Серијал интервјуа-Од Brainster Next до работа: Марија и Димитриј во Johnson Matthey

Share

Преминот од студии во реална работна средина често знае да биде најголемиот предизвик за младите. Но, не и за студентите кои дипломирале на Brainster Next.

Затоа што за нашите студенти теоријата е важна, но она што навистина ја прави разликата во однос на нивните врсници е подготвеноста за реална работна средина, преземањето одговорност и богатото портфолио со кое ги завршуваат студиите.

Токму затоа, една од работите за кои сме особено горди е фактот што сите наши дипломци се во работен однос. А дeл од нив се дел од тимот на Johnson Matthey.

Разговаравме со Марија Котеска која ја реализира својата пракса како Customer Service Executive и Димитриј Петрески кој е вработен како QMS Engineer.

Марија и Димитриј се дипломци од првата генерација на Brainster Next, па за почеток ги прашавме кои знаења и вештини од студиите најмногу им помогнале побрзо да се снајдат во новата работна средина, да растат и да напредуваат.

-Најмногу ми помогнаа вештините за тимска работа, јасна комуникација и работа под притисок. Работата на проекти на Brainster Next ме подготви за реална работна динамика, почитување рокови и соработка со различни тимови. Дополнително, искуството со користење AI алатки ми помогна да бидам поефикасна и побрзо да се адаптирам на работните задачи, објаснува Марија.

-Најодржливото знаење за мене е поврзано со работа со податоци и визуелизација. Секојдневно работам со чистење, трансформација и визуелизација на податоци, што директно се надоврзува на она што го научив на Next, вели Димитриј.

И Марија и Димитриј се едногласни дека практичниот дел од наставата на Brainster Next им помогнал најмногу во градењето на самодовербата со која влегле во новата работна улога.

-Самодовербата ја стекнав преку практичното искуство со реални задачи, јасно дефинирани одговорности и можноста уште од почеток да бидам вклучена во процесите. Тоа ми помогна да преземам иницијатива и сигурно да се снајдам во работната средина, додава Марија.

Ги прашавме и која конкретна навика ја стекнале за време на студиите, а денес ги издвојува и им помага не само да се вработат, туку и да се докажат во компанија како Johnson Matthey.

-Се навикнав секој предизвик да го гледам како серија од помали чекори. Таа дисциплина ми помага да останам фокусиран и да ја покажам мојата вредност, вели Димитриј.

-Навиката навремено да ги завршувам обврските и да ги решавам проблемите веднаш, наместо да ги одложувам, ми помага да останам организирана, професионална и смирена и во динамична работна средина, објаснува Марија.

Според Димитриј, студирањето на Brainster Next многу му помогнало на почетокот од неговата кариера, но токму навиките и начинот на размислување што ги стекнал за време на студиите се тие што му овозможиле континуиран професионален развој.

-Димитриј е одличен перформер, одлично се снаоѓа во работната улога и со одговорностите и задолженијата. Размислува надвор од комфор зоната и лично се надевам дека ќе реди уште повеќе успеси во нашата компанија, секако доколу одлучи да ја гради кариерата кај нас. И за Марија имам одличен фидбек – таа паралелно работи и со вработените и на проекти. Многу сме задоволни од неа, бидејќи иако е на пракса, функционира како фул-тајм вработен, вели Кристина Проданова, Global Talent Acquisition Partner | Employer Branding Ambassador во Johnson Matthey.

Искуството на Димитриј и Марија не е исклучок, туку резултат на пристап кој системски ги подготвува студентите за реалната работна средина. Подготвеноста што тие ја покажуваат на работа не започнала со првиот работен ден во Johnson Matthey, туку многу порано, за време на студиите, преку континуирана работа на реални проекти, јасни одговорности и практични задачи што го симулираат вистинскиот професионален контекст.

Токму ваквиот пристап им овозможува на студентите на Brainster Next да изградат релевантно искуство уште пред дипломирањето, да развијат самодоверба и да влезат на пазарот на труд подготвени, со јасно дефинирани вештини и портфолио. 

За сите кои сакаат да изградат ваков професионален пат, листата на чекање за Brainster Next е отворена. Моделот на студирање овозможува бесплатно образование, со плаќање по вработување, без масовни уписи, со работа во мали групи, висок квалитет и индивидуален пристап кон секој студент.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!