Brainster Next колеџот ќе ги промени стандардите на високото образование

Колеџот ќе се насочи токму на едуцирање на кадар каков што бара домашниот и странскиот пазар – 3 годишни додипломски студии во доменот на најдинамичните и најбрзо растечките индустрии. Сакаме да дадеме вистинска вредност на она парче хартија кое го држите в рака по завршување на студии во полето на информатичките технологии и дигитализацијата, и да ги промениме стандардите за високо образование токму во овие области.
promeni-standardi-vo-visoko-obrazovanie | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

„Колеџот ќе се насочи токму на едуцирање на кадар каков што бара домашниот и странскиот пазар – 3 годишни додипломски студии во доменот на најдинамичните и најбрзо растечките индустрии. Сакаме да дадеме вистинска вредност на она парче хартија кое го држите в рака по завршување на студии во полето на информатичките технологии и дигитализацијата, и да ги промениме стандардите за високо образование токму во овие области.

Претприемач, ентузијаст и иноватор, Петар Ниновски е основачот на Brainster – лидерот во неформалното образование кој во своите 6 години постоење им помогна на повеќе од 10.000 лица да се дообразуваат, преквалификуваат и да бидат чекор поблиску до нивната кариера од соништата. Дури 80% од студентите чијашто цел била да започнат нова професија и кои поминале низ вратите на Brainster се вработени по завршувањето на академиите, правејќи го Brainster не само лидер, туку и пионер во дигитализацијата и предвидувањето на идните трендови во EduTech индустријата.

Успехот на Brainster лежи во амбицијата да ја оствари својата визија – „Ние го подобруваме образованието за вие да го подобрите светот“ и во напорите да се надмине јазот кој се создава помеѓу образованието и реалните потреби на пазарот за труд. Сега, оваа успешна приказна Brainster ќе ја преслика и во формалното образование преку основањето на новата високообразовна институција – Brainster Next колеџот.

Приказната за Brainster започна пред 6 години. Со која замисла и цел тргнавте на тој пат?

Нашите почетоци како и кај повеќето стартапи беа скромни, со 60 студенти, 3-ца вработени и 7 едукатори, но со силен мотив, амбиција и големи идеи за тоа како сакаме да го промениме светот, чекор по чекор. Шест години подоцна, се впуштивме и во меѓународниот пазар, над 10.000 студенти од нашата држава и од странство беа дел од Brainster, а само изминатава година запишавме над 840 студенти на нашите академии и дополнителни 1.000 на нашите курсеви. Нашиот тим значително порасна и веќе брои 50 вработени, а имаме и скоро 100  едукатори – секој од нив експерт во својата област.

Ова се бројки кои укажуваат не само на нашиот раст како компанија, туку и на квалитетот на нашите програми. 

„Според независната платформа за рангирање 99Schools која се базира на квалитативни  рецензии од страна на тековни студенти и алумни на разни образовни институции, Brainster е највисоко рангираниот образовен центар во земјава за 2021 година, во конкуренција од 148 формални и неформални образовни центри.”

Навистина сум горд на овој успех и на целиот тим кој стои зад него, бидејќи ова рангирање доаѓа објективно од самите студенти, на кои ние безрезервно и опсесивно им се посветуваме во текот на целиот процес на едукација и во процесот на започнување на нивната нова кариера.

Тука може да се најде и причината поради која го отпочнавме Brainster – да им помогнеме на сите оние кои се потрага по вистинската професија за нив.

Во 2015-та напуштив добра позиција во интернационална компанија бидејќи увидов можност да започнам бизнис кој за мене, моите партнери и вработени, ќе има голема општествена вредност и ќе влијае позитивно не само на поединци туку и на целата наша економија. Проблемот кој го увидовме тогаш и за кој беше јасно дека во иднина ќе станува посериозен е големиот јаз помеѓу вештините кои се потребни на пазарот на труд и знаењата кои се стекнуваат во формалното образование. Така се роди идејата да создадеме нешто поинакво, едукативен процес кој е фокусиран на студентот, кој ги задоволува образовните потреби на новите генерации, но и потребите на компаниите кои сѐ повеќе се во потрага по кадар квалификуван да работи во дигиталната индустрија.

Најмногу од сѐ затоа што верувавме и до ден денес веруваме дека сме дел од големи промени во образованието и дигитализацијата на домашниот пазар, кои мораат да ја следат промената која се случува секаде во светот.

Очигледно е дека бележите успех како центар за неформална едукација. Зошто решивте да се впуштите и во формалното образование?

Преку Brainster целта ни беше да најдеме решение за еден тековен системски проблем во образованието, кое што поради својот формален карактер и големиот административен обем не е доволно агилен за да ги следи тековните промени и реалните потреби за квалификуван кадар од страна на индустријата. Всушност, сакавме на еден начин да помогнеме онаму каде што образовниот систем потфрлил. Како појдовна точка беа моите лични искуства и искуствата на оние околу мене за време на нивното студирање, како и предизвиците со кои и јас и тие се соочувавме кога излеговме од факултетската клупа и влеговме на пазарот на труд.

Иако досега има напредок во високото образование и постојат доста реформи кои го подобруваат самиот систем и курикулумот по кој се студира, се’ уште постои простор за унапредување на образованието, особено кога станува збор за студиите кои водат до работа во технолошки најнапредните индустрии и во областите кои во голема мера се подложни на забрзана дигитализација.

Ако велиме дека постои еден јаз помеѓу образованието и пазарот на труд – ние преку Brainster сакавме да додадеме скалило коешто  ќе ја намали длабочината на овој јаз и ќе овозможи полесно искачување до професиите кои се навистина најбарани во индустријата.

Сега, преку Brainster Next сакаме и да ја стесниме ширината на тој јаз, односно да изградиме еден мост преку кој ефективно ќе ги подготвиме младите за транзицијата од академскиот во професионалниот свет и адекватно ќе ги поткрепиме со најбараните вештини и знаења од  дигиталната сфера и информатичките технологии.

Она што сакаме да го постигнеме со Brainster Next, е да дадеме вистинска вредност на она парче хартија кое го држите в рака по завршување на студии во полето на информатичките технологии и дигитализацијата, и да ги промениме стандардите за високо образование токму во овие области.

Бреинстер Некст Колеџ

„За успехот на Brainster, секако е заслужен целокупниот тим, којшто  оваа година брои 50 членови“, вели Ниновски.  „Интересен податок тука е што во рамки на нашиот тим, 65% се девојки (жени), од кои 44% имаат менаџерска улога, а дури 50% од целокупниот тим се поранешни студенти кои завршиле академија на Brаinster.“

Како поконкретно планирате да придонесете во образованието за надминување на овој гореспоменат јаз?

Brainster и Brainster Next се многу повеќе од центри за едукација – ние сме активни учесници во два многу важни процеси кои неизбежно мора да се случат во државата, а тоа се редефинирање на образованието и трансформација на ИКТ индустријата.

Податоците од најновиот извештај на Светскиот Економски Форум – The future of jobs report за 2020 година најавуваат дека работните места ќе бидат многу различни во наредните 10 години. Се предвидува дека дури 50% од работните места ќе бидат заменети со автоматизација на истите. Овој податок не мора да значи дека работните позиции ќе бидат заменети со компјутери, туку дека вработените ќе работат заедно со напредни машини кои што се развиваат многу брзо.

Токму затоа, соодветна квалификација на идниот работник ќе биде клучна во наредниот период бидејќи, 10 години од сега, се предвидува дека 90% од работните места ќе бараат поседување на дигитални вештини. Со тоа, младите и недоволно квалификуваните стануваат најранливата категорија во ова поле со најголема потреба за да ги доразвијат или научат потребните вештини кои ќе ги наметнува пазарот на трудот.

Дополнително, Ковид-19 пандемијата ја нагласи потребата за дигитализација во сите области, како и потребата за образование кое е различно, фокусирано на произведување квалитетни кадри неопходни за развој на ИКТ индустријата. Според анализа на МАСИТ, дури 75% од ИКТ компаниите често имаат проблем со наоѓање квалификувана работна сила, а токму овој предизвик се вбројува меѓу главните во работењето, што претставува и бариера за извоз на услуги и производи. Истовремено, ИКТ индустријата континуирано расте, и недостатокот на СТЕМ кадри според проекциите е да достигне 5142 работници до 2025-тата година.

Од ова, станува јасно дека нашата работа има поширок општествен контекст, што ни дава дополнителна сила и мотивација да продолжиме да се развиваме. Целта ни е да обучуваме високо квалитетни дигитални кадри да работат во индустрија на која и се навистина неопходни. Со тоа што ќе креираме образовен процес прилагоден на потребите на денешното динамично време, помагаме да се намали невработеноста и придонесуваме за развој на дигиталната економија. Ова секако би значело и намалување на постојниот јаз меѓу образованието и практичните вештини потребни на пазарот.

„Brainster и Brainster Next се многу повеќе од центри за едукација – ние сме активни учесници во два многу важни процеси кои неизбежно мора да се случат во државата, а тоа се редефинирање на образованието и трансформација на ИКТ индустријата.“

Бреинстер Некст Колеџ

Како одлучивте дека сега е вистинскиот момент за ваков нов подвиг?

По досегашните успеси на Brainster, како и големиот раст на нашата компанија во многу кус временски период, да запливаме во водите на формалното образование е природен следен чекор, кој е во согласност со нашата мисија.

Нашиот развој како компанија која ќе нуди повеќе видови на образовни продукти е етапен и планиран. Благодарејќи на нашата внатрешна организациска поставеност и посветеност, за многу кратко време лансиравме повеќе иновативни образовни решенија и дојдовме до точката кога е вистинското време и да се впуштиме токму во формалното образование преку нудење на додипломски студии во сферата на ИТ и дигиталните технологии, односно 3-годишни академски програми кои ќе понудат модел што ќе ги подготви младите луѓе што полесно да ја направат транзицијата од академската во професионалната средина и што поуспешно да почнат да градат кариера.

За достигнувањето на овој наш следен чекор секако е заслужен целокупниот тим на Brainster, кој оваа година брои 50 членови. Интересен податок тука е што во рамки на нашиот тим, 65% се девојки (жени), од кои 44% имаат менаџерска улога, а дури 50% од целокупниот тим се поранешни студенти кои завршиле академија на Brаinster. Сето ова оди во насока на нашата заложба за еднаквост на родовата распределба во СТЕМ секторот, а воедно и претставува уште еден доказ за квалитетот на знаењето кое се стекнува на нашите досегашни програми. Секако овој успех и оваа заложба планираме да ја задржиме и во иднина во рамки на колеџот.

Воедно, за ова заслужна е и нашата продлабочена соработка со голем број на реномирани домашни и странски компании кои се дел од нашите Co-innovation & Hiring партнери кои им овозможуваат на нашите студенти работа на реални проекти за време на учењето како и можности за пракса и идно вработување. Преку оваа наша соработка, дури 80% од сите алумни на Brainster се вработуваат по завршување на академиите. 

А кога зборуваме за квалитетот, неминовно е да се оддаде една голема благодарност до инструкторите кои предаваат на различните академии, чијашто посветеност, експертиза и способност за пренесување знаење резултира со задоволство кај студентите од 4.85 на скалило од 1 до 5.

Како ќе се разликува Brainster Next колеџот од останатите високо-образовни установи?

Како што посочив претходно, колеџот ќе се насочи токму на едуцирање на кадар каков што бара домашниот и странскиот пазар – 3 годишни додипломски студии во доменот на најдинамичните и најбрзо растечките индустрии – информатичките и дигиталните технологии.

„Brainster Next е институција која е создадена од истражувачи, иноватори и претприемачи кои сакаат да создадат образование за дигиталната ера, образование за иднината.”

Главните точки за диференцијација се следниве:

  • Студиски програми креирани според најновите ИТ трендови со фокус на практична примена на модерни алатки и cutting-edge технологии при учењето;
  • Методологија на учење која е применета на најдобрите и најреномираните универзитети во странство преку работа на решенија и реални проекти во секој чекор од студиите;
  • Т-shaped Learning – односно прилагодено учење, при што секој од студентите ќе може да се фокусира на учење на она што му „лежи“;
  • Тесна соработка со компаниите кои се лидери во својата бранша за поставување адекватни цели на учење, развој на реални производи и овозможување на практична работа во текот на студиите;
  • Менторство од страна на професори кои се реномирани професионалци и експерти во реалниот сектор;
  • Работа во мали групи за овозможување на индивидуален пристап кон секој студен, со посебен фокус на искуството и задоволството на студентите;
  • Кариерно советување и насочување за вработување, само-вработување и други можности по дипломирањето.

Бреинстер Некст Колеџ

Сето ова, ќе го овозможиме во една средина која ќе го поттикнува претприемачкиот дух, каде што ќе биде овозможено кариерно советување и насочување од самиот почеток согласно афинитетите, интересите и талентите на нашите студенти. Бидејќи пред се, опсесивната грижа за нашите студенти е нашиот императив. Воедно, нашата цел е да се произведе кадар кој ќе ги задоволи не само потребите на пазарот на труд, туку и да ги поттикнеме амбицијата и можноста за самостојна работа, за отпочнување на сопствен бизнис, за креирање на иновации во секое поле на нашето живеење и работење.

Сакаме да ги научиме студентите на проактивност, на иницијатива, на смелост, на претприемачко размислување, на етичност, на личен влог во општеството и на еден поинаков mindset во кој тие ќе се реализираат себеси и ќе прераснат во личности што носат промени и ја обликуваат иднината.

Што би сакале да им порачате на идните студенти?

Би сакал да им го кажам она што би си го кажал и сам на себе кога би можел да го сретнам Петар од пред 15 години:

Не престанувајте да учите, секој ден по нешто ново, бидејќи доколку секој ден се подобрувате за 1%, на крајот на годината ќе бидете 37 пати подобри од минатата што е огромен и неверојатен поврат за само 1% подобрување секој ден!

Би ги посоветувал да не се плашат да се залагаат за нивните интереси, да го најдат најсоодветниот начин да ги насочат нивните таленти и интереси кон правење промени кои ќе го подобрат не само нивниот живот, туку и ќе влијаат на целокупниот општествен систем. Да не се плашат да го направат првиот чекор кон совладување на предизвиците; да сонуваат, и да ја визуелизираат својата кариера од соништата.

Да не се помират со ништо помалку од онаа што го заслужуваат, и да останат љубопитни и жедни за знаење, бидејќи денес организации како Brainster постојат поради сонувачи кои ги оствариле своите соништа и сакат да им помогнат на другите да го постигнат истото. Ние сме тука за вас – го подобруваме образованието за вие да го подобрите светот!

Преземено од https://kapital.mk/

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!