Кој ќе ја дизајнира новата Златен Даб Limited edition лименка?

Share


Како ќе изгледа новата Златен Даб Limited Edition лименка?
Дали ќе биде минимализам кој веднаш привлекува внимание?
Дали ќе донесе футуристички визуален јазик што изгледа како да пристигнал од иднината?
Дали ќе го следи духот на класичниот стил на Златен Даб или ќе отвори сосема ново креативно поглавје?

Претстојниот викенд, студентите од UX/UI и графички дизајн на Next ќе се предизвикаат себе си и времето, со цел да го најдат најдоброто решение и нивниот дизајн да победи на 48-часовниот хакатон кој Brainster Next го организира заедно со Прилепска пиварница.

Идејата може да стане култна.
Формата може да стане препознатлива.
Дизајнот може да стане дел од секојдневието на илјадници луѓе.

-Очекуваме динамично, инспиративно и квалитетно хакатон искуство, на кое ќе се пријават млади креативци подготвени да се покажат во најдобро светло. Сакаме студентите да се соживеат со духот на брендот, да разберат што претставува Златен Даб и да креираат решенија кои ќе го надминат очекуваното. Веруваме дека ваквиот тип на соработка, не само што ги поттикнува младите таленти да се изборат за свое место во индустријата, туку и да создадат реални продукти што ќе се најдат на пазарот и ќе бидат дел од една вистинска, национална приказна, велат од Прилепска пиварница.

Новата лименка носи потенцијал да стане симбол на поддршка за младите таленти. Производ што го носи вкусот на традицијата, но и свежина што ја внесуваат новите генерации.

Затоа, ги прашавме менторите дали само креативноста е важна или има и нешто повеќе?

– Креативноста е важна, но во вакви хакатони уште поважно е креативниот печат да биде автентичен и веднаш препознатлив, да се знае „чие е делото“ од прв поглед. Истовремено, тој личен стил треба умешно да се вклопи со барањата на клиентот, без да се изгуби насоката. Балансот помеѓу автентичност и прецизно исполнување на брифот е тоа што навистина сакам да им го пренесам на студентите на Некст: поедноставете, фокусирајте се на јадрото на идејата и ќе создадете посилни и поуспешни решенија, вели Ивана Горачин.

-Да имаш приказна. Да имаш порака која сакаш да ја доловиш. Уметноста во дизајнот се користи како алатка да пренесе порака преку визуелното. Нема грешки во создавањето. Создавањето не е линеарен процес. Дизајнот го правиме по пат на trial and error. Колку повеќе верзии пробаме што нема да ни се допаѓаат толку подобро ќе знаеме што е она што е добро и што ќе не направи да бидеме задоволни од продуктот, советува Ирина Атанаскова.

-Ако ја земеме во предвид временската рамка која ја има еден хакатон за изработка на еден проект и големината на клиентот многу е логично да се појави доза на стрес и притисок, а тие се најголемите непријатели на креативноста. Па следствено, многу е важно во тие моменти да верувате во себе и во процесот на дизајнирање, да ги оставите мислите и креативноста to unfold. Затоа што на крај се се сведува на споменот од искуството, или ќе го помните хакатонот како стресен процес кој секако сте го завршиле, или како креативно уживање и растење, е советот на Наташа Шопова.

Како ќе се развива приказната, ќе дознаваме момент по момент.
Процесот ќе биде брз, полн со идеи што се менуваат и со решенија што може да станат дел од визуелната историја на брендот.

Од Прилепска пиварница велат дека нивното главно очекување е студентите да ја изразат својата креативност и да го преточат својот дизајнерски потенцијал во новото Limited Edition издание на Златен Даб.

-Веруваме дека токму младите креативци носат свежа перспектива и современа визуелна енергија, па затоа сакаме да видиме храбри идеи, уникатен пристап и дизајн кој ќе го одрази карактерот на брендот, неговата традиција, но и модерната естетика што ја градиме. Целта е, не само да се дизајнира лименка, туку да се создаде производ, кој визуелно ќе ја пренесе приказната и автентичноста на Златен Даб, појаснуваат.

Но, како се создаваат силни и успешни решенија и кој е советот кој менторите го имаат за студентите?

– Носителот на успехот е дисциплината. Инспирацијата често се користи во контекст да се оправдаме зошто нешто не сме сработиле – затоа што сме немале инспирација. Додека ако сме дисциплирани и продолжиме да работиме и се појавуваме секој ден , некој ден со 90% мотивација а некој со 10% на крајот задачата ќе биде завршена и ќе биде подобра најмалку од оние што немале инспирација да почнат, советува Атанаскова.

-Советот што би сакала да ми го дадат кога бев студент е дека „less is more“. Дека не мора секогаш да правам повеќе за да биде подобро – туку да се фокусирам на суштината, на поентата и на тоа што навистина носи вредност. Тоа е советот што сакам да им го пренесам и на студентите на Некст: поедноставете, фокусирајте се на јадрото на идејата и ќе создадете посилни и поуспешни решенија, вели Горачин.

-Бидејќи на овој хакатон се работи проект кој им дава навистина одврзани раце на студентите, може само да кажам дека треба да го следат својот визуел израз и да уживаат во креирањето. За останати проекти од овој тип, размислувајте секогаш на 360 степени Brand Visibility и потенцијално зголемување на портфолиото на продуктот кој го работите, поготово кога станува збор за FMCG продукти, советува Шопова.

Хакатонот е отворен за сите студенти на UX/UI и графички дизајн на Next. Досегашните хакатони беа неверојатно возбудливи, динамични, инспиративни. Погледнете тука како си поминавме на хакатон за приватна крафт пивара, нова кредитна картичка за Diners Club Macedonia, SMIDGIN и како студентите на Next победија на Собранискиот хакатон за иновации.

Зошто студентите на Next ќе ја дизајнираат новата лименка?

-Се одлучивме за студентите на Brainster Next поради високото ниво на квалитет што го демонстрираат, професионалниот пристап и современата едукација која ја добиваат. Веруваме во талентот и потенцијалот на новата генерација дизајнери и сметаме дека токму тие можат да понудат свеж, релевантен и современ визуелен правец. Дополнително, Brainster е препознаен партнер во креативната индустрија, со силна мрежа, напредни програми и реални проекти, што го прави идеална средина во која се развиваат идните врвни креативци. За нас оваа соработка претставува логичен чекор и можност за заедничко создавање нешто исклучително и ново на пазарот, појаснуваат од Прилепска пиварница.

Во наредните два дена, хакатонот ќе носи креативна неизвесност, затоа следете ги нашите социјални мрежи.
Ќе ги споделуваме најинтересните моменти од хакатонот, ќе ве пренесеме во атмосферата од внатре и први ќе дознаете кој ќе ја дизајнира новата Limited Edition лименка на Златен Даб за 2026.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!