Дипломска задача продадена како реален продукт во Хрватска – Вака се насочува потенцијалот на студентите на Brainster Next 

Share

„Кога ми беше соопштено дека проектот има потенцијал да се продава како реален производ, првото чувство беше неверување, а веднаш потоа и сериозна мотивација. Тоа беше момент на изненадување, но и голема потврда дека сум на вистинскиот пат. Ми покажа дека идејата не е само добра на хартија, туку има вредност и надвор од академската средина. Во тој момент сфатив дека одговорноста се зголемува и дека морам да размислувам како продукт сопственик, а не како студент.“

Вака започнува успешната приказна на Владимир Гелов, дипломец на насоката софтверско инженерство и иновации од првата генерација на Brainster Next, чија дипломска работа беше продадена како реален производ во Хрватска.

Но, како се случи дипломска задача на еден студент да се продаде како платформа за вработување во Хрватска – платформа што ги поврзува компаниите и барателите на работа од целиот Балкан?

За почеток, потребно е да постои реален проблем за кој е потребно решение. И некој што го има тоа решение.

Клиентот кој покажа интерес за дипломската задача на Владимир, Croatia Connect, е веќе успешен бизнис кој повеќе од пет години работи на територијата на цела Хрватска. Но, со зголемувањето на обемот на работа, координацијата преку обичен мејл станала речиси невозможна. Потребно било посеопфатно решение кое ќе ги поврзе луѓето од Хрватска, но и од целиот Балкан.

-Го контактиравме Brainster и од таму ни беше посочено дека постои платформа развиена од студент кој токму тогаш дипломирал, а која може многу добро да одговори на прашањата и проблемите со кои се соочувавме. Мислам дека уште при првото гледање на платформата си рековме: ‘Тоа е тоа’. Името беше слично, а откако добивме можност детално да ја разгледаме, сфативме дека токму тоа е решението што ни требаше. Секако, беше потребна доработка и адаптација според пазарот со кој ние работиме. Сè се одвиваше многу спонтано и ни беа потребни само два дена за да донесеме одлука дека ова е решението кое ни одговара. Владимир ја презентираше платформата отлично, со голема енергија и жар, и мислам дека токму тука се поклопија двете страни, објаснува Лина Даневска, одговорна за маркетингот на Croatia Connect.

Но, од каде се роди идејата на Владимир и зошто токму ваква платформа?

-Идејата произлезе од реален проблем кој го забележав – слабата поврзаност меѓу работодавачите во Хрватска и работниците од регионот. Уште во фазата на дипломската задача сакав решението да биде практично и применливо, а не само теоретско, објаснува Гелов.

И по дипломирањето, проектот не застана. Напротив, веќе имаше јасна логика, структура и потенцијал. Со постепено доработување, подобрување на функционалностите и прилагодување кон реалните потреби на пазарот, дипломската задача прерасна во реален продукт.

-Не само што добивме готов производ, туку до денес не запираме со иновации и надградба на самата платформа. Денес градиме решение кое дневно го користат околу 200 активни корисници, како и угостители и компании од Хрватска. Дополнително, платформата ја користат и корисници од целиот Балкан, кои се активни секојдневно. Постојано бараме нови начини како да ги анимираме и како да им понудиме најдобро можно корисничко искуство, објаснува Лина.

За Владимир, довербата што му ја даде Croatia Connect значеше внимателен и постепен развој на производот, чекор по чекор, со адаптација кон новиот пазар.

-Беше потребно да се адаптира јазикот, корисничкото искуство, правната рамка и логиката на огласите според хрватскиот пазар. Освен техничкиот дел, голем фокус беше ставен и на разбирање на пазарот, навиките на работодавачите и очекувањата на корисниците. Секој чекор бараше тестирање, корекции и подобрувања, затоа што реалниот пазар не простува грешки како академската средина, објаснува Владимир.

Неговата професионалност и темелност во работата ја продлабочија довербата со клиентите.

-Владимир беше со нас рамо до рамо низ сите процеси, како да работел цел живот во нашата компанија. Платформата не бараше многу доработка, повеќе приспособување, бидејќи првично беше насочена кон технички вештини и ИТ компании. Потоа ја адаптиравме да функционира примарно за туризам и угостителство, со можност да се вклучат и други професии. Платформата што ја имаше Владимир дополнително ја надградивме, а тој беше отворен и подготвен за секоја нова иновација што ќе ни дојдеше на ум. Тој е еден од најинспиративните млади луѓе со кои сум работела во последниве години, заклучува Лина.

Знаењето и практичното искуство стекнато на Brainster Next се токму она што ги подготвува младите луѓе како Владимир за вакви моменти.

-Brainster Next ми даде силна основа за практично размислување и реализација на идеи. Научив како да структурирам проект, како да размислувам продукт-ориентирано и како да ги поврзам техничките решенија со бизнис потребите. Практичниот пристап и работата на реални задачи ми помогнаа да не застанам на идеја, туку да ја претворам во функционален систем. Тоа знаење беше клучно за самостојно да ја развијам и одржувам платформата и да ја донесам до ниво на реален производ на пазарот, вели Владимир.

Успешната приказната на Владимир не е исклучок, туку јасен пример за тоа како изгледа кога образованието е директно поврзано со реалниот пазар. Покрај успешната дипломска работа која ја продаде во Хрвастка, тој денеска работи како IT specialist во Киро Дандаро.

На Brainster Next, студентите не дипломираат само со диплома, туку со реално работно искуство, богато портфолио од проекти и практични решенија развиени за вистински клиенти.

Уште за време на студиите, тие работат со компании и институции од земјата и странство, учествуваат во реални проекти и градат професионална мрежа што продолжува да им отвора врати и по дипломирањето. Денес, Brainster Next има изградена мрежа од повеќе од 200 домашни и меѓународни компании и институции, кои се отворени за соработка, развој на таленти и градење на долгорочни кариери.

Токму затоа, дипломирањето на Brainster Next не претставува крај на еден процес, туку почеток на реална професионална приказна, онаа во која знаењето веднаш добива примена, а потенцијалот станува видлив на пазарот.

Ако сакаш да студираш и да се подготвиш за 2040 а не за 1940 година,Brainster Next те подготвува за светот што доаѓа.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!