Во последните неколку години, разликата помеѓу формалното образование и реалната подготвеност за работа станува сè поочигледна. Пазарот на труд бара професионалци кои знаат да работат во реални услови, да комуницираат со клиенти и институции, да носат одлуки под притисок и да создаваат решенија со практична примена. Ова се очекувања што сè почесто се поставуваат и пред младите кои штотуку дипломирале.
Токму затоа, Brainster Next го гради својот пристап врз јасна идеја: студентите уште за време на студиите да работат на реални проекти, со реални клиенти и под менторство на професионалци со активна кариера во врвни домашни и глобални компании. На овој начин, образованието престанува да биде симулација, а станува подготовка за реалниот свет и работна средина.
Годинава, студентите на Next работат под менторство на експерти од МОСТОВИ – македонски професионалци кои своето образование и кариери ги изградиле на некои од најдобрите светски универзитети и компании, а денес го пренесуваат тоа знаење назад, преку работа на проекти од јавен интерес и со реално општествено влијание.
За тоа како овој пристап изгледа во пракса, разговаравме со дел од менторите кои со студентите на Brainster Next работеа на проекти за државни институции.

Како изгледа еден типичен менторски процес со студентите на Next?
Илија Личковски | ментор | проект за Државниот завод за статистика
University of Groningen | инженер за машинско учење во Researchable
За време на менторските сесии пробувам да најдам баланс меѓу две работи. Првата се практичните моментални потреби на проектот – решавање блокери, носење инженерски одлуки и слично. Вториот дел, кој често е уште поважен, е фокусот на стратегијата: мотивирање зошто правиме одредени работи, споделување нови техники и методологии и отворање простор студентите да „поиграат“ со можностите. Сакам менторските сесии да бидат прозорец кон практики и искуства кои инаку не би биле дел од животот на студентите.
Марија Лазаревска | ментор | проект за Министерството за здравство
University of Edinburgh
Имаме најчесто две менторски средби неделно, со дополнителни состаноци по потреба. Менторскиот процес е структуриран, но флексибилен – поставуваме јасни цели, даваме насока и критичен фидбек, но студентите се тие што ја носат имплементацијата. Во моментов работиме на проект со Министерството за здравство за имплементација на AI chatbot на нивната веб-страница, со цел подобра достапност до информации за граѓаните.
Иво Дамјановски | ментор | проект за Министерството за здравство
Lead Product Designer во Turneo
Менторскиот процес го следи стандардниот „design thinking“ метод. Во блиска комуникација сме со студентите од самиот почеток – од дефинирање на стратегијата, па сѐ до имплементацијата. Ги охрабрувам студентите да го предводат процесот онаму каде што се чувствуваат сигурно. Во моментов сум ментор на тим кој работи на AI асистент за Министерството за здравство.

Зошто е важно за еден млад човек уште за време на студии да работи на реални проблеми од јавен интерес?
Илија Личковски:
Клучно е. Студентските денови се период кога луѓето го учат светот и размислуваат поаспиративно, и тоа е вистинско време нивниот идеализам да се претвори во вистински придонес. Честопати, докажувањето дека нешто е можно е најважниот чекор, а студентите располагаат со време, љубопитност и креативност да изградат минимален доказ дека нешто ново и возбудливо е возможно. Работата на реални предизвици во несовршени системи развива вештини надвор од опсегот на класичните академски задачи.

Марија Лазаревска:
Многу е важно затоа што ги соочува со реалноста. Работата на проекти од јавен интерес им покажува на младите што значи одговорност, кои се вистинските пречки во системот и како изгледа решавање проблеми надвор од теорија и вежби.
Иво Дамјановски:
Кога станува збор за дизајн на корисничко искуство, реалните проекти носат тежина која е речиси невозможно да се реплицира во фиктивни сценарија. Проектите од јавен интерес носат широк спектар на корисници, што претставува совршен предизвик за студентите. И, секако, не смее да се занемари придонесот што тие го имаат за јавното добро.
Што од начинот на работа на Next сметате дека има најголема вредност за студентите?
Илија Личковски:
Генерално, задоволен сум со практичноста со која студентите се соочени уште рано во нивните студии. Секако, дел од ова се праксите, но дел се и внатрешните проекти.
Марија Лазаревска:
Дефинитивно фокусот на реални проблеми и јасна одговорност. Студентите не работат симулации или апстрактни проекти, туку се соочуваат со реални ограничувања, вистински клиенти и последици од одлуките што ги носат. Уште од самиот почеток влегуваат во реален работен контекст, што им помага побрзо да изградат зрелост и професионален однос кон работата. Тој момент е редок и многу ограничен во нашето образование.
Иво Дамјановски:
Студентите од Next имаат прекрасна и потполно уникатна прилика да работат на проектите за кои зборуваме. Ги градат своите вештини покрај искусни ментори, притоа придонесувајќи за јавното добро. Круна на сето ова е портфолиото, збогатено со искуство работејќи на најновите технолошки напредоци.

Кои стандарди или принципи од светските универзитети се обидувате да ги пренесете кај студентите на Next?
Марија Лазаревска:
Критичко размислување, ownership над проектот и дисциплина во работата. Се трудиме студентите да научат да ги аргументираат своите одлуки и да стојат зад нив. Не е доволно само нешто да се заврши и да се заврши на време – важно е и како е направено. Квалитетот и роковите одат заедно и не се предмет на преговарање.
Илија Личковски:
Генерално, мислам дека нивното искуство со проект како нашиот е шанса да имаат допир со две страни на еден спектар. Првата страна е да ги зајакнат фундаменталните вештини — добри практики за безбеден код, размислување за правилните апстракции, мотивирање зошто правиме некои работи како што ги правиме и слично. Сметам дека врвните универзитети се правилен пример за приоритизација на ваквите темелни вештини. Другата страна е околу запознавање со најновите, највозбудливите, често експериментални техники и методологии, за кои треба време да бидат вметнати во програмата во повеќето образовни институции. Затоа, на пример, агентично пребарување наместо едноставни RAG системи, техники за context management и сл. се методи со кои сакав да ги запознаам студентите — за да добијат чувство за границата на што е можно и да можат креативно да ја прошират.

Кои академски и професионални стандарди, типични за светските универзитети, ги препознавате кај студентите на Next?
Марија Лазаревска:
Се препознава силен фокус на практична работа и сериозен работен интензитет. Студентите се постојано ангажирани со предавања, проекти и дополнителни активности, деновите им се реално исполнети. Тоа гради дисциплина, одговорност и навика за работа под притисок, каде најмногу си ги препознавам моите студентски денови.
Илија Личковски:
Заинтересираност, истрајност во работењето и зрелост во критичното размислување околу клучните одлуки.
Дали видовте конкретен раст кај студентите низ текот на проектот?
Илија Личковски:
Да. Беше навистина впечатливо да се види како студентите почнаа да размислуваат на по-стратешко ниво за потенцијалот на проектот. Истовремено, созреа и нивниот вкус – критички се навраќаа на некои од првичните одлуки. Од аспект на меките вештини, студентите започнаа со трема и несигурност, а завршија со самодоверба да презентираат и успешно да демонстрираат пред институции.
Марија Лазаревска:
Да, и тоа многу јасно. Се гледа напредок во начинот на поставување прашања, во самостојноста при носење одлуки и во способноста да прифатат и имплементираат критичен фидбек. Од „што треба да направиме“ преминуваат кон „ова е решението и еве зошто“.
Иво Дамјановски:
Кон крајот на секој проект, студентите покажуваат вистински знаци на владеење на вештините што ги стекнале за време на проектот и студиите.

Како би го опишале искуството со студентите на Brainster Next?
Илија Личковски:
Соработував со компетентни и проактивни студенти и изградивме нешто за првпат во Европа.
Иво Дамјановски:
Работа со мотивирани студенти кои го сакаат она што го учат и создаваат.
Кои вештини ќе бидат најбарани за конкурентност на пазарот на труд?
Илија Личковски:
Фундаменталните знаења никогаш нема да застареат. Но во ерата на AI, менаџерските и меките вештини стануваат клучни – комуникација, визија, соработка и способност за насочување на автоматизираниот труд.
Марија Лазаревска:
Најбарани ќе бидат професионалците кои брзо учат, јасно размислуваат и знаат да испорачаат конкретни резултати, користејќи ги ресурсите што ги имаат на располагање. Формалните дипломи и титули ќе значат сè помалку, а практичните вештини ќе стануваат клучни.
Иво Дамјановски:
Дизајнерите мора да размислуваат продуктски – да ги сплотуваат потребите на корисниците, бизнисот и техничките тимови. Во три збора: product thinking designers.

Brainster Next не подготвува студенти само за првиот работен ден откако ќе дипломираат, туку за работа на реални проекти уште додека студираат.
Преку реални проекти со државни институции и домашни и светски компании, менторство од професионалци со светско искуство, студентите градат богато портфолио преку применливо знаење и вештини и ја зголемуваат својата самодоверба.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships