Стравот од AI е неоснован!

Што кажа нашиот професор Ивица Пешовски за користењето на вештачката интелигенција. Дали има основана причина за страв од AI?
Share

Дали вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето? Дали AI ќе ни ги земе работните места? Како AI (ќе) влијае врз вработувањата?

Овие горливи и актуелни прашања веројатно допрва ќе бидат одговорени. Но историски гледано, со технолошките трансформации се автоматизираат одредени задачи, што доведува до промени на работните места во некои сектори. Истовремено се создаваат и нови работни позиции и се зголемува продуктивноста во други. Вештачката интелигенција има потенцијал да ги подобри човечките перформанси и ефикасноста, и да создаде нови можности во индустријата. 

Во овој процес важно е младите да учат по најсовремени програми што ги следат трендовите и се приспособуваат на промените во ИТ-светот. Согледувајќи ја потребата да се подготват студентите со вештини за работа со AI, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) во својот курикулум и предавањата ги аплицира најновите AI алатки.

Работата со AI ќе биде на ниво на користење интернет

Влијанието на вештачката интелигенција врз вработувањето зависи од различни фактори, вклучително и како општествата, бизнисите и поединците се приспособуваат на променливиот пејзаж. Проактивни мерки, како што се инвестирање во образование, обука и етички практики за AI, може да помогнат во ублажувањето на потенцијалните негативни последици и максимирање на придобивките од технологиите за вештачка интелигенција.

Разбирањето на вештачката интелигенција е клучно при ракувањето со неа. Соодветни образовни програми и пракса се клучот до побрза и полесна адаптација. 

Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College, а воедно и Chief Technology Officer на Brainster вели дека во скора иднина познавањето и работата со AI алатките ќе биде на ниво на ракување со интернет и компјутери. 

„Стравот од AI е неоснован! Луѓето што во почетокот на овој век не научија да користат компјутер и во почетокот на втората деценија на овој век не научија да користат интернет, денеска навистина очекувам да имаат сериозни тешкотии на повеќето работни места, од најтрадиционални до најсовремени. Истото нè очекува со AI, ако луѓето не научат како да ја користат вештачката интелигенција, многу веројатно ќе имаат тешкотии со наоѓање работно место за неколку години, меѓутоа, тоа во никој случај нема да значи дека таа, вештачката интелигенција, им ги зела работните места. Напротив, инерцијата кон адаптирање на промени би била виновна за тоа“ – вели Пешовски.

Тој нагласува дека е важно поединците да разберат дека за да ракуваат со AI, не се потребни специјални стручни предзнаења. 

„Исто како што за да се користи компјутер, луѓето не треба да знаат операции со бинарни броеви, разни програмски јазици и други аспекти на компјутерските науки. Ниту пак за да користат интернет треба да имаат длабоко познавање од компјутерски мрежи, протоколи за пренос на податоци и слично. Тие ги користат алатките преку интерфејсот што за нив е подготвен од луѓе што го разбираат тоа и чија професија е да го овозможат таквото однесување. Истото се случува со вештачката интелигенција. Луѓето не треба да знаат машинско учење, науки за податоци и други сложени и многу технички детали. Тие треба да знаат да ги користат интерфејсите што за нив ќе ги подготват луѓето чија професија е токму тоа. Ова е и целта на користењето на AI за време на предавањата на Brainster Next College – да им се доближи на студентите употребата на AI во секојдневните активности и да се подготват за работните места за не така далечната иднина“ – вели Пешовски.

AI во Brainster Next College

Вештачка интелигенција како концепт постои уште од 60-тите години на минатиот век, меѓутоа дури во 2022 година, со појавата на ChatGPТ, оваа форма на вештачка интелигенција претставена преку големи јазични модели (large language models), зеде вистински глобален замав. Кога првпат беше претставен ChatGPT, многу институции, но дури и држави како Италија, а дури и целиот континент Австралија ја забранија неговата употреба во образовна средина. Ова беше како резултат на стравот од страна на одговорните за носење одлуки во тие средини дека нешто ќе му се случи на системот кој и онака не функционира и кој несомнено треба да претрпи коренити реформи.

„Во нашиот случај, најпрво во Brainster, па подоцна и во Brainster Next College негувавме култура на согледување на работите од поинаков агол, барање можности за постојано подобрување и не толерирање отпорност на промени. Од прв ден кога ние самите ги искусивме придобивките од вештачката интелигенција спакувана во алатка како ChatGPT, знаевме дека тоа е иднината на образованието и дека наместо да ја забрануваме, треба да ја охрабруваме, поттикнуваме и да ги подготвиме нашите студенти за иднината што доаѓа“, изјави професорот Ивица.

Лансирањето на ChatGPT коинцидираше со стартот на Brainster Next College. Во октомври 2022 започна нашиот прв семестар и во истиот тој месец, компанијата OpenAI дозволи јавен пристап до ChatGPT.

„Ова беше можност која јас како професор на факултетот одлучив да ја следам, и како поле на иден развој на мојата истражувачка кариера и како насока во која ќе ги водам студентите низ нивното студентско патување. Уште од првите лабораториски вежби студентите беа охрабрени да користат јазични модели за помош при нивното решавање. За да функционира овој начин на спроведување настава, морав да ги прилагодам задачите и материјалите така што од студентите ќе изискуваат разбирање, толкување и размислување и начин на кој без доволно разбирање на предметниот материјал, пристапот до ChatGPT и останати AI алатки е залуден. Втора година по ред, 20-тина лаборатириски вежби и 10-тина испити подоцна, сè уште студентите користат AI алатки на дневна основа, со цел да си го олеснат учењето и полесно да го совладаат материјалот, а не за да измамат оценки што со ваквиот начин на функционирање е невозможно“, дополни Пешовски.

Сето ова вроди со плод. Досега, за време на студиите, студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации сработија неколку одлични проекти кои се доказ дека курикулумот и предавањата навистина ги спремаат за реалната работна средина. Креирање на платформата bitbite.mk, редизајн на веб-страницата на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин, програмирање на апликацијата Breathe.mk се само дел од проектите што веќе го красат нивното портфолио.

Драг ChatGPT, што да очекуваме во 2024?

Во новата година се предвидува дека AI ќе донесе подобрување и поголема ефикасност на повеќе работни места. 

„Несомнено е дека 2024 година ќе биде доминантна година за AI. Го паметам времето кога на прсти се броеја луѓето што поседуваа компјутер, па потоа и времето кога точно знаевме која куќа/стан има пристап до интернет. Денес овие работи се смешни; речиси и да не постои семејство без неколку компјутерски уреди (лаптопи, телефони, смарт-уреди) и пристап до широкопојасен интернет. Слично е денеска со AI. Може релативно лесно да се набројат луѓето што се запознаени и активно ги користат благодатите на вештачката интелигенција. Ова многу брзо ќе се смени и мое мислење е дека веќе во 2024 ќе искусиме масовна употреба на генеративна вештачка интелигенција во нашите секојдневни животи“ – вели Пешовски.

Ја прашавме и вештачката интелигенција, поточно ChatGPT, што да очекуваме во 2024 на план употреба и напредок на AI. Ова е сумираниот одговор што го добивме:

AI ќе придонесе во напредна автоматизација на рутинските и репетитивните работни задачи во повеќе индустрии. Ова може да доведе до поголема ефикасност, заштеда на ресурси и трошоци и редефинирање на работните улоги. Се очекува АI алгоритмите да станат пософистицирани во понудата на персонализирани искуства, што ќе се рефлектира во поперсонализирана препорака скроена по потребите на секој клиент поединечно. 

AI има потенцијал да ги подобри перформансите во здравствените и дијагностичките центри, во едукацијата, сајбер-безбедноста и програмирањето. Да даде придонес во климатските науки и справување со кризи. AI ќе им биде од корист на големите компании, но и на малите бизниси и стартапи кои немаат доволно капацитет и ресурси. Ќе помогне во креативните индустрии, во маркетингот, филмот, музиката, уметноста, книжевноста…

Човечката vs вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција нема напредната програма за автоматско пишување содржина на литературен македонски јазик, па ако се обидете да се потпрете целосно, текстот што го пишувате нема да биде разбирлив. Ќе има и многу граматички и синтаксички грешки. Но, во ситните грешки и творечкиот потенцијал на човекот е разликата. AI во овој случај ја дополнува содржината и ја прави порелевантна за дадената тема. Паметното користење ја олеснува работата, но не може да ги замени искуството, емоцијата и креативноста што може да ги даде човекот.

Стоејќи пред уште една нова технолошка револуција, останува прашањето дали вештачката интелигенција целосно ќе нè замени или ќе ни биде сојузник во намерата да бидеме подобри? Дали ќе нè направи нерелевантни или, пак, повешти, поефикасни и подобри? Дали таа веќе знае повеќе за нас отколку ние за неа? Веројатно треба да научиме како да бидеме во чекор со AI.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Подготви се и ти за ИТ-кариера од иднината и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!