7 најголеми трендови на потрошувачката технологија во 2022 година

Технологијата како вештачката интелигенција (AI) и интернетот на нештата (IoT) ја преобликува индустријата овозможувајќи им на професионалците како лекарите, едукаторите и научниците да креираат иновации како никогаш порано. Кои се најголемите трендови на потрошувачката технологија што може да ги очекуваме во 2022 година?
trendovi-na-potrosuvacka-tehnologija-2022 | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Истовремено, потрошувачката технологија го збогатува и нашиот секојдневен живот. Ни помага полесно да комуницираме со пријателите и семејството, да го подобриме нашето здравје, да ги збогатиме нашите домови со корисна технологија или едноставно да уживаме во филмови, музика и игри на полуксузен начин.

Што е потрошувачка технологија?

Потрошувачката технологија е широка категорија на производи и услуги што ни помагаат да ги решиме проблемите или едноставно да имаме подобри искуства во нашиот секојдневен живот. 

Кои се најголемите трендови на потрошувачката технологија во 2022 година?

1. Зголемен број на домашни роботи

Роботите правосмукалки се дел од нашето секојдневие, но компаниите како Amazon нема да застанат овде. Amazon веќе го креираше првиот домашен робот – асистент за домашни обврски. 

Со оглед на големата побарувачка на домашни асистенти, ќе расте бројот на роботи што ќе нудат помош при домашните обврски, следење на здравствената заштита за постарите лица кои живеат сами или пак ќе служат за едукативни цели.

2. Поинтегрирано искуство на паметни уреди

Денес, паметните телевизори освен тоа што ни дозволуваат да гледаме онлајн содржини и да користиме апликации, тие користат и вештачка интелигенција за да ги приспособат својата слика и звук на околината во која се наоѓаат.

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=V9pSD5s7vJg

Тие исто имаат и вградени алгоритми за препознавање на човечкиот јазик, за да можеме да ги контролираме со гласовни команди.

Паметните уреди за потрошувачи во 2022 година ќе се надоврзат на оваа способност да испорачаат персонализирани решенија, без разлика дали станува збор за приспособување на светлината на нашиот ТВ екран или за следење на нашата физичка активност за давање фитнес совети.

3. Виртуелна и проширена реалност за побогати искуства

Ако досега консумиравме дигитални содржини со две од нашите сетила – вид и слух, наскоро нашите онлајн искуства ќе се прошират и на сетилата како: допир, вкус и мирис.

potroshuvacki-trendovi-2022
Извор: www.pexels.com

Технологијата – виртуелна реалност (VR) ќе ни овозможи да го помирисаме и да го допреме она што го гледаме, со цел нашите искуства да изгледаат сè по „вистински“ и интерактивни. 

Сè повеќе производители на содржина ќе бидат мотивирани да ги пренесат своите производи и услуги во виртуелната и проширената реалност за да им обезбедат побогати и пореални искуства на своите корисници.

4. Новиот филм Матрикс како поттик за креирање метаверзум

Новиот филм „Матрикс“ ќе го поттикне интересот за метаверзум – дигитален свет каде што ќе се спојат реалноста со виртуелноста, во форма на научна фантастика, што веќе се практикува во видео игрите.

Паралелно, компании како Facebook, Nvidia и Microsoft ги презентираа своите планови за метаверзумот, со цел да создадат извонредни онлајн средини за работа, дружење и игра. 

5. Имплементирање на 5G и други ултрабрзи мрежи во нашето секојдневие

5Г технологијата ќе биде новата норма за сите уреди што користат интернет. Ова ќе значи дека видео услугите со поголема резолуција и брзина, 8K стриминг, онлајн гејминг и виртуелната реалност ќе почнат да стануваат достапни за секој од нас. Со тоа, нема да има повеќе потреба од обемни процесори и графички чипови.

potroshuvacki-trendovi-2022
Извор: www.pexels.com
6. Паметни домови и интернет на нештата

Трендот – сите домашни работи да станат сè повеќе „паметни“ и способни да комуницираат и да се поврзуваат едни со други на поефективни начини ќе биде во фокусот и во текот на 2022 година.

Аналитичарите во Гартнер предвидуваат дека просечниот дом ќе користи повеќе од 500 паметни уреди во текот на 2022 година.

Во моментов, уредите од различни производители генерално работат со помош на сопствени протоколи. Тие немаат еквивалент на Windows или MacOS за да им овозможи на потрошувачите да управуваат и да ги синхронизираат сите уреди.

Ова ќе се промени во 2022 година, кога се предвидува дека пазарот за паметни домашни уреди ќе порасне на 53 милијарди долари.

7. NFT, блокчејн и дигитални копии
potroshuvacki-trendovi-2022
Извор: www.pexels.com

Блокчејнот, NFT (уникатни токени што можат да се креираат и складираат на блокчејн) и дигитални близнаци (Digital Twins – дигитални модели или реплики на производи или процеси од реалниот свет) ќе го променат начинот на кој ние ја користиме технологијата. 

Во 2022 година ќе почнеме да гледаме како тие имаат импакт врз производите за широка потрошувачка. Потрошувачките брендови како Sony, Asics и Coca-Cola веќе почнаа да креираат дигитални добра и услуги за да го зголемат своето портфолио.

Прочитајте повеќе за трендовите на потрошувачка технологија за 2022 на овој линк – https://www.forbes.com/sites/bernardmarr/2021/12/07/the-7-biggest-consumer-technology-trends-in-2022/?sh=7a271a404ea2 или погледнете го видеото https://www.youtube.com/watch?v=EYwgfjhy6M4

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!