Водич за секој дизајнер: Боите и нивното значење

Боите имаат неверојатна способност да предизвикуваат емоции, да пренесуваат пораки и да ги обликуваат нашите перцепции. Дознај какво значење имаат.
vodic-za-sekoj-dizajner | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Во светот на дизајнот, разбирањето на значењето на боите е основна вештина која може да ги издигне креациите од обична визуелност до извонредни дела. Со искористување на моќта на боите, дизајнерите можат да воспостават хармонични композиции, да го подобрат идентитетот на брендот и да воспостават силни врски со својата публика.

Сите сме свесни за конекцијата помеѓу боите и емоциите, односно знаеме дека одредена боја влијае позитивно или негативно на нашето расположение.

Во овој блог пост ќе дознаеш за улогата која ја играат боите во креирањето слика за одреден бренд, односно како дизајнерите, па и маркетерите ги користат за да го добијат ефектот кој го посакуваат.

Наједноставно кажано – топлите бои поттикнуваат чувство на возбуда, даваат енергија и храброст, додека спротивните, поладни бои од спектарот како на пример сината или зелената, влеваат чувство на смиреност и сигурност.

Знаејќи ги овие информации, дизајнерите го користат спектарот на бои со цел да ги предизвикаат саканите емоции и чувства кај определената целна група.

Жолта – оптимизам и привлекува внимание

Па така на пример, жолтата е весела боја која поттикнува чувствo на оптимизам и привлекува внимание. Иако се смета дека е оптимистична боја, според истражувањата се покажува дека луѓето се поосетливи, а бебињата повеќе плачат кога се наоѓаат во жолти простории. Оваа боја ја стимулира концентрацијата и го забрзува метаболизмот.

Портокалова – авантура и преземање ризици

Портокаловата боја зрачи со топлина и поттикнува весели емоции. Бидејќи ни дава чувство на емоционална стабилност и позитивен став, добро е да ја користиме кога поминуваме низ потешки периоди во животот. Оваа боја асоцира на авантура и преземање ризици, па би било добро да биде дел од нашето секојдневие, без разлика дали ќе облечеме блуза во портокалова боја или ќе одбереме нотес со портокалови корици.

Црвена – достоинственост и храброст

Црвената е најинтензивната боја во спектарот која го забрзува пулсот, оддава впечаток на достоинственост и храброст. Привлекува внимание и би требало да внимавате во која прилика ќе одлучите да носите нешто црвено. Премногу црвено делува агесивно и нападно, додека детал во црвена боја ќе ви помогне да се одвоите од толпата. Од друга страна, нејзината полесна, романтична варијанта – розевата боја делува смирувачки. Знаејќи го ова, некои спортски тимови ги фарбаат ѕидовите во соблекувалните каде што ќе престојуваат нивните противници во розева боја, со цел да им опадне енергијата.

Виолетова – индивидуалност, уникатност и независност

Најмистичната, најтаинствена боја е виолетовата. Оваа благородна боја ја стимулира креативноста, интуитивноста и имагинацијата. Начесто се поврзува со софистицираност и луксуз. Ја содржи силата и енергијата од црвената боја и смиреноста на плавата боја. Асоцира на индивидуалност, уникатност и независност.

Сина – сигурност, смиреност и лојалност

Бојата на морето и небото, оддава спротивен впечаток од црвената. Сината боја влева сигурност и смиреност, па затоа често се користи и во спалната соба. Бидејќи симболизира лојалност, препорачливо е на интервју за работа да носите облека во сина боја. Луѓето се попродуктивни кога работат во сина просторија, а сините сали за вежбање и фитнес центри им влеваат повеќе сила и издржливост на оние кои вежбаат.

Зелена – опуштеност, релаксираност и свежина

Зелената боја ја симболизира природата, сѐ што е живо, здраво, сѐ што расте и се развива. Делува смирувачки и е најлесно прифатлива за окото бидејќи ја има насекаде во природата. Оние кои ја користат оваа боја сакаат да предизвикаат чувство на опуштеност, релаксираност и да внесат свежина во секојдневието.

Сива – ладна, неутрална и безвременска

Сивата боја не предизвикува емоции како останатите, одржува баланс бидејќи претставува тотално спротивни бои – црна и бела. Оваа боја е тивка и резервирана, не стимулира, не дава енергија и не влева возбуда на оној кој ја перцепира. Иако се поврзува со зрелост и одговорност, никогаш  нема да биде центар на внимание или лидер во спектарот на бои, токму поради нејзината неутралност и смиреност.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!