Од идеја до креирање заедница на љубители на патики

Секој старт-ап има посебна мисија со цел да полесно пристапи до својата таргет публика. Овие две девојки, започнуваат сопствен старт-ап со мисија да ги придобијат и соединат девојките во културата на изработка на патики, при што ги користат ресурсите на WIRED и Дропбокс како поддршка. Прочитајте како ги нашле своите соодветни партнери!
патики-старт-ап
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Илустраторката и дизајнерка Софија Чанг раскажува за својата мисија да ги поттикне жените да носат патики и како користењето на алатката Dropbox ѝ помага во тоа. 

Како некој што пораснал во Квинс, Њујорк, патиките отсекогаш би биле начин на живот и љубов уште од најрана возраст. Долго време, жените вклучени во индустријата на патики постојано разговараме за истото – дека нема достапно голем број на избор на патики, ги нема во сите големини, нема доволно дизајнери на патики и слично. Затоа, создадовме веб-страница која што овозможува да можеш да купиш патики од голем број на трговци низ целиот свет, со што ќе го олесниме патот до купување на омилените патики на претставничките од понежниот пол.

Секој старт-ап има посебна мисија со цел полесно да пристапи до својата таргет публика. Софија и Реми се две девојки кои што започнуваат сопствен стартап со цел да ги придобијат и соединат девојките во културата на изработка на патики, при што ги користат ресурсите на WIRED и Dropbox како поддршка. Прочитајте како силната верба во својата мисија, може да направи голем импакт во општеството.

Извор: https://unsplash.com/

Комбинирање на силни страни

Софија Чанг е илустратор и дизајнер и деловен партнер на Реми која ѝ помага во мисијата да создаде меѓународна заедница со жени љубители на добра патика.

Заедно се одличен тим. Реми се фокусира на филијалите и технологијата, а Софија на креативен маркетинг и стратегија. Но, и препреките се неизбежен дел од патувањето.

Често наидуваме на препреки кога правиме истражување на пазарот за да ги собереме потребните информации за тоа како жените купуваат патики. И тогаш ни текна – зошто ние самите да не направиме истражување? Така и се случи. Нашето истражување помина низ многу различни фази: од изработка на анкета, добивање резултати, анализирање на резултатите и градење на нашата приказна. Откако целосно ќе ги добиеме резултатите од истражувањето, ќе треба да смислиме креативен начин како ќе го објавиме истото. Мојата идеја е овој црно-бел документ да го претвориме во нешто интересно, интересно за читање и со голем импакт. Се надеваме дека читателите на истражувањето ќе сакаат да го споделат на своите социјални мрежи и ова ќе донесе дополнителни посети на нашата веб страница.

патики-старт-ап

Извор: https://unsplash.com/

Алатката Dropbox како начин за полесно комуницирање 

Со оглед на тоа дека нивниот тим работи од дома и е лоциран во Њујорк и Лос Анџелес, добро осмислен работен процес е многу важен за да може поуспешно да соработуваат меѓу себе. 

Dropbox е алатката што им помага да си ја олеснат работата:

Го користам Dropbox околу 10 години, речиси поголемиот дел од мојата кариера. Dropbox има многу едноставен интерфејс кој е лесен за користење што ни овозможува беспрекорно да споделуваме датотеки.

дропбокс

Извор: https://www.sfgate.com/

Познат исход со ново решение

Информациите што ги покажа истражувањето, веќе им беа познати.

Не бевме изненадени кога го откривме дека цената и достапноста се главните причини поради кои жените најчесто бараат патики во секциите за деца или за мажи. Речиси половина од жените што ги анкетиравме  се одлучија за брендови со кои споделуваат заеднички вредности. За нас беше важно не само да ги добиеме сите податоци, туку и да се осигураме дека ќе стигнат до очите на јавноста.

Софија и Реми се на добар пат да поттикнат повеќе женски креатори на патики, поголема пристапност до брендовите, без разлика дали се тоа трговци на мало, големи корпорации или онлајн платформи кои продаваат чевли. 

Засега, нивната мисија пристапот до квалитетни патики да биде широко распространет е повеќе од успешна!

Прочитај повеќе за оваа успешна приказна:

https://www.wired.com/video/watch/the-drop-in-creative-collaborations-at-work-designer-sophia-chang-on-creating-a-more-equitable-sneaker-experience

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!