Наскоро на полиците во маркетите и баровите ќе се најде шише Smidgin Light, со етикета дизајнирана од студенти на Brainster Next College!
Студентите од двете генерации на студиските програми UX/UI и графички дизајн работеа заедно во тимови на хакатон за нов реален клиент! За прв пат, овој интензивен 48-часовен маратон беше организиран само за студентите на Brainster Next, создавајќи симулирана работна средина. Со ограничено време на располагање, секој тим работеше да создаде победничко решение за предизвикот: дизајнирање етикета и маркетинг план за нов производ за нашиот клиент Smidgin.

Студентите имаа можност да работат под притисок, да ги применат своите знаења и вештини во реална ситуација и да се натпреваруваат со своите колеги. По интензивна работа, тимовите ги презентираа своите решенија пред клиентите – претставниците од Smidgin, кои имаа задача да го изберат победничкиот тим.
Каролина Арменска од Smidgin сподели за соработката со студентите:
„Уште во самиот процес на брифирање, имавме големи очекувања од студентите и знаевме дека ќе донесат доста креативни решенија. Меѓутоа, не очекувавме дека толку ќе нѐ изненадат. Сите 9 тимови имаа одлични дизајн и маркетинг решенија. Браво за целиот тим од студенти, менторите и самата организација на Бреинстер и можноста за ваква соработка!“

По изборот на победничкиот тим, следи фаза на спојување со клиентите за евентуални финални корекции. За значењето на овој хакатон, нивната професорка и менторка по предметот Дизајнирање на бренд идентитет, Ана Вељан, сподели:
„Овој хакатон беше навистина инспиративно и забавно искуство, како за студентите, така и за мене како нивен ментор. Иако задачата воопшто не беше едноставна или наивна, студентите покажаа голема храброст, креативност и посветеност во целиот процес, а соработката со сериозен македонски бренд како Smidgin дополнително ја зголеми мотивацијата кај сите.“
Хакатонот е уште еден доказ за иновативниот пристап на Brainster Next College кон образованието. Преку вакви практични искуства, студентите не само што ги усовршуваат своите вештини, туку и добиваат реална слика за работната средина и можност нивните креации да станат дел од реалниот пазар.
„Најчестите прашања на студентите беа насочени кон креирањето маркетинг кампања за лансирање на новиот производ, додека околу дизајнот на етикетата и пакувањето, најчестиот предизвик меѓу тимовите беше изборот дали да се следи брифирањето во побезбедни рамки или да се понуди смело, „out of the box“ решение. Горда сум што имав можност да го следам и менторирам развојот на креативните идеи на студентите и да сведочам на создавање одлични дизајн и маркетинг решенија, реализирани за само 48 часа – нешто што во агенциски услови обично го прават големи и искусни тимови за многу подолг период“ – Ана Вељан.
