Едноставноста е клучот на добриот UX/UI

Секоја професија има убави, но предизвикувачки моменти. Го креиравме овој серијал со цел да ти дадеме увид како изгледа еден работен ден на UX/UI дизајнер.
vo-svetot-na-ux/ui-dizajner | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Во овој блог ќе можеш да се запознаеш со Кирил Николовски, еден од предавачите на предметот Дизајн на кориснички интерфејс кој се изучува во првата година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). На редовните анкети што им се испраќаат на студентите каде што тие можат да го искажат своето задоволство од програмата и предавачите, студентите го оценија Кирил со оценка 4.7.

„Забавен, креативен, многу мотивиран и секогаш расположен да ни пренесе многу информации“, ни сподели Дамјан Петрушевски, студент на Brainster Next College.

Кирил исто така е дел и од дизајн тимот на Brainster (Бреинстер) и Brainster Next College каде што со своите знаења и вештини придонесува во целиот UX/UI дизајн.

Во продолжение, дознај повеќе за Кирил Николовски и како изгледа еден ден во животот на UX/UI дизајнер

Зошто стана UX/UI дизајнер? Што те привлече кај оваа професија?

Со UX/UI дизајнот се запознав преку мојата предходна позиција, која делумно сè уште ја работам секако, графичкиот дизајн. Во самите почетоци на мојата кариера како дизајнер и почетоците на Brainster како организација дизајн тимот сè уште беше прилично малоброен. Во овие моменти имав можност да се запознаам и да испробам повеќе правци во дизајнот, сè од илустрација до анимација и UX/UI. Она што најмногу ми остави впечаток и ме привлече да продолжам да работам и да се надградувам на полето на UX/UI е целокупниот процес на работа и инстантниот импакт кој корисниците го чувствуваат доколку процесот кој претходел е успешно сработен.

Објасни ни го процесот на UX/UI дизајнот.

Секој проект сам по себе си бара различен процес на работа, меѓутоа постојат низа на чекори кои е пожелно да се пратат и применуваат при работа на еден проект со цел да се оптимизира процесот на работа и секако да се добие успешен и функционален продукт. Не секогаш по точен редослед, но дел од чекорите кои треба да се применуваат при секој проект се:

  1. Дефинирање на целта на проектот. Што точно треба да се изработи, зошто, како и кои се очекувањата.
  2. Research. Постојат многу различни видови на истражувања кои ни носат различни информации и заклучоци, секој проект бара различен сет на методи за истражување.
  3. Анализа на истражувањата и планирање
  4. Дизајн. Овој процест е доста широк, абстрактен и опфаќа сè од генерирање moodboards до дефинирање на визуелниот идентитет, скицирање на wireframes и дефинирање на финалниот кориснички интерфејс.
  5. Прототипирање на продуктот
  6. Тестирање пред лансирање и како последен чекор
  7. Лансирање на продуктот.
Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?

Користам еден куп најразлични алатки, софтвери и екстензии во секојдневието. Но, ако треба да изберам две до крај на живот – Figma и Photoshop!

Колку е важна соработката на UX/UI дизајнерот со другите тимови?

Многу! Конкретно корисничкото искуство или UX-от како област многу зависи од истражувања и анализа на секаков вид на информации, кои пак можеме да ги добиеме од останатите тимови во организацијата. Така да, би рекол дека доколку сакаме еден UX процес да биде целосен и успешен, соработката меѓу сите тимови е од клучна важност. Останатиот дел од процесот или изработката на корисничкиот интерфејст (UI) e плод на добро сработениот UX.

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на UX/UI дизајнер?

Кафе и утрински состанок со дизајн тимот се првите две активности со кој го започнувам секој ден. Состанокот со дизајн тимот е важен дел од секој работен ден, секое утро на тој состанок правиме тимска координација и проверуваме дали постојат или има опасност од појава на проблеми при работа на сите членови на тимот. Оттука, па натака секој ден е различен во зависност од фазата на проектите кои ги работиме.

Како и за секоја модерна работна позиција од tech индустријата и оваа си бара константно учење и напредување во областа, така да гледам секој ден покрај секојдневните работни обврски да одвојам малку време и за читање и истражување околу тоа што има ново и актуелно во дизајн светот, па општо и за tech заедницата.

Што те инспирира?

Немам точен одговор на ова прашање, секогаш ме инспирираат различни работи. Колегите, други дизајнери кои ги следам на социлани мрежи, добри проекти на Behance, музика, успешни луѓе од секоја област, одмор, некогаш и работа. 😁

UX/UI дизајн е креативна професија со простор за слободно изразување. Но, понекогаш е нормално да се има креативна блокада. Како се справуваш со тоа?

Сите креативни професии резултираат со креативни блокади во одредени моменти, според мене и тоа е дел од процесот на создавање. Креативната блокада ја гледам како знак за премореност, така што во 90% од ситуациите кога се соочувам со ова, станувам од лаптоп и правам нешто друго. Останатите 10% се ситуации во кои одреден проект или таск мора да се заврши во предвиден рок и нема простор за компромис и одмор, во овој случај тасковите пробувам да ги завршам без многу експериментирање и иновирање во рамки на дизајн системот кој го имаме воспоставено како тим.

Која е тајната на успешниот UX/UI дизајн?

Less is more! Едноставноста е клучот на добриот UX/UI. При користење на еден продукт, веб-страница или апликација корисниците сакаат да дојдат и да го пронајдат она што го бараат на најбрзиот и најлесниот можен начин. Работи кои треба да се избегнуваат при дизајнирање на еден продукт се комбинација на пренатрупани лејаути, голем број на бои, икони, збунувачки и долги текстуални полиња, различни илустрации и така натаму. Чист и јасен дизајн со кратки и точни информации, добар фонт и складна колорна палета се доволни елементи кои треба да ги содржи еден добар продукт за да го привлече и задржи вниманието на еден корисник.

И за крај, твојот совет за сите идни UX/UI дизајнери?

“Rely on consistency not on motivation.”

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!