Како студентите на Brainster Next создаваат дипломски проекти со институционално и меѓународно влијание

Share

Што ако дипломската задача не е последна академска обврска, туку прв сериозен професионален исчекор? Што ако, наместо да остане во рамки на образовната институција, таа стане дел од институционални процеси, национални иницијативи и меѓународен пазар?

На Brainster Next, студентите размислуваат outside of the box, добиваат предизвици за кои нема готови решенија, а нивната дипломска задача може да реши проблем што ги надминува државните граници.

Токму такви се и следните четири проекти: две решенија развиени за потребите на законодавниот дом – Собранието на Македонија, систем што го унапредува и поддржува најголемиот натпревар за средношколски бизнис идеи „Средношколец милионер“ и проект кој од академска идеја прерасна во производ продаден на хрватскиот пазар.

Дигитализација на процесите во Собранието

Благодарение на дипломската задача на Костадин Веселинов, студент на Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, вработените во Собранието ќе можат значително полесно да ги закажуваат и координираат состаноците и користењето на конференциските сали.

-Станува збор за апликација со која се решава проблемот со менаџирањето и управувањето со конференциските сали и состаноците што се одржуваат во нив. Со апликацијата ќе се олесни секојдневното работење, објаснува Костадин.

Апликацијата е развиена во директна соработка со вработените во Собранието и одговара на нивните реални, секојдневни потреби. Процесот не бил едноставен.

-Најтешко беше разбирањето на барањата на вработените во Собранието, бидејќи имаат доста сложени процеси, како и прецизното дефинирање на она што го бараат, за потоа да го претворам во код и функционална апликација, вели тој.

Токму претворањето на сложени институционални процедури во функционално дигитално решение е суштината на проектот. Костадин работел и на интеграција со постоечките системи, нешто што, како што вели, било едно од неговите најголеми професионални искуства:

-Најголемото искуство беше тоа што работев со системи кои претходно ги немав видено, како и интеграцијата со нивните постоечки системи, заклучива Костадин.

Со оваа дипломска задача, процесот на организација на состаноци во Собранието добива поефикасна и модерна дигитална алатка, а студентскиот проект станува конкретно решение за реална институционална потреба.

Од 3 часа седница до 3 минути увид: како настана „Прашај Собрание“

Замислете дека сакате да дознаете што точно се дискутирало на одредена точка од дневен ред. Отворате YouTube видео од собраниска седница што трае три часа и се обидувате да пронајдете конкретен момент.

Токму тука започнува приказната за дипломската задача „Прашај Собрание“ – проект кој има амбиција да ја направи транспарентноста практична, а не само декларативна.

-Мојата дипломска задача беше проектот ‘Прашај Собрание’, чија главна цел е да ја зголеми транспарентноста на Собранието на РСМ и да ја доближи работата на пратениците до граѓаните, објаснува Давид.

Проблемот бил јасен: седниците се јавни, но често непрегледни и тешки за следење.

-Главниот проблем што го решавав е непрегледноста на собраниските седници, кои често траат со часови и се тешки за следење, вели Давид.

Решението е платформа што овозможува корисникот да прикачи линк од YouTube видео од седница, по што системот генерира AI-асистент кој одговара на конкретни прашања поврзани со дискусијата, генерира резиме и обезбедува точни временски ознаки.

-На тој начин, наместо да се трошат повеќе од три часа, корисникот може веднаш да стигне до информациите што го засегаат, вели тој.

Најголемиот предизвик била прецизноста и сигурноста сека вештачката интелигенција не само што ќе го разбере контекстот на македонски јазик, туку и дека ќе ги мапира одговорите со точните моменти во видеото.

-Синхронизацијата помеѓу транскрипцијата и временските ознаки бараше многу тестирање и оптимизација за да се избегнат грешки и да се добие производ кој е навистина корисен и веродостоен, објаснува Давид.

Системот кој го поддржа најголемиот средношколски бизнис натпревар во државата

Кога годинава за првпат се реализираше најголемиот натпревар за средношколски бизнис идеи во државата „Средношколец милионер“, а зад неговата дигитална инфраструктура стоеше дипломската задача на Кире Јорданов, студент на Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College.

Неговата улога не беше симболична. Платформата требаше да биде темелот врз кој ќе се одвива целиот натпревар: од пријавување на идеи, преку организација на настани и управување со учесници, до фазата на јавно гласање и прогласување победници.

-Моја задача беше да изработам платформа која требаше да го поддржи натпреварот и сите негови фази од почеток до крај, објаснува Кире.

Она што го прави овој проект значаен не е само техничката реализација, туку контекстот во кој функционираше. Станува збор за натпревар со национално значење, со голем број средношколци, ментори, родители и јавност која активно го следеше процесот.

-Најголем предизвик ми беше да направам систем што ќе работи стабилно под голем притисок, особено во фазата на јавно гласање. Сакав платформата да функционира без никакви грешки дури и кога има огромен број посетители во исто време, а тие активно разгледуваат идеи и гласаат, вели Кире.

Овој тип на проекти не дозволува простор за импровизација. Потребно е внимателно планирање на архитектурата, оптимизација на базата на податоци, тестирање на оптоварување и предвидување на сценарија што можат да се случат во реална употреба.

-Целиот проект го реализирав во релативно краток период и под конкретни рокови, па требаше брзо да планирам, да приоритизирам што е критично, да тестирам и да пуштам функционалности што ќе бидат сигурни и спремни за реална употреба, вели тој.

Овој процес не бил академска симулација, туку реална одговорност. Платформата не служеше за оценка, туку за функционирање на национален настан.

-Уште од старт научив да пристапувам како инженер: прво да го разберам проблемот, да ја поставам структурата и flow-то, да планирам чекори, па да градам функционалност по функционалност. Секој проблем се решава со процес – тестирање, дебагирање, итерации и проверка на резултатите, објаснува Кире.

Резултатот е систем што издржа реален притисок, реални корисници и реални очекувања, со што дипломската задача стана инфраструктура на национален проект.

Дипломска задача која стана производ на странски пазар

Додека некои дипломски проекти остануваат во рамките на презентациската сала, проектот на Владимир Гелов ја премина границата – буквално.

Она што започнало како академска задача на насоката Софтверско инженерство и иновации, со јасно дефиниран проблем и техничко решение, постепено покажало потенцијал што ги надминал иницијалните очекувања. Наместо да заврши со одбрана, проектот бил препознаен како производ што може да функционира во реални пазарни услови и да одговори на конкретна потреба на странски пазар.

-Кога ми беше соопштено дека проектот има потенцијал да се продава како реален производ, првото чувство беше неверување, а веднаш потоа и сериозна мотивација. Тоа беше момент на изненадување, но и голема потврда дека сум на вистинскиот пат, вели Владимир.

Во тој момент, улогата се менува. Од студент што развива проект, станува продукт-сопственик што размислува за одржливост, корисничко искуство, правна рамка и бизнис модел.

-Ми покажа дека идејата не е само добра на хартија, туку има вредност и надвор од академската средина. Сфатив дека морам да размислувам како продукт-сопственик, а не како студент, објаснува тој.

Влезот на хрватскиот пазар значел адаптација на повеќе нивоа: јазик, терминологија, правни аспекти, логика на огласување и очекувања на корисниците.

-Беше потребно да се адаптира јазикот, корисничкото искуство, правната рамка и логиката на огласите според хрватскиот пазар. Освен техничкиот дел, голем фокус беше ставен и на разбирање на пазарот, навиките на работодавачите и очекувањата на корисниците. Секој чекор бараше тестирање, корекции и подобрувања, затоа што реалниот пазар не простува грешки како академската средина, вели Владимир.

Овој процес ја трансформира дипломската задача во претприемачки проект, а студентот во носител на производ што мора да функционира во конкурентна средина.

-Brainster Next ми даде силна основа за практично размислување и реализација на идеи. Научив како да структурирам проект, како да размислувам продукт-ориентирано и како да ги поврзам техничките решенија со бизнис потребите. Практичниот пристап и работата на реални задачи ми помогнаа да не застанам на идеја, туку да ја претворам во функционален систем, објаснува Владимир.

Продажбата на странски пазар не е само личен успех, туку доказ дека дипломска задача може да стане конкурентен производ во меѓународен контекст, кога зад неа стојат техничка компетентност, стратегија и храброст да се излезе надвор од академската рамка.

Кога студентот со години работи на реални предизвици, дипломската не е прв контакт со праксата, туку доказ дека знаењето може да се претвори во систем, платформа или производ што функционира во реален контекст.

Затоа овие дипломски проекти имаат институционално и меѓународно влијание. Затоа што зад нив стои процес на учење што постојано е поврзан со реалноста. И затоа што на Next, дипломирањето не значи крај на образованието, туку почеток на професионално дејствување.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!