Next big thing: Просторно пресметување

Во секојдневие каде виртуелната реалност станува сѐ почеста појава која ја забележуваме, и примената се зголемува, што е следно во оваа линија? Го нарекуваат просторно пресметување, но што сѐ се подразбира под него?
Next-big-thing-prostorno-presmetuvanje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Што е просторно пресметување?

Просторното пресметување не е само уште едно технолошко решение, туку спојување на концепти кои ни се познати од научно-фантастичните филмови како виртуелна (VR), аргументира (AR) и мешана (MR) реалност.

За разлика од традиционалното пресметување, кое се изведува зад 2Д екран, просторното пресметување ги користи AR, VR и MR за да направи компјутерски кориснички интерфејс кој ќе делува природно за употреба. 

Оваа комбинација значи дека компјутерите целосно ќе го разберат нашиот реален свет благодарение на нивните сензори и камери и на тој начин ќе ни го направат животот полесен и позабавен.

Како се користи просторното пресметување во секојдневието?

Дали сте се сликале со филтри на кучешки уши, очила или мустаќи? Аплицирање на овие забавни филтри е можно благодарение на просторното пресметување. 

Без него, би било невозможно за нас да комуницираме со виртуелни домашни асистенти како Alexa. Дури и апликациите со мапи користат просторно пресметување за да им дадат прецизни информации на возачите за моменталната густина на сообраќајот и застои на патот.

Просторно-пресметување

Извор: https://unsplash.com/

3 начини како просторното пресметување ќе го промени начинот на работа

  • Поефикасна обука на вработените со генерирани 3Д средини што личат на вистинските работни места;
  • Подобра евиденција на нови заразени со Ковид-19 и сценарија за избегнување на физичкиот допир;
  • Подобра комуникација со вработени и компании на далечина со користење на аргументирана реалност за споделување клучни информации.

Просторно пресметување: Што е следно?

Просторно-пресметување

Извор: https://unsplash.com/

Како што 5Г технологијата се развива и станува достапна на се повеќе места во светот, софтверот и хардверот на технологиите како VR и AR уште повеќе се развиваат на сметка на тоа за да станат изводлива опција помеѓу индустриите.

Оваа еволуција ќе доведе до поголем развој на свет во кој виртуелното и реалното стануваат едно, целосно трансформирајќи го нашето разбирање за интеракциите помеѓу човекот и машината засекогаш.

Како просторното пресметување ќе ја обликува нашата иднина, дознај од овој линк: https://www.scientificamerican.com/article/spatial-computing-could-be-the-next-big-thing/

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!