Најголемите светски компании со години експериментират со онлајн работилници. И со право. Од намалени патни трошоци, зголемена флексибилност на локации и подобрена ефикасност, виртуелните настани се новиот тренд што допрва ќе зема замав.
Колку сте подготвени да го прифатите како дел од Вашето секојдневие?
Кои се придобивките од организирање онлајн работилници?
1. Луѓето се поотворени да споделуваат идеи
Учесниците го перцепираат компјутерскиот екран како штит од реалниот свет. Затоа, се чувствуваат заштитени и поотворени за споделување идеи кога се пред компјутер во споредба кога се на настан во живо.
2. Поефективна соработка
Онлајн средбите ја имаат флексибилноста за организирање пократки и почести состаноци. Ова придонесува за поголем број на активности што може да ги организирате во реално време.
3. Продуктивен тим и намалени трошоци
4. Заштеда на време
Брзо споделување на презентации, бура на идеи и запишување белешки во реално време се само дел од придобивките на онлајн работилниците.
Дополнително, ако сакате да се потсетите на некои детали, треба само да го пуштите видеото од настанот.
5. Напредни алатки за работилници
Голем број на софтверски алатки за комуникација, овозможија брзо и ефективно организирање виртуелни настани:
- Google Hangouts
- Zoom
- Microsoft Teams
- GoToWebinar
- Soapbox
- Miro
- Slido
- Glisser
- Bizzabo
- Facebook Live
- YouTube Live
6. Виртуелни работилници се новиот тренд
IBM, Dell, GitHub и Intuit се само дел од светските организации коишто тестираа организирање онлајн работилници, долго пред виртуелните настани да станат дел од нашето секојдневие.
Овој тренд ќе биде актуелен во 2022 година и понатаму.
7. Вмрежување и уникатни перспективи
Многу е полесно е да ги соберете зафатените луѓе за онлајн сесија, наспроти сесија во лице. Не треба да плаќате авионски билети или да барате од луѓето да го резервираат викендот за вашиот настан.
8. Помало загадување на воздухот
Онлајн работилниците не само што заштедуваат време, пари и енергија, туку и помагаат во борбата против климатските промени.
За да дознаете повеќе за придобивките од виртуелни средби: https://www.boardofinnovation.com/blog/8-surprising-benefits-of-remote-workshops/