Search
Контакт

Тајните на најдобрите графички дизајнери

Прочитај ги петте совети за успешно креирање дизајни и како можеш својот талент и креативност да ги претвориш во кариера.
5-soveti-za-graficki-dizajneri | Graficki i UX/UI dizajn | Brainster Next College
Share

Графичкиот дизајн е полето каде традиционалната уметност се среќава со дигиталната магија. Графичките дизајнери се оние коишто ги претвораат идеите во визуелни мајсторства, користејќи бои, дизајни, фонтови и текстури како свои алатки на патот до креирање на уметноста.

Brainster Next College, има мисија е да понуди поинаков, уникатен и практичен  пристап на идните студенти на патот кон развивање на нивната кариера преку нашата уникатна студиска програма – UX/UI и графички дизајн. Во трите години од студиите, студентите го истражуваат светот на дизајнот, не само теоретски, туку и практично, за да можат да го претворат својот талент во кариера. Ако сакаш од својата креативност да изградиш кариера, немаш друг избор со ваква програма во регионот освен Brainster Next College.

Затоа, овој блог ќе го посветиме на советување на сите оние што сакаат да станат графички дизајнери или веќе се обучуваат на тоа поле, како да бидат најдобрата професионална верзија од себе. 

Прочитај ги петте совети за успешно креирање дизајни!

1. Следи ги трендовите!

Следењето на трендовите пред сѐ, е одраз на дизајнерот. Со тоа се покажува дали дизајнерот е во тек со новите случувања, трендовите што го опфаќаат полето на дизајнот и слично. Со оглед на тоа што дизајнерските трендови постојано се менуваат, треба да постои голема желба и истрајност тие да се проследат и искористат во нивната работа. Најдобрите дизајнери не ги игнорираат дизајнерските трендови, туку тие ги проучуваат, пробуваат и ги применуваат, со цел да се создаде одличен дизајн.


Ако дизајнот е твојот повик и сакаш да учиш во креативна заедница која практично ги применува своите знаења, аплицирај за последниот уписен рок!


2. Секогаш истражувај го полето на кое работиш и побарај инспирација! 

Често кога треба да креираш некој нов дизајн за нов клиент, а притоа топката е префрлена кон тебе, ти да одлучиш за дизајнот, остануваш без идеи.

Во таквите моменти не треба да очајуваш, туку само треба да побараш инспирација околу себе. Едноставно, треба да се фокусираш на желбите на нашиот клиент што сака да ги види во неговиот дизајн, а инспирација можеш да црпиш од најразлични извори. Треба да бидеш во тек со трендовите, да знаеш што е она што е модерно и што им се допаѓа на луѓето. Притоа може да се инспирираш и од најразлични платформи како: pinterest, tumblr и општо на сите социјални медиуми, разгледувај списанија, читај книги, експериментирај со бои, текстури и стилови. И најважно, потруди се и не се откажувај веднаш!

Студентите од UX/UI и графички дизајн

3. Слушај ги идеите на клиентот!

За крајниот резултат да биде каков што клиентот посакува, многу е важно да се слушаат неговите желби и идеи. Tој со нас ја споделува неговата визија, а ние сме тие што треба да ја оствариме и визуелизираме. Комбинирај дизајни, текстури, фонтови, фотографии и експериментирај сѐ додека твоите идеи и идеите на клиентот не се на иста линија.

4. Соработувај и вмрежувај се со поискусни дизајнери!

На патот на создавање на твојата кариера како графички дизајнер, клучно е да остваруваш комуникации со дизајнери што се искусни на тоа поле. Со нив може да се советуваш, во нив да пронајдеш ментор, дури и да соработувате на заеднички проекти.

Со таквата соработка, можеш да го научиш нивниот пристап кон дизајнирањето, да ги споделите вашите вештини еден со друг и да ги развиете своите вештини за комуникација и тимска работа. Потоа, можеш да го прикачиш овој проект во твоето портфолио, на веб-страница или на социјалните медиуми за да ги покажеш твоите способности.

5. Учествувај на работилници и конференции поврзани со графичкиот дизајн!

Креативните конференции се професионални настани за индустрии со креативни функции, како дизајн, уметност, пишување, рекламирање… Да присуствуваш на овие настани во текот на годината, е одлична шанса за врмежување и збогатување на твоето портфолио со сорабтоници, идни клиенти и работодавци. На ваквите настани, можеш да се поврзеш со колеги дизајнери и професионалци од други креативни дисциплини, да се поврзеш со потенцијални клиенти или работодавци, да научиш релевантни трендови за време на семинари од лидери во индустријата.

Овие пет совети, ќе ти помогнат на твојот пат како графички дизајнер, за твоето усовршување и многубројни успеси. И не заборавај „Дизајнот е размислување изразено преку визуелизација.“ – Сол Бас.


Ако дизајнот е твојот повик и сакаш да учиш во креативна заедница која практично ги применува своите знаења, аплицирај за последниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!