Студентите на Brainster Next College ќе ја изработуваат новата веб-платформа на Театар Комедија

Share


Brainster Next College го најавува почетокот на значајна соработка помеѓу студентите од прва година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации и реномираната институција Тетар Комедија од Скопје. Во рамки на предметот Имплементација на решение, студентите ќе работат на развој на нова веб-платформа за театарот, претставувајќи го нивниот прв професионален ангажман со реален клиент.

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје.

На што ќе работат студентите на Brainster Next College?

Проектот вклучува развој на сеопфатна веб-страница за Тетар Комедија, базирана на дизајнерски решенија креирани од студентите на Академијата за UX/UI дизајн од Brainster – тим 5.

Новата веб-платформа, развиена од студентите на Brainster Next College за Тетар Комедија, ќе претставува сеопфатно дигитално решение кое ќе овозможи интуитивен преглед на актуелниот репертоар и ефикасен систем за онлајн продажба на билети, надополнето со детални информации за секоја претстава и биографии на актерскиот ансамбл. Целото искуство ќе биде прилагодено за оптимално користење на мобилни уреди, овозможувајќи брза и едноставна резервација на билети во само неколку кликања.


Ако си амбициозна, креативна и иновативна личност, Brainster Next College е првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско Инженерство кој те подготвува за високоплатени идни професии и успешен бизнис. Аплицирај на време и не ја пропуштај својата шанса! Преостанати се само уште по една група на двете студиски програми.


По деталниот брифинг од страна на претставници на Тетар Комедија, студентките од Академијата за UX/UI дизајн ги презентираа своите концептуални решенија за веб-платформата, кои кореспондираа со препознатливиот идентитет на театарот и афинитетите на неговата публика.

Арбен Хајрулахи, продуцент на Тетар Комедија, ја потенцира важноста на оваа соработка: 

„Од оваа соработка очекувам успешна реализација на нашата веб-страница каде на нашата публика ќе и биде многу полесно да резрервираат карти, но исто така да ни олесни и на нас, нашите вработени. Очекуваме новата веб-платформа и да обезбеди поефикасни алатки за промоција на нашите претстави и актери.

Сите сме биле студенти и верувам дека ова е супер шанса студентите да видат како државна институција може да соработува со други институции и фирми каде имаат можност да се реализираат самите себеси”. 

Новата веб-платформа ќе биде дизајнирана со посебен акцент на пристапноста и ефикасноста, како за крајните корисници, така и за административниот персонал на театарот.

Интеграција на академското знаење со индустриската пракса

Овој проект е во согласност со мисијата на Brainster Next College да им овозможи на студентите реални работни искуства во текот на нивното студирање. Преку вакви партнерства, студентите имаат можност да работат на конкретни предизвици, да развијат професионални вештини и да изградат релевантно портфолио, подготвувајќи се за успешна кариера во областа на софтверското инженерство.

Ако си амбициозна, креативна и иновативна личност, Brainster Next College е првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско Инженерство кој те подготвува за високоплатени идни професии и успешен бизнис. Аплицирај на време и не ја пропуштај својата шанса! Преостанати се само уште по една група на двете студиски програми.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!