно проблемите и домашните кои ни беа зададени, вели Марија.

Давид Петковски

Давид исто така ја нагласува важноста од создавање на поддржувачка средина. „Уште еден совет е peer-to-peer учењето. Факт е дека не работи за секого, но лично за мене е еден од најдобрите начини на учење што верувам дека вреди секој да го проба барем еднаш, предлага тој.

Дамјан, пак силно верува во учењето од врсниците.
„Побарајте совет од оние што се одлични. Доколку има некој што подобро се снаоѓа, барајте совети од нив. Најчесто гледам да се најдам меѓу луѓе што се подобри од мене, од такви луѓе најмногу се учи. 

Ѓорѓе ја нагласува важноста на пријателството. „Запознајте ги вашите врсници, бидејќи тие можат да станат вредни пријатели и да си помагаат во задачите. Урамнотежете ја забавата и учењето“, предлага тој.

Искуствата споделени од овие студенти од втора година го одразуваат духот на соработка и поддршка што го негуваме на Brainster Next College. Ова се студенти што веруваат дека со многу работа, иновации и вложување во себе може да го променат светот! Ова е NEXТ генерацијата што не се плаши да биде посебна.
Ако сакаш твоето академско патување да го градиш во средина што поттикнува доверба и успех, аплицирај за последниот уписен рок, ја пополнуваме последната група за Софтверско инженерство и иновации.

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!