Како изгледа факултет каде теоријата не завршува на предавање, туку продолжува во реални компании?
Како изгледа предмет кој не го предава професор, туку програмер, дизајнер или продукт менаџер коj во моментот на предавање работи во некоја од најиновативните компании?
И како изгледа образование во кое студентите уште за време на студии добиваат работно искуство на реален проект?
Ова не е нешто што треба да си го замислите, затоа што веќе постои.
И тоа кај нас во Македонија.
Студентите на софтверско инжeнерство и иновации на Brainster Next имаат можност да изберат еден од најреволуционерните концепти во високото образование кај нас – предмет од индустрија.
Што e предмет од индустрија?

Предмет од индустрија е изборен предмет, со ЕКТС кредити, обврски и формално оценување но разликата е тоа што наместо да го предава професор, предметот го дизајнира и се реализира во соработка со партнерска компанија.
Во текот на предметот, студентите работат на реален проект, зададен од компанијата, со користење на истите технологии, алатки и процеси што таа ги користи секој ден во своето работење.
Наставата ја реализираат вработени од компанијата: програмери, дизајнери, маркетери или продукт менаџери, кои го пренесуваат своето секојдневно искуство директно во училницата.
Токму нивната улога е она што го прави предметот исклучителен: студентите добиваат менторство и фидбек како реално да се на работа, го учат јазикот на индустријата, ги разбираат процесите и ги развиваат работните навики што ќе им бидат неопходни по дипломирањето.
Дополнителната вредност за студентите е тоа што ваквиот модел на учење им го отвора патот до компанијата уште додека студираат. Најдобрите студенти многу често добиваат понуда за пракса, а неретко и за вработување. Со тоа, Предмет од индустрија не е само дел од програмата, туку реален мост кон нивната иднина во професијата. До сега предметот се реализираше во сорботка со компаниите Intertec и Johnson Mattey, а годинава во соработка со SUI Blockchain.

Овој семестар студентите ќе слушаат предавање од инженерот и продукт дизајнер од Македонија, кој стои зад проекти на Balmain, Adidas, Smiley, Хејли Бибер, Кајл Кузма, Ник Јонг, Тајсон Фјури.
Студентите на Софтверско инженерство и иновации ќе учат од прва рака од Франка Граждани, која годинава ќе го предава предметот: „Into the Web3 with SUI Blockchain“.
Франка ја основа првата официјално признаена blockchain организација кај нас – Ethereum Macedonia, а денес е COO на 223, иновацискиот сектор на J-CORP, каде создава паметни производи со NFT технологија.

Светско знаење. Македонски талент. Таа е реална инспирација за новата генерација инженери и иноватори на Некст, па ја прашавме:
Зошто мисли дека е важно студентите уште за време на студии да слушаат предмети предавани од луѓе активни во индустријата?
Сметам дека е многу добро да учат теорија и да вежбаат вештини бидејќи секако тие вештини ќе ги применуваат, но перспективата што ја слушаат од искуства од индустрија може да им даде инспирација да творат нешто ново, или да им даде храброст да пробаат нови предизвици или да го направат чекорот од којшто се плашеле.
Што им носи на студентите на Next, твоето искуство од работа со светски брендови како Balmain, Adidas, Smiley, Hailey Bieber?
Мислам дека може да им даде мотивација дека постојат многу можности за нив на интернационалниот пазар на трудот, да работат на глобално ниво, да решаваат светски проблеми, од Македонија.

Колку е важно да им се пренесе практичното знаење и искуство на студентите?
-Да можев да го вратам времето како студент, би сакала некој да ми кажеше дека фактот што си во Македонија не значи дека треба да се ограничуваш со границите на Македонија. Живееме во дигитална ера која, за среќа, целосно ги избриша тие граници. Зборуваме англиски, имаме знаење и имаме пристап до светот.
Барем тогаш да ми кажеше некој дека сè е можно; дека од Скопје можеш да постигнеш сè онлајн.
Покрај знаењето што треба да го имаат за Web3 и blockchain, јас со моето искуство сакам да им покажам и да ги научам дека можат да постигнат сè што ќе посакаат. Дека можат да живеат каде било, а да работат за компании во Кина, Америка или било каде во светот само со компјутер пред себе.
Дека сè е возможно во оваа сфера.

Како изгледа предметот што го предаваш, кои вештини и знаења студентите ги добиваат уште во првите недели?
Предметот е 30% теорија и 70% пракса. Се учат основите на Web3 и blockchain, (како технологија но и примените на blockchain), и потоа се учи да се програмира на јазикот Move. Предметот се полага практично, со реална апликација изградена со јазикот Move. Најдобро се учи кога знаењето се применува во реален предизвик.
Зошто токму SUI Blockchain и зошто blockchain е важен за идните инженери?
SUI како blockchain има предности кои се важни за скалабилност – има голема брзина и лесен е за користење и тоа се постигнува преку објектно-центрична архитектура (object-centric architecture), паралелна обработка на трансакции и безбедниот Move јазик, овозможувајќи ниски трошоци за високо-перформансни апликации како што се игри и DeFi.
Исто така, е многу интуитивен за користење што помага лесен onboarding без сложени seed фрази, привлекувајќи повеќе корисници и девелопери.

Колку е важна употребата на вештачка интелигенција во процесот на учење и како студентите на Next можат да ја користат паметно, наместо само како „copy–paste“?
Јас уште од првиот час им спомнав дека смеат да користат ВИ, тоа е сосема нормално во ова време во кое тие учат и би било наивно да не се применува како алатка за асистенција. ВИ постои да ни помогне да одиме напред и да учиме побрзо. ВИ ќе им помогне да дојдат побрзо до саканото решение, но најбитно е дека мора да го разберат.
Меѓутоа ако се копира тогаш само ќе си одмогнат на самите себе и ќе се вратат многу чекори назад. Така што, мора да бидат свесни дека ВИ е корисно за нив само доколку се користи како некој тип на менторство.
За финалниот испит ќе мора да го презентираат нивниот проект и да ги објаснат функциите кои ги имаат применето во кодот.

Кои се најчестите грешки кај младите кои навлегуваат во Web3 и blockchain за првпат и како предметот им помага да ги избегнат?
Во Web3 една од грешките е тоа што blockchain, одма асоцира на криптовалути, а тоа е еден мал дел од примените. Би рекла да пробаат и разгледаат што се криптовалутите, но не и да трошат многу време на тоа.
Апликации за DeFi (децентрализираните финансиски) се многу интересни, RWA (real-world assets) за добра кои се регистрирани на блокчејн, уметнички дела, автентикација, документација, криптографија, и низа други полиња се доста поинтересни и сложени кои може да отворат кариерни опции за студентите.
Што да очекуваат од финалниот проект од овој предмет?
Финалниот проект на предметот ќе треба да биде интетесен и функционален, а тоа ќе значи дека активно слушале и нависитна вложиле труд. И второто е да се инспириаат да читаат и да гледаат уште повеќе кога ќе си одат дома а да не биде само тоа што го учат. Да си речат-ова ме интересира, сакам да знам повеќе. Само љубопитноста ќе ги носи напред за да го постигнат она што ќе го замилсат.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships