Search
Контакт

Зошто треба да ѝ пристапиш на твојата кариера како на игра?

Секогаш кога правиш одредена стратегија како да ги исполниш твоите цели е всушност исто како да играш некоја игра. Па така, сите оние недоразбирања меѓу различни генерации околу играњето на видео игри, некако се сведуваат на слични принципи и може да се каже дека не требало да постои недоразбирање. Кои 5 прашања можете да си ги поставиш себеси за да разбереш дали играш игри секојдневно, во некој формат?
pristapi-na-karierata-kako-na-igra | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

За почеток, постави си ги следниве 5 прашања:

1. Која игра ја играм?

Ако прашањево те збуни, ти споделуваме неколку вообичаени игри што луѓето ги играат за да успеат во своите кариери.

Додека ја читаш оваа листа, пробај да идентификуваш кои игри претходно си ги играл/а, а кои од нив ти се сосема непознати. 

  • Качување по кариерната скала: Ја следиш традиционалната патека за унапредување, чекор по чекор.
  • Следење на лидерот: Се што ќе каже подредениот, ти тоа го правиш.
  • Следење на срцето: Си ги следиш твоите соништа и не дозволуваш никој да ти се меша.
  • 100% посветеност: Работиш колку што можеш повеќе.
  • Заработката како цел: Работиш за издржување на твоето семејство, начин на живот или следење на пасијата.
  • Уникатност: Бараш нешто што никој друг не го направил досега и го правиш ти.
  • Флексибилност: Го следиш тимот и се адаптираш на секоја промена.
  • Победа над ривалите: Упорен си во тоа што го имаш замислено и не се предаваш се додека останатите не се откажат.
  • Играње на сигурно: Избегнуваш ризик за да си го задржиш работото место.
  • Играње за да се победи: Најважно ти е да бидеш победник во секоја ситуација.
  • Максимално вложување: Правиш се што треба само за да ја оствариш својата цел.

кариера-игра

Извор: https://unsplash.com/

Откако ги прочита овие игри, запрашај се и размисли:

  • Која од овие игри во кариерата ја играш во моментов? 
  • Дали таа игра е соодветна за тебе?
  • Дали ја играш играта затоа што е добра или затоа што ти влева сигурнот?
  • Дали е во согласност со твоите вредности и вештини? 
  • Дали ти предизвикува стрес или непријатност?

2. Каква вредност ми носи играта што ја играм?

Размисли за играта што ја играш. Што те мотивира да ја играш токму таа игра? 

Ако сфатиш дека твојата игра не те мотивира, напротив – те прави да се чувствуваш празно и под постојан стрес, секогаш имаш опција да ја просмениш.

кариера-игра

Извор: https://unsplash.com/

Еве како можеш да го сториш тоа:

  1. Промени ја целта што сакаш да ја постигнеш со играта
  2. Најди нешто ново што ќе те мотивира

Пример: Мотивацијата „да заработам пари“ трансформирај ја во „да оставам свој белег во општеството“ и слично.

Не заборавај дека не си обврзан да играш иста игра постојано. Секогаш можеш да ја смениш истата затоа што само ти знаеш што е најдобро за тебе.

3. Кој ги креира правилата на мојата игра?

кариера-игра

Извор: https://unsplash.com/

Правилата во математиката и физиката се вечни, а се друго е променливо.

Твоите навики, верувања, претпоставки, незнаење, искуство или трауми детството се она што ти го обликува животот и влијае врз твојот кариерен избор.

Добрата вест е што овие нешта се променливи.

Размисли за твојата работа. Дали си во недоумица дали да ја избереш играта „не ризикувај“ или си повеќе насочен кон „биди амбициозен па што сака нека биде“?

Да, ако имаш семејство, сигурност на работното место сигурно ти е приоритет, а ризиците не ти се опција. Сепак, тоа не мора да значи дека треба да си се сместиш удобно во комфор зоната и да си останеш таму по секоја цена. 

Размисли: Какви правила си наметнал на самиот себе? Дали тие ти помагаат или ја попречуваат твојата кариера?

4. Како се бележи резултатот од играта?

Како да го измериш успехот на твојот живот, бизнис, кариера? Што е твојата крајна цел кон која тежнееш?

кариера-игра

Извор: https://unsplash.com/

Имаш многу опции на располагање, па избери ја онаа што најмногу ти одговара:

  • Пари за да можам си го обезбедам се она што сакам;
  • Слава за сите да знаат кој/а сум и да ми се восхитуваат;
  • Одговорна позиција за луѓето да чувстваат страхопочит кон мене;
  • Радост, исполнетост и убава енергија;
  • Придонес во општеството;
  • Пружење рака на оние на кои им е потребно;
  • Креирање на нешто што досега не е направено:
  • Стекнување на следбеници кои што ќе ми се восхитуваат:
  • Мирен и безбеден живот;
  • Нешто друго.

5. Чии игри ги играш?

Постојано добиваш покани за игри. Овие покани се насекаде околу тебе. Ги добиваш од учителите, менторите, роднините, партнерите, филмовите, Инстаграм, итн. 

Пред да ја прифатиш играта, дали размислуваш колку оваа игра ќе ти донесе унапредување, пари, сигурност или среќа? Дали е твоја или е наметната? Дали исходот од играта ти користи тебе или некој друг?

кариера-игра

Извор: https://unsplash.com/

Сега кога си свесен/а за игрите што ги играш, можеш свесно да бираш дали прифаќање на одредена игра ќе ти помогне да ја постигнеш посакуваната цел или не. 

Ако одредена игра не ти го носи саканиот исход, не вреди да трошиш драгоцено време и енергија за истата! 

Прочитај повеќе на овој линк: https://hbr.org/2021/09/why-you-should-approach-your-career-like-a-game

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!