Search
Контакт

Топ 8 технолошки трендови во образованието што ќе доминираат во 2022 година

Ковид-19 ја забрза дигитализацијата и употребата на технологијата во нашето секојдневие. Образовниот систем не беше исклучок. Кои технолошки трендови ќе доминираат во образованието во 2022 година?
tehnoloski-trendovi-obrazovanie-2022 | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

2022 година ни носи голем број на технолошки трендови што целосно ќе го трансформираат образовниот систем. Наставниците ќе треба да се адаптираат кон иновациите, а учениците да го усвојат флексибилниот пристап кон учењето.

Топ 8 технолошки трендови во образовниот систем во 2022 година


1. Користење анимација

Иако анимацијата традиционално се поврзува со индустријата за цртани филмови, таа ќе биде одлично освежување и во наставните програми.

Со обработка на наставната материја преку анимации, наместо обичен текст, учениците повеќе ќе го задржат вниманието, ќе бидат стимулирани и поотворени за дискусија на темата.

технолошки-трендови-образование

Извор: www.pexels.com

2. Видео наместо текст

Бидејќи нашиот мозок реагира посилно на визуелни стимули отколку на текст, едукативните видеа ќе им помогнат на учениците подобро да навлезат во одредена тематика. 

Истражувањата само го потврдуваат тоа: Дури 65% е зголемено задржувањето на знаењето стекнато преку јасни визуелни слики.

3. Подем на вештачката интелигенција 

Вештачката интелигенција го пронајде своето место и во образовниот систем. Таа им помага на наставниците да ги автоматизираат рутинските административни задачи и да ја посветат својата енергија и време на интерактивно пренесување на знаење. 

Дополнително, вештачката интелигенција може да креира персонализиран наставен материјал според знаењето на секој ученик и да го ажурира според најактуелните случувања.

технолошки-трендови-образование

Извор: www.pexels.com

4. Виртуелна реалност и аргументирана реалност (VR/AR)

Користењето на VR и AR допрва ќе зема замав во образованието. Оваа технологија ќе го замени рутинското учење со интерактивно искуство за подобро совладување на материјата.


5. Флексибилно учење

За разлика од порано, благодарение на онлајн наставата, денес учениците можат да пристапат до часовите во било кое време и од било која локација. 

Овој тренд особено ќе доминира во 2022 година, кога часовите ќе продолжат да се одвиваат на виртуелните платформи.


6. Помали трошоци за едукаторите

Надоместоците за пат и храна за наставниците се веќе дел од минатото. 

Доколку учењето не бара физичко присуство, се заштедуваат голем број на финансиски ресурси што може да се пренаменат за поефективни активности.

технолошки-трендови-образование

Извор: www.pexels.com

7. Блокчејн технологија

Иако можеби на прв поглед делува дека блокчејн технологијата нема допирна точка со образованието, еве 5 начини со кои оваа технологија може да го трансформира образованието:

  1. Елиминирање на хартијата преку складирање на сите податоци на едно место.
  2. Брзо валидирање на образовни сертификати и намалување на бројот на лажни дипломи.
  3. Намалување на трошоци за менаџирање со документи.
  4. Криптовалутите ќе го поедностават начинот за плаќање на наставниците.
  5. Криптовалутите може да се користат и за финансирање грантови и ваучери.

8. Чување и менаџирање на податоци

Cloud computing е инфраструктура којашто складира трилиони податоци од луѓето што оставаат траги во дигиталниот свет. 

Наместо наставниците и учениците да чуваат датотеки на USB или локален уред за складирање, тие ќе можат безбедно да ги пренесат овие податоци на облак и да ги менаџираат од било која локација.

За да дознаете повеќе за технолошките трендови што ќе го трансформираат образованието во 2022 година – https://elearningindustry.com/educational-technology-trends-that-go-all-out-in-2022

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!