Што е интелигенција?
Интелигенцијата може да се дефинира како когнитивна способност што му помага на човекот да учи од искуството, да расудува, решава проблеми, апстрактно да размислува и разбира комплексни идеи.
9 начини за зголемување на коефициентот на интелигенција
Добрата вест е дека интелигенцијата е способност што се стекнува во текот на животот. Исто како што го вежбаш телото за да ги обликуваш мускулите, истото важи и за твојата интелигенција. Ако сакаш да го одржиш мозокот во форма, треба да ги вежбаш твоите ментални способности.
Овие 9 навики и нивното секојдневно повторување значително ќе влијаат врз зголемување на нивото на твојата интелигенција:
1. Разговарај со луѓе кои се сосема различни од тебе
Дружењето со пријателите е секогаш супер, но најчесто ги слушаме истите муабети и не учиме ништо ново.
Секогаш кога имаш прилика, разговарај со луѓе кои што имаат сосема различни интереси и ставови од тебе. Да, можеби ќе влезеш во дебата, но барем ќе научиш нешто ново.
2. Вежбај барем 20 минути дневно
Во здраво тело здрав дух. Оваа мисла може звучи како клише, но има многу вистина. Телото и умот се една целина. Ако едното не е во добра форма, другото ги сносува последиците.
Одвој барем 20 минути дневно за физичка активност. Веднаш ќе ги осетиш придобивките и на ментално ниво.

3. Пробај апликации за тренинрање на мозокот
Постојат голем број на апликации дизајнирани со цел да го подобрат твојот фокус, когнитивна способност и меморија со помош на различни игри и загатки.
Еве кои се 3те најдобро рангирани апликации што можеш да ги пробаш уште денес:
4. Научи нов јазик
Учењето нов јазик е еден од најмоќните начини да го зголемиш коефициентот на интелигенција.
Денес, не мораш да посетуваш неколку годишни курсеви по јазик, туку можеш да учиш кога тебе најмногу ти одговара, директно од твојот мобилен телефон.
Еве на кои апликации ќе ти помогнат да научиш нов јазик:

5. Набљудувај ja твојата околина
Набљудувањето не значи гледање, туку анализа на она што го гледаш пред тебе. Ако се загледаш во одреден предмет неколку минути, ќе забележиш работи што долго време ти биле пред очи, а ти не си ги забележал/а.
Постојано апсорбирај го она што те опкружува и не престанувај да фантазираш.
6. Постојано учи нови нешта
Ако го навикнеш твојот мозок постојано да учи нешто ново, учењето ќе му стане навика и постојано ќе бара ново знаење. Затоа, прифати ја секоја прилика да научиш нешто ново од луѓе кои имаат големо знаење во различни области.
Се препорачува да учиш нови работи барем 5 часа во неделата.
7. Експериментирај со ново хоби
Ако не излегуваш од твојата комфор зона, мозокот ќе ти се навикне на сигурноста ѝ се потешко ќе те пушта во “несигурни” ситуации.

Постојано предизвикувај се да пробаш нови работи, особено во области што не ти се воопшто познати.
8. Медитирај
Медитацијата е најмоќниот начини за контрола и оформување на умот.
Медитацијата може да ја промени структурата на надворешниот слој на твојот мозок и да ги зголеми мозочните региони поврзани со внимание и сензорна обработка.

9. Постојано предизвикувај го мозокот
Крстозбор, шах, судоку загатки, сложувалки, игри со зборови. Ова е се само неколку начини на кои што можеш да ги подобриш твоите когнитивни способности.
Доволно е да посветиш само 30 минути дневно на овие видови вежби и игри, за да го одржиш мозокот во топ форма.
За да дознаеш повеќе за интелигенцијата и како функционира, погледни го следново видео: