Како аутсајдерите успеваат да ја променат играта?

Коко Шанел, Стив Џобс и Каталин Карико беа аутсајдери кои им пркосеа на стандардите и создадоа револуционерни иновации. Како успеваат едни аутсајдери, а не други? Ова истражување открива кои се трите точки кои беа пресудни кај овие ликови за да успеат и да ја променат играта.
autsajderi-ja-menuvaat-igrata | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Голем број истражувања покажале дека следниве 3 фактори се пресудни дали некој ќе успее или нема да го промени светот со својата иновација:

1. Најди го најдоброто во секоја ситуација и не се претопувај со толпата

Ретко ќе сретнеш успешен човек што целосно се адаптира на општествените закони и норми. Најчесто оние бунтовниците се тие што прават промена во опшеството, бидејќи постојано се бунтуваат, ако нешто не чини и работат на тоа да го поправат. 

Наместо да се помират со правилата на игра што им ги наметнува средината, тие се борат против нив за да издејствуваат промена. Не дозволуваат средината да ги стави во рамка, туку постојано бараат нови начини како да ги перцепираат животните ситуации. И што е најважно, дури и да не им се оствари она што го замислиле, го бараат најдоброто во секоја ситуација.

Приказната за Коко Шанел го сведочи токму тоа. Како вонбрачна ќерка на сиромашни родители, таа била напуштена и израсната од калуѓерки во сиропиталиште.

Нејзината продолжена изложеност на боите на униформите на сиропиталиштето и туниките на калуѓерките во црно бела боја се инспирација за нејзините најкултни дизајнерски концепти. 

коко-шанел
Извор: https://cdn.britannica.com/

Грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никаква шминка нема да ви биде од корист!

Коко Шанел

2. Зад секој аутсајдер, стои екстроверт

Не е изненадувачки што аутсајдерите најчесто се интроверти. Тие преферираат да бидат оставени во четири ѕида и да го работат она што најдобро го знаат. 

Но како ќе се осигурат дека нивниот изум ќе го види светлото на денот? Со тоа што ќе се спојат со екстроверти кои веруваат во нивните идеи и се подготвени да ги достават до очите на јавноста.

стив-џобс
Извор: https://www.inc.com/

Пример за ова е Стив Џобс и Мајк Маркула, богат млад инженер кој виде потенцијал во изумот на Џобс и ја направи првата инвестиција во Apple Computer.

Постои огромна разлика меѓу тоа да бидеш дел од човештвото и да бидеш човек. Малкумина ја разбираат!

Стив Џобс

3. Зграпчи ја секоја општествена трансформација како плодна почва за иновации

За време на состојби како КОВИД-19 кога целосно ќе се сменат начинот на кој што функционира човештвото, се отвора плодна почва за нови изуми кои долго време биле под сенка пред да настапат на сцената.

Каталин-карико

Ова го стори токму Каталин Карико, пионер во технологијата на mRNA која му даде на светот вакцини против Ковид-19 во рекордно време. Како ќерка на месар и израсната во мала куќарка во Унгарија, Карико започнала да работи со РНК. 

Во текот на својата кариера, таа се соочила со безброј одбивања на нејзините изуми, па дури и закана од депортација, но останала имуна на секој предизвик. Напорната работа вродила резултати. Денес, таа е еден од потенцијалните кандидати за Нобеловата награда.

Прочитај повеќе за инспиративните приказни на Коко Шанел, Стив Џобс и Каталин Карико на следниов линк https://hbr.org/2021/08/how-outsiders-become-game-changers.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!