Кога младите таленти ќе добијат простор да размислуваат слободно, а реален клиент ќе им даде доверба, резултатот не е само проект, туку решение со вистинска општествена и пазарна вредност. Токму така настана новата веб-платформа креирана од студентите на Brainster Next за Ministry of Secondhand, која наскоро ќе биде достапна за сите љубители на уникатни secondhand парчиња облека.
Во рамки на работа на реален проект, студентите развија целосна дигитална платформа која овозможува корисниците не само да купуваат secondhand облека, туку и самите да креираат профили и да ја продаваат сопствената облека. Ова ќе биде прва платформа од ваков тип кај нас, наменета за заедница во која секој може да го најде своето место: како купувач, како продавач или како двете во едно.
За клиентите, Марија Магдалена, Александра и Лина од Ministry of Secondhand, проектот беше доживеан како свеж, храбар и визионерски пристап кон одржливата мода и дигиталната трговија.

–Денеска бев сведок на еден комплетно иновативен пристап. Brainster ги има иновативните решенија, а платформата што ја замислувавме и онаа што ја видовме на презентацијата се одлика на креативци и иновативци, луѓе кои се пред времето и го создаваат новото време, вели Марија Магдалена Петковска Микаровска.
Таа додава дека особено вредно било тоа што студентите не само што ги слушале барањата, туку активно ги доработувале и надградувале со сопствен креативен пристап.
–Ние сме луѓе што сакаат да слушаат нови идеи и да бидат во тек со нив. Затоа ни беше важно да работиме со млади иновативци кои во одредени домени се неколку чекори пред нас. Во целиот процес, не само што тие учеа од нас – туку и ние учевме од нив. Тој слух за идеи и професионалноста со која работеа резултираа со врвен продукт, истакнува Марија Магдалена.
На проектот работеа Цветан (SEI – 3 година), Марио Лука(SEI – 2 година), Зоран (SEI – 2 година) и Ели која го работеше дизајнот и кои од самиот почеток пристапија кон задачата како вистински продукт тим.

–Кога првпат ни ја презентираа идејата, бевме возбудени и си рековме: ова може да функционира во Македонија. Идејата има голем пазарен потенцијал и беше вистинско задоволство да се работи на ваков проект, објаснува Цветан.
Процесот не беше без предизвици, но токму тие беа клучниот дел од учењето.
–Најголемиот предизвик беше да се воспостави правилна комуникација помеѓу front-end и back-end делот на платформата. Откако го совладав тоа, работата со податоците и базата стана многу полесна. Тимската комуникација функционираше одлично и сите соработувавме на високо ниво, додава Цветан.
Новата платформа за Ministry of Secondhand не е замислена само како онлајн продавница, туку како заедница околу одржливата мода. Место каде корисниците ќе можат да купуваат, продаваат, разменуваат и да бидат дел од поширока приказна за одговорна потрошувачка.

–Јас уживам да работам на иновативни решенија и сакам да бидам предвесник заедно со луѓе кои имаат ист таков мајндсет, заклучува Марија Магдалена.
Овој проект уште еднаш потврдува дека кога образованието е практично, а студентите работат на реални проблеми со реални клиенти, резултатот се решенија со вистинска примена и потенцијал за раст. Токму преку вакви проекти, студентите на Brainster Next не стекнуваат само знаење, туку и искуство, самодоверба и портфолио што ги подготвува за реалниот пазар.

За сите кои сакаат да бидат дел од ваква средина и да градат реални решенија уште за време на студиите, листата на чекање на Brainster Next е отворена. Студирањето се одвива по моделот студирај бесплатно, плаќај по вработување, без масовни уписи, со мали групи, висок квалитет и индивидуален пристап кон секој студент.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships