Без разлика дали стартапот е нов или веќе со години постои на пазарот, секоја компанија има потенцијал да се прошири надвор од границите на својата држава.
Кои практики компаниите ги применуваат за успешна меѓународна експанзија?
1. Размислување однапред
Дури и да не размислуваш уште од сега за проширување на пазарот, секогаш е добро да се има на ум кои потенцијални пазари се идеални за продуктот / услугата на компанијата и активно да се следат новостите на овие пазари.
Овој труд ќе се исплати моментот кога ќе се лансира компанијата на истражуваните пазари бидејќи во ракав ќе имаш веќе неколкугодишно знаење за тој пазар што е огромна предност.

2. Доволно приходи пред да се тргне во акција
Дури и да имаат одличен производ/услуга што интернационалните корисници ќе го сакаат, секогаш треба да се почека со интернационализација ако компанијата нема доволно пари на сметка.
Најчесто компаниите чекаат да стигнат до 10 милиони долари приход пред да се насочат кон меѓународните пазари. Кога станува збор за финансии, нема ризикување.
3. Решавање на логистички проблеми предвреме
Проширувањето на меѓународно ниво повлекува и нови логистички и менаџерски предизвици.
Различни закони и регулативи, оптимизирање на производите за да одговараат на новиот пазар, развој на локални тимови за продажба и операции, регрутирање, вработување, плаќање и обезбедување бенефиции за персоналот во нов пазар се само дел од ставките кои треба да се стават на маса уште пред почетокот на интернационализацијата.

4. Реална можност да ги победите меѓународните конкуренти
Детално истражување на конкуренцијата е прв чекор пред да се креира интернационална стратегија за проширување.
Ако анализата покаже дека имате моќни, етаблирани, директни конкуренти на вашиот пазар, можеби треба да размислите дали вашата компанија има реални шанси да профитира и покрај силните клиенти на локацијата што ја избравте.

Кои се предности од проширување на бизнисот на меѓународно ниво?
- Меѓународната експанзија нуди голем број можности и придобивки:
- 1. Меѓународно признавање на брендот и неговите производи/услуги.
- 2. Зголемен профит кој ќе надомести за зголемените трошоци и ризици од меѓународното работење.
- 3. Зголемениот раст што доаѓа со меѓународна експанзија може драматично да ја подобри долгорочната перспектива на стартапот.
- 4. Пристап до голем број на квалификувани вработени и нови начини на работа.
Кои се најчестите пречки со кои се соочуваат стартапите кога се прошируваат на меѓународно ниво?

- Јазични бариери кои може да резултираат до лоша комуникација и недоразбирање за суштински работи.
- Културни разлики кои може да придонесат до промашена продажна стратегија и маркетинг.
- Логистички предизвици со транспорт, навигација во бирократски и правни процеси.
- Мало искуство во основање и водење компании.
- Производот не одговара на пазарот на кој што се нуди.
- Неквалификувана работна сила која не ги поседува потребните знаења и вештини
Повеќе детали како успешно да го позиционираш твојот бизнис на меѓународно ниво, на овој линк: https://www.globalization-partners.com/blog/tips-on-expanding-a-startup-internationally/#gref