Предмет од индустрија: нов стандард во високото образование, достапен само на Brainster Next

Share

Традиционално, образованието изгледа вака: професорот предава теорија, студентот учи за испит. Поминуваат години во подготовка, а примената на знаењето се остава за некој ден, најчесто по дипломирањето.

Ваквиот пристап, за жал, не одговара на побарувачката на пазарот на труд, кој денес бара луѓе што знаат да решаваат реални проблеми, а не само да репродуцираат теорија.

Токму затоа на Brainster Next програмата од која учат студентите се создава во тесна соработка со индустријата. Па така, студентите на Next, меѓу другото, учат предмет кој го нема на ниту еден факултет во државата.

Учат – Предмет од индустрија.

Што е Предмет од индустрија?

Предмет од индустрија е уникатен академски предмет што постои само на Brainster Next и претставува целосно нов начин на поврзување на образованието со реалната индустрија.

Станува збор за редовен изборен предмет, но наместо да го предава професор, предметот го водат вработени во партнерска компанија на Brainster Next, под менторство на наш професор. Ова не е пракса и не е гостинско предавање, туку цел предмет во наставната програма, со ЕКТС кредити, оценка и јасни обврски и задачи.

Револуционерното во овој предмет е што студентите не учат само теорија, туку работат на вистински проект, со истите алатки, технологии и процеси што ги користи компанијата која го води предметот во своето секојдневно работење.

Како изгледа во пракса? Компанијата на почетокот го претставува проектот што ќе се работи, а потоа нејзините вработени, програмери, дизајнери, маркетери или продукт-менаџери, го водат предметот под менторство на наш професор, ги менторираат студентите и им даваат фидбек, исто како на работа.

Самата компанија активно учествува во креирањето на програмата на предметот и неговата реализација, носејќи реални индустриски проекти, технологии и професионални стандарди директно во наставата. Преку тоа, студентите стекнуваат искуство со алатки, процеси и технологии што партнерската компанија ги користи во своето секојдневно функционирање.

На крајот, студентите ги презентираат своите проекти пред комисија составена од вработени во компанијата и професори од Brainster Next, по што добиваат оценка и проект што може директно да го стават во своето портфолио.

Преку Предмет од индустрија, студентите стекнуваат реално работно искуство уште за време на студиите, работат на проект за реална компанија кој го вклучуваат во своето портфолио, воспоставуваат директен контакт со професионалци од индустријата и значително ги зголемуваат своите шанси за пракса и вработување уште во текот на студирањето.

Brainster Next досега реализирал соработки со домашни и меѓународни компании како Intertec и Џонсон Мети, а годинава предметот се реализира во соработка со SUI Blockchain, иновативна платформа развиена од поранешни инженери на Meta, која поставува нови стандарди во светот на децентрализираните технологии преку својата брзина и скалабилност.

Токму затоа, Предмет од индустрија не е само уште еден предмет во нашите додипломски студии, туку клучна алка што ја поврзува теоријата со праксата, како и образованието со реалниот свет, овозможувајќи им на студентите уште за време на студиите да стекнат јасна слика како изгледа работата во индустријата и што навистина се очекува од нив како идни професионалци.

Наместо по дипломирањето првпат да се соочат со реалните предизвици на професијата, студентите на Brainster Next тоа го прават за време на студирањето, со поддршка, менторство и јасни стандарди, градејќи знаење што не останува на хартија, туку се претвора во искуство, самодоверба и подготвеност за следниот чекор.

На овој начин, студентите на Brainster Next дипломираат со работно искуство и богато портфолио.

Вака изгледа образование за 2040 а не за 1940 година.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!