Добра вест е дека може многу да се стори во борбата против климатските промени и таа промена започнува од тебе!
Од менување на секојдневните навики за греење, храна и транспорт, сѐ до ширење на свеста, секој од нас има моќ да направи значителна промена.
Како ние како индивидуи можеме да помогнеме да не се случи најлошото?
10 начини на кои што можеш да помогнеш со климатските промени
1. Промени го начинот на исхрана
Дали знаеш дека одлуките што ги носиш за храната може да имаат големо влијание врз животната средина.

Еве како можеш да ја направиш твојата исхрана поприфатлива за климата:
- Јади повеќе оброци без месо;
- Купувај органски и локални секогаш кога е можно;
- Јади повеќе производи од растително потекло;
- Не троши храна залудно;
- Одгледувај домашна храна.
2. Користи ја енергијата паметно – и заштеди пари!
Ако станеш енергетски поефикасн/а, не само што ќе загадуваш помалку, туку и ќе заштедиш пари.
Еве некои идеи како може да го сториш тоа:
- Замени ја печката на дрва со топлинска пумпа;
- Замени го шпорет со електричен шпорет (на овој начин ќе го намалиш и загадувањето во својот дом);
- Исклучи го компјутерот, телевизорот и другата електроника кога не ги користиш
- Пери ја облеката со ладна вода;
- Кога купуваш нови апарати, провери дали се енергетски ефикасни;
- Смени ги светилките во енергетски ефикасни светилки;
- Не го користи клима уредот без потреба.
3. Наместо автомобил, избери велосипед

Возењето велосипед е најдоброто нешто што можеш да го направиш за животната средина! Употребата на автомобили, авиони и бродови кои користат фосилни горива се голем непријател на природата.
Еве некои начини на кои не само што ќе помогнеш да ги запреш климатските промени, туку и ќе го намалиш загадувањето на воздухот:
- Секогаш кога си во можност користи јавен превоз;
- Вози велосипед или залагај се за велосипедски патеки во твојата општина;
- Ако имаш големо, неефикасно возило, престани да го користиш и префрли се на електрично или хибридно возило;
- Летај поретко со авион.
4. Разговарај за можни решенија

Решавањето на климатските промени бара од сите нас да работиме заедно. Затоа, секогаш кога имаш прилика, разговарај на оваа тема со твоите врсници, роднини и пријатели.
Не престанувај да ја покренуваш свеста за како ние може индивидуално да помогнеме затоа што никогаш не знаеш кому можеш да му го отвориш умот.
По читањето на овој текст, сигурно се чувствуваш преоптоварено и сметаш дека проблемите поврзани со климатските промени се премногу големи за решавање и твојот индивидуален придонес нема баш многу да придонесе.
Ние веќе ги имаме одговорите потребни да се реши овој предизвик. Да не го префрламе овој проблем на Владата или институциите. Се почнува од ТЕБЕ!
Прашањето е: Дали си спремен/а да помогнеш?
За да дознаеш повеќе како можеш да се вклучиш во борба против климатските промени, погледни го оваа видео: