Search
Контакт

Што е всушност 5Г?

5Г сѐ почесто и во се поразлични контексти се споменува во последно време. Го гледаме во безброј реклами за телефони и телефоните од поновите генерации веројатно веќе го користат. Но, дали знаете како функционира?
sto-e-5G-tehnologija | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Што е 5Г мрежа?

Терминот 5Г ја означува 5та генерација на мобилни телекомуникациски врски, чија главна карактеристика е брзината на пренос на податоци и можноста за масивно поврзување на уреди.

5Г има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа. Еве и пример за ова: Aко податок од 1MБ 4Г мрежата го пренесува за помалку од секунда, 5Г ќе го пренесе за помалку од 0,001 секунда.

И покрај големата моќ и брзина на пренос на информации, научниците негираат дека 5Г мрежата може да донесе ризик по здравјето или околината.

Фреквенциите кои ги користи 5Г мрежата воопшто не се разликуваат оние што ги користи 4Г мрежата. 5Г работи на фреквентен опсег од околу 26 гигахерци и има нејонизирачко зрачење, што значи дека не постои можност да предизвика канцер или некоја друга болест.

5Г-технологија

Извор: https://media.geeksforgeeks.org/

На кој начин 5Г мрежата може да го подобри начинот на кој луѓето живеат, работат и играат игри?

1. Драстично поглема брзина на интернетот

Во споредба со 4Г, 5Г ни носи до 1000 пати поголема брзина на интернетот. Ова значи дека ако сакаш да симнеш филм, наместо да чекаш десетина минути, филмот ќе ти се симне за помалку од минутка. Или ако симнуваш песна за една минута, истата ќе ја добиеш за само неколку секунди.

Ова е значителна заштеда на време и енергија.

2. Ниска латентност

Латентноста мери колку време е потребно сигналот да оди од неговиот извор до примачот, а повторно да се врати назад. Новите 5Г мрежи ќе имаат многу пониска латентност од 4Г затоа што преносот на податоци ќе трае помалку од 6 милисекунди.

Латентноста на 5Г ќе биде побрза од човечката визуелна обработка. Ова ќе овозможи далечинско управување со уредите во речиси реално време. 

3. Подобрено искуство за гејмери

Гејмерите исто така со нетрпение го очекуваат воведувањето на 5Г. Комбинацијата на голема брзина и минимално задоцнување е совршена за апликациите за виртуелна реалност (VR) и за аргументирана реалност (AR). 

Се очекува овие апликации драстично да ја зголемат својата популарност поради непреченото искуство кое ќе го понудат со помош на 5Г мрежата.

4. Подобрување на процесите во општеството

5Г-технологија

Извор: https://berec.europa.eu/

5Г создава плодна почва за развој на интернетот на нештата (IoT). Со капацитет за стотици или илјадници уреди кои беспрекорно комуницираат меѓу себе, ќе се подобрат процесите во сечиј дом, секој град, компанија, фабрика и училиште.

Ова особено ќе има импакт во фабриките каде со помош на 5Г ќе се автоматизираат процесите за управување со синџирот на снабдување, обезбедувајќи навремена испорака на материјали и минимизирање на прекините на работата.

Од индустриска автоматизација до паметни градски семафори, дополнителниот мрежен капацитет на 5G ќе влијае на секој аспект од нашите животи.

5. Широка достапност и покриеност

Комбинацијата на зголемена брзина и мрежен капацитет на 5Г мрежите ќе создаде потенцијал за пренос на поголеми количини на податоци отколку што беше можно со 4Г технологијата.

Ако досега во преполн стадион беше предизвик да се обезбеди беспрекорно поврзување на интернет, со воведување на 5Г, љубителите на спортот ќе имаат можност да го пренесат во живо своето искуство од кое било место во арената.

Некои градови веќе почнаа да воведуваат и 5Г на ниво на целиот град, со што ќе им обезбедат на своите жители непречено интернет искуство.

5Г-технологија

Извор: https://www.counterpointresearch.com/

Кога можеме да ја очекуваме 5Г технологијата во Македонија?

Се очекува до 2023 година градот Скопје да биде покриен со 5Г мрежа. Засега поставена е една базна станица за тестирање на 5Г технологијата и се очекува таа бројка да расте како што се приближува 2023та година.

За да дознаеш повеќе за 5Г технологијата и нејзините придобивки, погледни го следново видео:

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!