Стекни вештини за решавање тригонометрија на позабавен начин

Онлајн курсот Математика во Python е со вредност од 700 евра, но Brainster Next College го нуди целосно бесплатно. Дознајте што ќе научите во шестиот модул.
matematika-vo-python-trigonometrja | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Курсот Математика во Python го создаде Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.

„Студентите што ќе го поминат целиот курс ќе се стекнат со потребните математички вештини за понатамошни студии во STEM (Science, Technology, Engineering & Mathematics) областите на факултет“, ни сподели Петар Јолакоски.

Шестиот дел од курсот се однесува на Тригонометрија, дел од математиката кој има примена во бројни области како на пример геодезија, навигација и движење на планетите. Конкретно, основните работи од оваа област се потребни за полесно разбирање на некои основни идеи од Линеарна алгебра. Тригонометријата ги проучува својствата на правоаголни триаголници, односно врските помеѓу аглите и односите на должините на страните. Фокусот во овој дел ќе биде на основните тригонометриски функции, мерни единици за агол и за врската помеѓу експоненцијалната и основните тригонометриски функции.

Во овие видеа ќе научите за основните тригонометриски функции кои ги опишуваат односите помеѓу страните на правоаголен триаголник. Синусната функција го опишува односот помеѓу должината на катетата, спротивна на аголот, и должината на хипотенузата. Од друга страна, косинусната функција го опишува односот помеѓу должината на катетата, прилепена до аголот, и должината на хипотенузата. Ќе ги проучуваме овие функции преку нивното графичко претставување, конкретно како тие се менуваат со зголемување и намалување на аголот. Потоа, ќе научите за двата главни начини за мерење на агли – степени и радијани. Ќе дознаете како да ги претворите едниот во друг и како да работите со нив во контекст на проблеми од тригонометрија.

Важен концепт во тригонометријата е периодичноста на синусната и косинусната функција. Ќе ја истражиме оваа периодичност преку анализа на кружница со радиус 1, познат како единичен круг. Овој круг ќе ви овозможи да го проучите односот помеѓу аглите и вредностите на синусната и косинусната функција. Следно, ќе биде објаснето инвертирањето на тригонометриските функции. Ќе дознаете дека инверзните тригонометриски функции се користат за наоѓање на аглите, користејќи ги вредностите на синусната, косинусната или други основни тригонометриски функции.

Ќе се запознаете со Питагоровата равенка, која го опишува односот помеѓу страните на правоаголен триаголник. Оваа равенка го посочува односот помеѓу плоштините формирани од страните на хипотенузата и катетите. Преку оваа равенка, ќе ги дефинираме познатите тригонометриски идентитети за синусната и косинусната функција. Потоа, ќе се потсетите на комплексните броеви и ќе научите некои основни операции со нив и како да работите во контекст на тригонометријата. Следно, ќе ја истражите Питагоровата равенка во контекст на правоаголен триагоналник формиран во комплексната рамнина, каде хипотенузата е растојанието од координатниот почеток до крајната точка дефинирана од позицијата на комплексниот во рамнината. Ова ќе ви помогне да ја дефинирате врската помеѓу експоненцијалната и тригонометриските функции преку Ојлеровата фундаментална формула. Потоа, ќе се запознаете со посебен случај на оваа формула познат како Ојлеров идентитет за на крај да научите како да го нацртате единичниот круг во комплексната рамнина.

Бесплатниот онлајн курс Математика во Python е креиран од Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College, со цел да им овозможиме на сите идни студенти да добијат подобра математичка основа за на факултет и брзо и лесно совладување на математички предизвици.

Почни со учење сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!