Веќе ги гледаме ефектите од климатските промени: просечните температури растат, нивото на морињата се покачува, а глечерите се топат.
Зачестени екстремни временски неприлики како: суши, циклони и поплави се нашето ново секојдневие. Тие го уништуваат земјоделството и се закана за исчезнување на многу растителни и животински видови. Добра вест е дека може многу да се стори во врска со ова.

Стартувајќи од менување на секојдневните навики, сѐ до ширење на свеста, секој од нас има моќ да направи промена со елиминирање на следниве прашања:
Прашање 1: Дали ова е “новото нормално” за климатските промени?
За жал – да. Но, нема потреба да го користиме терминот “новото нормално” во контекстот како што го користиме за Ковид-19 пандемијата.
Целта на прашањето е наместо да се разговара што ќе се случи во наредните години, децении или векови, да се фокусираме на она што може да се случи денес и како да го превенираме истото.
Прашање 2: Дали оваа година ќе биде најтопла или најстудената досега?
Овој тип на информации повеќе не се ударни вести. Последиците од екстремните температури, врнежите, нивото на морето, загубата на арктичкиот морски мраз или ураганите сè почесто се дел од нашето секојдневие и треба да го прифатиме тоа како факт.

Но, наместо само да бидеме пасивни сведоци на временските непогоди, треба да делуваме со можни решенија на индивидуално и колективно ниво.
Прашање 3: Дали дејствуваме доволно брзо за да спречиме катастрофи од поголеми размери?
Не! По усвојувањето на Парискиот договор за заштита на климата во 2016, светот беше оптимист дека нештата ќе бидат подобри на овој фронт.
Шест години подоцна, речиси ништо не е променето. Ни треба истото чувство на итност со климатските промени како што се случи со развивање на Ковид-19 вакцината.
Дали имаме капацитет да го сториме тоа?
За да навлезете подлабоко во горенаведените 3 прашања – https://www.forbes.com/sites/marshallshepherd/2021/12/07/3-questions-about-climate-change-that-need-to-disappear-in-2022/?sh=2d55a55c353e