Нов корисен тренд за продуктивност кој комбинира менаџмент на обврски и белешки

Промената на работните навики направи да се појават многу апликации и алатки кои нудат зголемена продуктивност и поефикасно управување со работниот ден. Routine е нова state-of-the-art алатка која прави иновативен спој на белешки и дневен планер...
Routine-alatka | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Запознајте ја Routine – иновативна алатка за продуктивност која ќе ти помогне поефикасно да управуваш со твојот работен ден, со тоа што ќе ти ги искомбинира задачите, белешките и дневниот планер.

Зад Routine стојат здружените сили на двајцата француски претприемачи Жулиен Квинтар и Квентин Хоке.

Routine е апликација за macOS и iOS што работи со твојот профил на Google. Откако ќе си го сетираш профилот, Routine ти помага да одговориш на прашањето „што треба да направам во моментов?” во било кој период од денот.

Routine-алатка

Извор: https://www.routine.co/

Луѓето во 21 век се опседнати со продуктивноста. И со право.

Еден човек губи 40% од својот продуктивен капацитет неделно поради лошо организирање на обврските. Зошто да си дозволиме да губиме драгоцено време во ера на напредна технологија?

Како да си го средиш хаосот од обврски? Како да заштедиш на време и ефективно да ја завршиш секоја задача?

Routine е апликација што ги решава сите овие прашања на едноставен, но иновативен начин.

Како функционира Routine?

Она што ја прави Routine уникатна е нејзиниот дисплеј што можеш да го прикажеш на твојот компјутер со кликање на едноставната кратенка Ctrl-Space. На екранот на апликацијата можеш да ги видиш сите задачи што треба да ги завршиш денеска.

Од десната страна на екранот, можеш да видиш колку време ти преостанува пред следниот состанок и корисни информации што ќе ти помогнат подобро да се подготвиш за истиот. Информациите за состаноци се преземаат од твојот Google календар.

Routine-алатка

Извор: https://www.routine.co/

Во средината на екранот имаш опција за брзо додавање на задачи. Идејата е да додаваш задачи за само неколку секунди преку следниве чекори:

  • Кликни на Ctrl-Space
  • Напиши ја задачата
  • Кликни Enter и задачата е зачувана

Истовремено, можеш да креираш задачи што ќе се повторуваат во одреден дел од неделата или одреден час од денот.

Откако ќе ги внесеш задачите, можеш да управуваш со нив преку самата апликација. Освен вообичаените активности како презакажување на задача или означување како завршена, многу е лесно да пренесеш задача од апликацијата во календарот.

Комбинација од календар и пишување белешки

Дополнително, ова е одлична алатка за пишување белешки.

За секоја задача, апликацијата креира свој документ каде што може да си ги запишуваш белешките поврзани со таа задача како на пример список со намирници, список за пакување, рецепти, листа на филмови што сакаш да ги гледаш, места што сакаш да ги посетиш и слично.

Routine-алатка

Извор: https://www.routine.co/

Успешна приказна која привлекува многу инвестициски интерес

Routine моментално е во бета верзија. Овој стартап беше дел од настанот W21 на Y Combinator и собра 2.7 милиони долари од инвестиционите компании BoxGroup и Target Global. Најпознатите бизнис ангели како Мет Робинсон, Клемент Деланг и Иан Хогарт беа дел од овој настан.

Ако си во потрага по едноставна апликација која што на едно место ќе ти ги прикаже сите твои задачи и белешки, и ќе ти овозможи брзо менаџирање на секоја задача, вреди да ѝ дадеш шанса на Routine!

Прочитај повеќе за апликацијата на следниов линк: https://techcrunch.com/2021/10/25/routine-is-a-new-productivity-app-that-combines-task-management-and-notes/

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!