Златен Даб Limited Edition – новата лименка е дизајнирана од Марко, студент од 1-ва година на програмата за графички и UX/UI дизајн

Share

„Дизајнот претставува свет каде идентитетот се бира – не се наметнува.“

Со оваа реченица Марко Ангеловски, студент од прва година на UX/UI и графички дизајн на Brainster Next, ја опишува идејата која беше избрана како победничка за новата  Златен Даб limited edition лименка.

Во рамки на креативен хакатон, студентите на Brainster Next работеа на реален предизвик: дизајн на лименка за еден од најпрепознатливите македонски брендови за пиво, Златен Даб.

За само 48 часа тие имаа задача да создадат концепт што ќе биде истовремено визуелно впечатлив, концептуално јасен и доследен на вредностите на брендот.

Според Марко, токму храброста на концептот била клучна за неговата победа.

„Мислам дека идејата е доста смела и необична и затоа ја прави поразлична од останатите“, вели тој, додавајќи дека искуството било интензивно, но исклучително вредно“, вели Марко.

За жири-комисијата, пак, клучно било тоа што победничкиот дизајн успеал автентично да го интерпретира духот на новата генерација, а притоа да остане верен на вредностите на брендот Златен Даб.

„Концептот не е само визуелно впечатлив, туку носи јасна порака – за избор, идентитет и момент на пауза во брзото, дигитално секојдневие, што директно кореспондира со позиционирањето на брендот“, објаснува Тодорка Сајкова, бренд-менаџер на Прилепска Пиварница.

За Марко, како и за останатите студенти на Brainster Next кои учествуваа на хакатонот, искуството било неверојатно, подеднакво едукативно и возбудливо.

„Научив како е да се работи на реален проект за реален клиент во краток рок. Во дадените 48 часа требаше да ја покажеме сета своја креативност и да ги презентираме решенијата“, објаснува Марко.

Фактот што неговиот дизајн ќе стане дел од лимитирана серија, која ќе биде присутна низ продавниците во целата држава, за него претставува посебна мотивација.

„Секако ме чини горд ова признание за мојата креативност. А секогаш кога ќе ја видам лименката, ќе ми биде мотив за понатамошни успеси“, вели тој.

Неговиот дизајн ќе стане култен и препознатлив, името на Марко ќе се најде на новата лимитирана лименка на Златен Даб, а она што го издвоило пред останатите е зрелоста во пристапот.

„Овој дизајн се издвои по храброста и силната визуелна приказна што зборува за автентичност и слобода на изразување, со внимателно избрана палета на бои која создава баланс помеѓу енергијата на концептот и препознатливоста на брендот Златен Даб“, објаснува Сајкова.

Соработката со студентите на Brainster Next, според жирито, била многу повеќе од креативен процес, таа била конструктивна и инспиративна.

„Студентите покажаа сериозен пристап, темелно разбирање на бренд-брифот и подготвеност да размислуваат стратешки, а не само визуелно. Пристапот беше зрел, концептуално јасен и професионално презентиран, со фокус на пораката и емоцијата што дизајнот треба да ја пренесе“, вели Сајкова.

За бренд како Златен Даб, ваквите соработки носат директна врска со новите генерации.

„Овој тип на соработка носи свежа перспектива и автентичен увид во размислувањето на младите. Тоа ѝ овозможува на марката да остане релевантна и да комуницира на современ начин со својата публика“, истакнува таа.

Истовремено, за студентите ова претставува вистинско професионално искуство – работа на реален проект, со реален клиент и реално влијание.

Лимитираната колекција лименки на Златен Даб наскоро ќе се најде на полиците низ продавниците во Македонија и ќе биде опиплив доказ дека кога младите и нивната креативност ќе добијат доверба и простор, резултатот може да биде автентичен, релевантен и препознатлив – и за брендот и за генерацијата што доаѓа.

Токму ваквите реални проекти, со клиенти од приватниот сектор или државни институции, се дел од образовниот модел на Brainster Next, кој подготвува студенти за светот што доаѓа, а не за оној што одамна поминал.

Затоа, дипломирај на Brainster Next со реално работно искуство и портфолио што зборува наместо тебе.


Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!