Brainster Next College: Новости / јули 2023

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас. Дознај за сите новости кои го одбележаа месец јули 2023.
bilten-juli-2023 | Brainster Next College
Share


Во месец јули, најголемата новост беше лансирањето на бесплатниот онлајн курс Математика во Python.

Дел од новостите од минатиот месец беше и серијалот со кој ќе можете да добиете увид во еден ден на професионалец во ИТ-областа, серијал преку кој ќе дознаете дали одредена професија е вистинската за вас, повеќе информации за уникатниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“, 5 примени кои го прават Adobe Illustrator моќна алатка и како создаваме квалитетно образование за вработување – можност да „ѕирнете“ како работиме во позадина и кои успеси ги постигнавме во изминативе 6 месеци.

Во продолжение, прочитајте повеќе за последните новости од Brainster Next College


sto-da-ocekuvas-na-besplatnoto-predavanje-so-petar-jolakoski-python | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College

На 11 јули имавме онлајн вебинар со Петар Јолакоски на кој присутните дознаа како со помош на Python може побрзо да се решаваат математички проблеми, а и го најавивме бесплатниот курс Математика во Python.

Ако не сте го изгледале видеото, дознајте што се случуваше на вебинарот:







„Студирај сега плаќај по вработување“ – проектот што го започнавме минатата година, при отварањето на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и инвестицијата од 2.5 милиони евра, продолжува и оваа година.

Тестот што овозможува студии на една од двете наши додипломски студиски програми за 0 денари сѐ до дипломирањето или вработувањето е повторно отворен.

Оваа година, покрај додипломската акредитирана студиска програма по Софтверско инженерство и иновации, ја нудиме и новата студиска програма Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии, која е во процес на акредитација.



vo-svetot-na-graficki-dizajner | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College



Во овој блог пост се запознавме со Глорија Јанева, алумни студент на Академијата за графички дизајн на Brainster (Бреинстер) и дел од дизајн тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.

Глорија има 22 години и е голем ентузијаст кога станува збор за учењето и осознавањето нови работи. За предизвиците и проблемите на кои наидува ни сподели дека никогаш не се плаши од нив, туку напротив е среќна што постојат бидејќи така учи повеќе и го збогатува своето знаење. 


Инспирација за работа добивам од колегите и организацијата. Инспирација за дизајн од сè наоколу. Можам да кажам дека најдобрите идеи ми доаѓале баш кога не сум размислувала на дизајн. Think outside the box! Не секогаш инспирацијата за дизајн доаѓа од друг дизајн, ни сподели Глорија. 


Пишувавме и за Python, кој денес се смета за еден од најпопуларните програмски јазици и е познат по својата едноставност, разноврсност и енергична заедница. Без разлика дали си почетник или искусен програмер, Python нуди огромни можности за градење апликации, автоматизирање задачи и истражување на најсовремените технологии.



vo-svetot-na-data-scientist | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College

Во овој блог-пост разговаравме со нашиот колега Влатко Тучев, алумни студент на Академијата за Data Science на Brainster (Бреинстер) и дел од тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.

Влатко е упорна, амбициозна и внимателна личност кој постојано сака да учи нови работи бидејќи тоа го исполнува како личност. Според него, флексибилноста е многу поголема кога имаш повеќе знаење и ти останува само креативноста за да дојдеш до нова иновација. 

Мислам дека не постои единствена формула или „тајна“ за успешен Data Scientist. Тоа најчесто произлегува од страст кон учење и аналитичко размислување, способност за ефективна комуникација на сложени идеи, и персистенција за справување со предизвици. Се бара доста голема посветеност, упорност и постојано стремење кон подобрување и усовршување, ни сподели Влатко.

Кога матурантите се пред изборот на факултет кој треба да ги спреми за идната кариера, нормално е да се чувствуваат несигурно и збунето доколку сè уште не знаат кон кој кариерен пат сакаат да зачекорат. Data Science (науката за податоци) спаѓа во една од најбараните и најплатените ИТ-кариери на глобално ниво.

Со спроведување на темелно истражување, стекнување практично искуство и оценување на вештините и интересите, може да бидете подобро подготвени за да донесете информирана одлука за продолжување на кариерата во науката за податоци. Овој блог пост може да ви помогне во таа одлука.


vo-svetot-na-back-end-programer | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College




Во овој блог пост разговаравме со Дарко Сакалиев, алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster (Бреинстер) и дел од ИТ-тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.

Дарко Сакалиев е амбициозна и љубопитна личност. Тој пред неколку години почнал да работи како freelancer на Upwork, работејќи на WordPress веб-страници со многу малку знаење. Во тие години станал многу љубопитен како функционира WordPress во позадина, па оттука му се јавила желбата да истражува и да учи на кои програмски јазици е базиран самиот WordPress. 



Во оваа рубрика, месецов ни гостуваа уште двајца наши драги колеги.



vo-svetot-na-front-end-programer | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College



Пишувавме за тоа како изгледа еден работен ден на Front-End програмер , а тоа најдобро го знае Анета Димоска, алумни студент на Академијата за Front-End програмирање на Brainster (Бреинстер) и дел од ИТ-тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.

Анета е одговорна, трпелива и трудољубива личност со огромна желба за знаење и напредок, која го совлада предизвикот и докажа дека и без претходни познавања, со многу труд и енергија може да се постигне секоја цел.

Анета во слободно време пишува и стручни блогови, а тука можеш да го погледнеш нејзиниот стручен блог на тема Како програмирањето влијае на работата на мозокот, а крајот ќе ти помогне да го искусиш problem solving in practice. Те чека кратка, забавна загатка, извадок од книгата Think Like a Programmer: An Introduction to Creative Problem Solving, за која ти порачуваме да се ставиш во улогата на вистински problem solver за успешно да ја решиш.



vo-svetot-na-ux/ui-dizajner | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College



Потоа ве запознавме и со Кирил Николовски кој ни раскажа зошто едноставноста е клучот на добриот UX/UI.

Less is more! Едноставноста е клучот на добриот UX/UI. При користење на еден продукт, веб-страница или апликација корисниците сакаат да дојдат и да го пронајдат она што го бараат на најбрзиот и најлесниот можен начин. Работи кои треба да се избегнуваат при дизајнирање на еден продукт се комбинација на пренатрупани лејаути, голем број на бои, икони, збунувачки и долги текстуални полиња, различни илустрации и така натаму. Чист и јасен дизајн со кратки и точни информации, добар фонт и складна колорна палета се доволни елементи кои треба да ги содржи еден добар продукт за да го привлече и задржи вниманието на еден корисник, ни сподели Кире.


Пишувавме и кои се петте примени кои го прават Adobe Illustrator моќна алатка , а во интересен блог- пост пишувавме и за тоа дали графичкиот дизајн е вистинскиот кариерен пат за вас.


matematika-vo-python | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College



Во месец јули, најголемата новост беше лансирањето на бесплатниот онлајн курс Математика во Python, кој вреди 700 евра, но Brainster Next College реши да го нуди бесплатно за сите што ќе сакаат да го поминат.


Еве ги сите новости за јули поврзани со овој курс, како и блоговите во кои пишуваме за секој модул опфатен со курсот што трае повеќе од 13 часа:


Исто така во серијалот во кој ви ги опишуваме предизвиците што ги носат одредени професии пишувавме и за тоа како изгледа еден работен ден на Software Tester. Гостинка ни беше Моника Божиноска, која е дел од наставниот кадар на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).


Мостот за комуникација помеѓу тимот што го развива продуктот и клиентот е токму софтвер тестерот. Оттука доаѓаме до одговорот дека соработката на софтвер тестерот со сите засегнати страни е круцијална. Покрај добрите технички вештини што треба да ги поседува еден софтвер тестер, потребно е да ги совлада и меките, како што се добри вербални и пишани комуникациски вештини, ни раскажа таа.

najpopularni-vebinari | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College


Откривме и кои се најпопуларните вебинари за UX/UI и графички дизајн од предавачите на Brainster Next College, а во блог-постот може да ги најдете и нивните видеа.

Пишувавме и за Front-End програмирањето и за кого е правилна оваа професија, a креиравме и водич за секој дизајнер на тема боите и нивното значење.



kako-sozdavame-kvalitetno-obrazovanie | Brainster Next College

Активностите и влијанието на Brainster и на Brainster Next College постојано се зголемуваат, и тоа со AI-брзина. Понатамошниот раст на нашата организација е веројатен и веќе впишан во нашите стратешки планови. Нашите студенти кои се сѐ побројни, бараат повеќе висококвалитетни можности за учење и да бидат вклучени во индустријата. Влијанието на нашата организација постојано расте. Но, со тоа и нашата одговорност.

Ова, неодамна ни се потврди и со веста дека официјално, за првпат оваа година се приклучуваме на ТОП 500 најуспешните компании во Македонија. Тоа значи дека сме во друштво на 0,7% од активните компании во земјава… А се сеќавате? Основани сме во 2015 година!
Покрај оваа значајна вест, сакавме со вас да споделиме дека и во ова полугодие од 2023 година имаме одлични резултати. Прочитајте повеќе!



Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!