Вештачка интелигенција генерира хипотези кои научниците сѐ уште не ги ни помислиле

Алгоритмите за машинско учење можат ги насочуваат луѓето кон нови експерименти и теории. Електричните возила имаат потенцијал значително да ги намалат емисиите на јаглерод, но потребно е наоѓање на алтернативни извори од кои ќе се прават батерии. Научниците неодамна открија четири нови материјали кои потенцијално би можеле да помогнат во ова - а она што го прави сето ова уште поинтересно е како ги пронашле овие материјали: со помош на вештачка интелигеција.
vestacka-inteligencija-generira-hipotezi | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Креирање хипотези и нивно потврдување досега беше работа на научниците. Но, не повеќе. Научниците ја сфатија моќта на машинското учење и се потпираат на него за да дојдат до оригинални сознанија и да ги подобрат процесите во општеството.

На кој начин вештачката интелигенција оди чекор напред пред човековиот ум?

Научниците дизајнираат невронски мрежи со структура инспирирана од човечкиот мозок кои предлагаат нови хипотези засновани на мрежите на податоците наместо да се потпираат на човечки претпоставки. 

Благодарение на ова, во обид да се забрза научниот процес и да се намалат човечките грешки и субјективни размислувања, многу области ќе се потпрат на машинското учење за помош.

Кои индустрии целосно ќе се трансформираат со помош на напредоците на вештачката интелигенција?

1. Здравствениот систем

вештачка-интелигенција-примена

Извор: https://www.pexels.com/

Вештачката интелигенција веќе зема огромен замав во здравството на следниве начини:

  • Поставување поточни дијагнози за пациентите благодарение на големата база на информации;
  • Користење роботика за спроведување комплексни операции на многу побезбеден начин;
  • Изведување прецизни операции без човечка интервенција;
  • Детекција на болести и скенирање на телото за потенцијални заболувања.

2. Преработувачка индустрија

Досега, роботите се користеа за автоматизирање на едноставни, досадни и опасни задачи за луѓето. Сепак, овие системи постојано работеа под надзор на луѓето за да функционираат како што треба. 

вештачка-интелигенција-примена

Извор: https://www.pexels.com/

Меѓутоа, денес, вештачката интелигенција стана многу поефикасна за користење во производството, дури и совршена алтернатива за неквалификуваната работна сила.

Вештачката интелигенција не само што ќе да го замени човекот, туку  ќе ги намали и трошоците за производство. Во просек, еден робот може да замени 250 работници. 

3. Финансискиот сектор

Можеби ти е чудно како вештачката интелигенција може да вмеша прсти со финансискиот свет, кога во финансискиот сектор, човековата интеракција е неизбежна. 

Финансиските советници нема да бидат заменети, но финансиските аналитичари можеби треба да ја преиспитаат сигурноста на своите работни места.

Вешташката интелигенција во блиска иднина ќе ги анализира податоците на клиентите за да понуди персонализирана понуда за клиентите, спречување на перење пари, финансиски измами и слично.

4. Малопродажба и поддршка за клиентите

вештачка-интелигенција-примена

Вештачката интелигенција во голема мера го подобри начинот на кој што се купува онлајн и како компаниите се грижат за своите клиенти. Чат ботовите кои нудат 24/7 поддршка за клиентите се само едно од делата на вештачката интелигенција во оваа насока.

Наскоро може да очекуваме чат ботовите да управуваат со личните детали на клиентите, да даваат персонализирани препораки, па дури и да разговараат како вистинско човечко суштество.

Трансформацијата е на хоризонтот

Вешташката интелигенција допрва ќе ја покаже својата моќ трансформирајќи ја секоја индустрија во блиска иднина – од малопродажба и поддршка за клиенти до јавен превоз и банкарство. 

Прашањето е – колку ние ќе бидеме спремни да ги прифатиме придобивките што ќе ни ги понуди вешташката интелигенција. Дали максимално ќе ја искористиме моќта на ВИ или ќе се вратиме на стариот начин на правење на работите?

Како вештачката интелигенција успева да биде еден чекор пред научниците, дознај од овој линк: https://www.scientificamerican.com/article/ai-generates-hypotheses-human-scientists-have-not-thought-of/

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!