На хакатонот најмногу ги применив знаењата стекнати на предметот Објектно-ориентирано програмирање

Нашиот студент од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации, Стефан Петров, е дел од победничкиот тим на AirCare хакатонот.
Stefan-Petrov-del-od-pobednickiot-tim-Breathe.mk | Air Care | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Во нашата мисија да им понудиме извонредно и неверојатно искуство на нашите студенти, ја користиме една од „најмоќните алатки“ за учење на нови вештини и стекнување на знаење. Станува збор за работата на реални проекти за реални клиенти и учеството на 48-часовни хакатони. На тој начин, студентите се стекнуваат со знаење, кое ќе им помогне при справување со огромни предизвици и смислување практични решенија за проблемите од реалниот свет.

Целата приказна започна со одржувањето на вториот AirCare хакатон каде што учествуваа повеќе од 150 студенти, меѓу кои беа нашите студенти од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и иновации и студентите од Brainster (Бреинстер) Академиите за Data Science, Software Testing, Project & Product Management, Front-End и Full-Stack програмирање.

Поделени во 12 тима, тие ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување загадување на воздухот во Скопје, која во иднина ќе ја користат граѓаните. Платформата ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје.

Еден од студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) што учествуваше на овој хакатон беше Стефан Петров, студент кој своето прво учество на хакатон го украси со победничка титула.

Прочитај што ни сподели Стефан за неговото искуство и каква беше атмосферата на најголемиот Brainster хакатон во живо досега

Ти си еден од студентите од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College кој постојано нè инспирира и воодушевува со твојата силна мотивираност, труд и желба за надградување. Кажи ни нешто повеќе за тебе. 

Јас сум Стефан Петров, имам 20 години и сум студент од втора година на Brainster Next College. Се запишав на овој факултет токму поради реалните проекти, како што беше проектот кој го изработуваме на овој хакатон. Сметам дека програмирањето е доста интересна сфера за студирање затоа што никогаш не може да знаеш сè, со секој нов проект учиш нешто ново.

Беше дел од едно незаборавно искуство, учествуваше на голем Brainster Live Хакатон, каде што заедно со тимот имавте задача во рок од 49 часа да испорачате предлог решение за AirCare. Најпрво, како си помина? 

Називот на проектот беше „Air Care“ и целта што сакавме да ја постигнеме беше да се намали загадувањето во град Скопје затоа што тоа претставува еден од најголемите проблеми на денешницата. Здравјето на секој човек зависи од чистотата на воздухот. Програмиравме платформа каде што секој граѓанин ќе може да пријави доколку примети загадување, кое потоа ќе биде разрешено на соодветен начин од страна на инспекторите.

Ова е твое прво искуство на ваков хакатон кое веднаш го украси со победничка титула. Честитки! Раскажи ни што те инспирираше да се пријавиш и да учествуваш? 

Најголема инспирација за да се пријавам беше самата тема на хакатонот, борбата за почист воздух, затоа што тоа е еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните денес.

Како течеше целиот процес на работа и кои беа твоите задачи? 

Процесот на работа во голем дел од времето беше исполнет со предизвици, но благодарејќи на тимската работа успеавме да ги решиме проблемите. Мојата задача беше да го изработам Back-End делот од платформата, но кога имав време работев и на Front-End.

Како предметите на факултетот придонесоа за твојот успех на хакатонот? Кои стекнати знаења од првата година на Brainster Next College ти беа највредни за време на овој 49-часовен предизвик?

Највредни знаења од прва година кои ги применив на хакатонот беа тие што ги стекнав по предметот Објектно-ориентирано програмирање, односно конкретно делот каде што го учевме Laravel.

Според тебе, колку е важно образовните институции како Brainster Next College активно да ги вклучат студентите во проекти од реалниот свет, како што се хакатоните? Како мислиш дека ваквите проекти ќе ти помогнат во понатамошните студии и кариерата?

Важно е да се вклучуваат студенти во слични проекти за тие да имаат слика како навистина се изработуваат апликациите во позадина. Исто така, само на ваков начин ќе можат да го сфатат значењето на соработката со други сектори, како што ние соработувавме со студентите од академиите во тимот.

Летово беше дел и од практикантската програма во тимот за иновации во Brainster. Дали искуството што го стекна за време на платената пракса ти даде повеќе самодоверба при работењето на реални проекти?

Да, мислам дека во победата играше улога и тоа што бев на пракса.

Каков совет би им дал на другите студенти што се заинтересирани да учествуваат во хакатони или слични практични предизвици што ги организира Brainster Next College?

Сите студенти би ги советувал да се пријават веднаш штом добијат прилика да учествуваат на вакви проекти.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!