- Како ќе комуницираат нашите тимови?
- Кои алатки ќе ги користат за извршување на секојдневните задачи?
- Дали работата ќе биде завршена и дали ќе ги постигнеме нашите цели?
- Како ќе се одржуваат блиски односи помеѓу тимовите?
Ова се само дел од прашањата што компаниите си ги поставуаат и со право.
Ова е непозната територија за најголемиот дел од организациите и вработените. Сепак, придобивките од работењето од дома се само потврда дека компаниите со воведување на работа од дома се движат во вистинската насока.
Добрите страни на работењето од дома

1. Намалени трошоци на вработениот
Во просек, вработените патуваат до своето работно место по 27 минути дневно. За да стигнат секој ден до работа и назад во просек губат 4.5 часа секоја недела.
Еве неколку примери за тоа што вработениот може да заштеди со работење од дома:
- Гориво
- Одржување на возилото
- Паркинг
- Авто осигурување
- Јавен превоз
- Храна
2. Намалени трошоци на компанијата
Еве само дел од работите на кои што заштедува една компанија:
- Kирија за деловен простор
- Комунални услуги
- Паркинг услуги
- Кафе и храна за вработување
- Чистење
3. Зголемена флексибилност на работното време
Има ли нешто поубаво од флексибилно работно време кога сам си одредуваш кога да работиш?
На овој начин, повеќе не е важен бројот на часови што си ги поминал работејќи, туку дали е завршена или не работата.
Дополнително, за настани како итни семејни случаи и докторски прегледи порано си требал/а да земаш слободен ден, а денес само неколку часа кои што ќе ги надоместиш во текот на денот.

4. Подобар баланс помеѓу работата и животот
Наоѓањето баланс помеѓу работата и животот го намалува ризикот од ментални болести и прегорување од работа правејќи го вработениот продуктивен, исполнет и лојален на компанијата.
Работењето од дома дефинитивно помага во реализирање на оваа цел.
Лошите страни на работењето од дома
1. Недостиг на квалитетна комуникација
Сите оние кои работат од дома знаат дека личната комуникација станува помалку природна и бара повеќе напор. Кога луѓето се во иста просторија, полесно е да се реши проблем што ќе се појави или да се разменат идеи.
Разговорите лице во лице го олеснуваат дешифрирањето на говорот на телото, тонот на гласот и изразите на лицето, нешто што потешко се постигнува преку онлајн состаноци.
2. Потешко адаптирање на нови членови
Особено е стресно кога си нов во некоја компанија и потребно е да се запознаеш со луѓето и процесите на компанија преку компјутер.
Дури и да имаш состаноци со секој од твоите колеги индивидуално, да ја добиеш целата документација, сепак ништо не може да го замени физичкото присуство при запознавање и адаптирање на новата работна околина.

3. Намалена сајбер безбедност
Твоите пасворди, финансиски извештаи, внатрешни информации за продуктот или услугата и други чувствителни информации може да бидат мета на хакери кога работиш од дома, особено ако користиш приватен компјутер.
Ако работиш од кафуле, бензинска страница или аеродром, постои голема можност дека ќе се закачиш на небезбедна мрежа и ќе ги изложиш на ризик сите информации во твојот компјутер.
4. Помалку забава
Компаниите кои досега редовно одржувале тимски настани, се соочуваат со големи предизвици истата динамика да ја аплицираат онлајн.
Иако атмосферата нема дефинитивно да биде истата, сепак потребно е да продолжи оваа практика со цел да се одржува благосостојбата во тимот.

5. Намалена видливост на работата
Бидејќи си сам/а дома со твојот компјутер, твоите работодавачи немаат можност да видат што точно работиш и на кој начин ги извршуваш задачите.
Во ваква ситуација, може да се чувствуваш дека твојата работа не е доволно видена и дека твоите одлични идеи не се слушнати, па дури и да се плашиш за стабилноста на твојот работен однос.
Од друга страна, намалената видливост на работа е одлична за вработените чии компании обожаваат да микроменаџираат.
Кои алатки можеш да ги користиш за поефективно работење од дома?
За да го зајакнеш тимскиот дух, комуникацијата и ефективното завршување на задачите, тимот треба да ги има вистинските алатки.

Еве кои алатки алатки ќе ти помогнат во ова:
- Slack за комуникација со тимот
- DocuSign за потпишување договори
- Trello за менаџирање на задачи
- G Suite на Google за складирање на сите важни информации
- Loom за да си го снимаш екранот додека објаснуваш што покажуваш
- Nextiva за јавување и примање повици
- Workday за финансии и менаџирање со човечки ресурси
- Zoom за одржување состаноци
Да се има задоволен и продуктивен тим што работи од дома е тешко, но не е и невозможно. Силната компаниска култура, вистинските алатки, довербата и автономијата ќе ти помогнат во остварување на оваа цел.
Како изгледа работењето од дома во компании како Salesforce и Slack, дознај од оваа видео: https://www.wired.com/video/watch/ces-hq-2021-the-virtual-workforce