Во рамките на овој неверојатен успех постои една запрепастувачка разлика: Повеќе од 2% од луѓето во земјите со ниски приходи се уште немаат пристап до никакви вакцини за КОВИД-19.
Со право е вознемиреноста поради нееднаквоста во распределбата на вакцините.
Срцепарателно е тоа што луѓето умираат од болест не затоа што не може да се спречи, туку затоа што живеат во земја со ниски приходи која што не може да си ги дозволи овие вакцини.
Како би можело да се постигне еднаква распределба на вакцините при идна пандемија?
1. Постарите треба да имаат предност
Како би изгледала оптималната распределба на вакцини? Овде не станува збор за математика од типот – ако твојата држава има X проценти од светското население, добиваш X проценти од вакцините.
Од глобална перспектива, не е фер ниту мудро да се заштити тој млад човек пред стариот.
2. Медицинските лица се приоритет
Здравствените работници и луѓето кои работат во установи за нега на стари лица постојано се изложени на пациенти со послаб имунитет, со што ги зголемуваат шансите да го пренесат вирусот на луѓе со висок ризик.
3. Имунизација на местата каде што вирусот се шири најбрзо
Кога вирусот се шири, спасување животи и запирање на преносот се главните приоритети.
Ова не значи дека земјите со низок приход се најзагрозени. Праксата го покажа сосема спротивното. Кога вакцините за Ковид-19 првпат станаа достапни, најтешките епидемиолошки слики беа во богатите држави и оние со среден приход.
4. Да се најде начин да се произведат повеќе дози за пократко време
Во идеално сценарио, во рок од 6 месеци од откривање на потенцијална пандемија, научниците веќе треба да имаат подготвено вакцини за целата светска популација.
Само на овој начин, понудата на вакцини нема да биде ограничувачки фактор, а начинот на нивното доделување веќе нема да биде прашање на живот и смрт.
5. Да се прошири капацитетот за создавање вакцини во светот
Владите и индустријата треба да се погрижат да има доволно капацитет за брзо производство на огромни количини на mRNA вакцини.
Сега кога знаеме дека платформата mRNA работи, ова ќе овозможи нови вакцини да се развиваат побрзо од кој било друг пристап.
6. Развивање на прототип на вакцини против идни пандемии
Секогаш е подобро да си спремен, отколку кога ќе настапи кризата, да почнеш од нула. Ова важи и за идните пандемии кои што доаѓаат.
Решението се гледа во развивње на прототип на вакцини против болестите кои најверојатно ќе предизвикаат идни епидемии.
Целта би била развивање на универзални вакцини за грип и коронавирус, кои би ги заштитиле луѓето од која било форма на двата патогени. Петовалентната вакцина која штити од пет болести е одличен пример за овој тип на вакцини на иднината.
Ситуацијата со Ковид-19 пандемијата не е како што би сакале, и далеку од идеална, но научниците сметаат дека би било уште полошо кога Ковид-19 би се појавил пред 10 години.
За да дознаеш повеќе како да се затвори јазот помеѓу вакниците, прочитај го следниов текст: https://www.gatesnotes.com/Health/Closing-the-vaccine-gap