Search
Контакт

Кои технолошките трендови треба да ги знае секој кој води компанија во дигиталниот бизнис во 2022?

Секоја година аналитичарите на Гартнер ги идентификуваат клучните бизнис трендови што ќе ја одбележат следната година. Оваа година, списокот содржи 12 стратешки трендови што ќе им овозможат на компаниите да испорачаат раст, дигитализација и ефикасност.
tehnoloski-trendovi-za-kompaniite-vo-2022 | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Како технолошките трендови го поттикнуваат дигиталниот бизнис?

Технолошките трендови имаат цел да ги забрзаат дигиталните способности и да го поттикнат растот во еден бизнис преку решавање на заедничките деловни предизвици за сите инволвирани страни.

Тие нудат патоказ за тоа како Вашата организација да се разликува од конкуренцијата, како до лојални клиенти и вработени, но и исполнување на бизнис целите.

Кои се 12-те стратешки технолошки трендови што ќе ја одбележат 2022 година?

Тренд 1: Флексибилна интеграција на податоци

Флексибилната интеграција на податоци ќе обезбеди ефективен пренос и обработка на информациите низ сите сектори на компанијата, со цел обезбедување подобро корисничко искуство. Ова ќе ја замени рачната работа за управување со информации и до 70%!

tehnoloski-trendovi-2022
Тренд 2: Мрежа за сајбер безбедност

Мрежата за сајбер безбедност е флексибилна, компонирачка архитектура што интегрира широко дистрибуирани и различни безбедносни услуги.

Мрежата за сајбер безбедност е комбинација од современи, самостојни безбедносни решенија што работат заедно за да ја подобрат севкупната безбедност, особено при работа од дома.

Тренд 3: Технологија за зачувување на приватност на податоци

Поради развојот на законите за приватност и заштита на податоците, како и зголемената загриженост на потрошувачите за тоа како се користат нивните податоци, во пораст е користење на таква технологија што од една страна дозволува да се искористи вредноста на собраните податоци, а од друга страна е усогласена со актуелните закони за приватност и заштита на податоците.

tehnoloski-trendovi-2022
Тренд 4: Cloud-Native платформи

Станува збор за технологии што дозволуваат да изградите нови структури за апликации што се флексибилни и агилни и ќе Ви помогнат да одговорите на брзите дигитални промени.

Тренд 5: Составувачки апликации

Составувачките апликации го олеснуваат користењето и повторната употреба на софтверските кодови, забрзувајќи го времето на подготовка на нови софтверски решенија и со тоа ја зголемуваат пазарната вредност на компанијата.

tehnoloski-trendovi-2022
Тренд 6: Одлучувачка Интелигенција

Одлучувачка интелигенција е практичен пристап за подобрување на процесот при одлучување на организациско ниво.

На овој начин, секоја одлука се моделира како збир на процеси, користејќи интелигенција и аналитика за информирање, учење од грешките и усовршување на одлуките.

Тренд 7: Хиперавтоматизација

Хиперавтоматизацијата е мултидисциплинарен бизнис-ориентиран пристап, за брзо идентификување, проверка и автоматизација на што е можно повеќе деловни и ИТ процеси. Таа овозможува приспособливост, далечинско работење и подобрување на деловниот модел.

tehnoloski-trendovi-2022
Тренд 8: Инженерство на вештачка интелигенција

Инженерството со вештачка интелигенција е процес што ги автоматизира ажурирањата на податоците, моделите и апликациите и ја насочува испораката на вештачка интелигенција на потребните места.

Тренд 9: Распределени претпријатија

Распределените претпријатија помагаат при креирање на бизнис модел со фокус на дигитализација, со цел да ги подобрат искуствата на вработените, да ги дигитализираат допирните точки на потрошувачите и партнерите и да изградат интегрирани искуства со производите и услугите што ги нудат.

Распредлените претпријатија ќе бидат одлични за задоволување на потребите за виртуелни услуги и хибридни работни места.

Тренд 10: Интегрирано искуство

Интегрирано искуство е деловна стратегија што ги интегрира искуството на вработените, клиентите и корисничкото искуство низ повеќе допирни точки за да го забрза растот на компанијата.

Оваа стратегија ја зголемува довербата кај вработените и клиентите, нивната сатисфакција и лојалност.

Тренд 11: Автономни системи

Автономните системи се самоуправувани физички или софтверски системи што учат од своите средини и динамички ги менуваат сопствените алгоритми во реално време за да го оптимизираат своето однесување во сложени екосистеми.

Автономните системи создаваат агилен сет на технолошки способности за да ги оптимизираат перформансите и да се бранат од напади без потреба од човечка интервенција.

Тренд 12: Генеративна вештачка интелигенција
tehnoloski-trendovi-2022

Генеративната вештачка интелигенција генерира иновативни нови креации што се слични на оригиналот, но не го повторуваат. Таа има потенцијал да создаде нови форми на креативна содржина и да го забрза истражувањето и развојот во различни области – од медицина до создавање производи.

За да прочиташ повеќе за технолошките трендови што ќе ја обликуваат 2022 година – https://www.gartner.com/en/information-technology/insights/top-technology-trends

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!