Научи вовед во Python, NumPy и SymPy со бесплатниот курс Математика во Python

Онлајн курсот Математика во Python е со вредност од 700 евра, но Brainster Next College го нуди целосно бесплатно. Дознајте што ќе научите во првите два модули.
voved-vo-python-matematika-vo-python | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Курсот Математика во Python го создаде Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.

„Целта на курсот е да ги поттикне учениците да ја искористат моќта на програмирањето во справувањето со математичките проблеми, длабинско размислување за нивните решенија и со тоа развивање на посилна математичка основа“, сподели Петар Јолакоски.

Во првите два делови од курсот ќе научите основни алатки од програмскиот јазик Python, NumPy и SymPy кои ќе се користат низ целиот курс.

Прво, ќе научите како се користи јазикот како дигитрон, односно како се прават обични пресметки, а потоа на направената пресметка често се дава име (променлива) која ќе ја чува вредноста. Следно, ќе се учи наредбата print() за печатење на таа вредност или било кој текст кој помага за следење на резултатите од пресметувањата.

Често ќе имате дел од кодот што се реискористува, односно се јавува потреба за негово повторно користење. Овој тип на код заради заштеда на време и енергија ќе научите како да го автоматизирате преку дефинирање на функција. Понатаму, ќе научите како некои пресметки да се прават само кога одредени услови ќе бидат задоволени. Ова се прави со if наредбата.

За автоматско и брзо изминување на секој елемент од некоја низа се користат циклуси (loops): for и while циклус. Наредбите во for циклусот се повторуваат еднаш за секој објект во одредена листа или колекција од објекти (променливи) – во овој случај имаме познат број на итерации. Од друга страна, кога го користиме while циклусот сакаме бројот на итерации да остане флексибилен. Конкретно, наредбите кои се извршуваат во рамки на овој циклус се извршуваат сè додека е точен условот внесен веднаш по клучниот збор while.

Следно, коментарите не се извршуваат како Python код, па можеме да напишеме било што кое ни треба за да го документираме или објасниме кодот.

Второ, ќе научите основи на NumPy како основен пакет (библиотека) за научно пресметување во Python. Тоа е библиотека за големи, повеќедимензионални низи и матрици, и за спроведување на комплексни математички функции кои оперираат на овие низи. Дополнително, овој пакет помага за генерирање матрица или низа од соодветна димензија чиишто елементи ќе бидат случајни броеви. Оваа библиотека е важна за областа Линеарна алгебра и некои делови од Веројатност.

Трето, во вториот дел од курсот ќе се учи основно симболичко пресметување во SymPy кое ви овозможува да ја направите целата алгебра што инаку би требало да се направи на хартија. Конкретно, ќе се учи за разликата помеѓу симболичка и нумеричка математика во програмски јазик и како се дефинираат симболи за непознатите променливи. Дополнително, ќе научите како симболичкото пресметување е корисно за манипулирање со алгебарски изрази. Конкретно, ќе се покаже основно факторизирање, проширување на изрази и заменување на вредности на местото на симболите.

На крај ќе учите за основи на LaTeX кој претставува стандард за комуникација и објавување на научни документи и трудови. Тука, ќе научите основни работи од LaTeX програмирањето кои се користат за правилно и професионално запишување и комуницирање на математички формули и идеи.

Бесплатниот онлајн курс Математика во Python е креиран од Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College, со цел да им овозможиме на сите идни студенти да добијат подобра математичка основа за на факултет и брзо и лесно совладување на математички предизвици.

Почни со учење сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!