Можеби Brainster Next НЕ Е за тебе (и тоа е сосема во ред).
Пред да одлучиш дали треба да студираш кај нас, прочитај го овој текст.
BTW, што е Brainster Next?
Brainster Next е најбрзорастечкиот факултет во регионот кој поседува 3 акредитирани програми. Оваа година на факултетот ќе студираат вкупно 300 активни студенти, 250 компании партнери за вработување и пракса на нашите студенти и над 40 партнерства со факултети за студентите кои ќе одлучат да продолжат со своите магистерски студии.
Brainster Next факултетот е создаден со мисија да образова, инспирира и поддржува иновативни и креативни млади лидери и претприемачи од Македонија, кои сакаат да го променат светот.
1. Зошто да: Учење преку работа на реални проекти, наместо класичните лист-пенкало-тест.
Замисли, додека студираш, активно да работиш на реални проекти за локални и интернационални компании и стартапи. Brainster Next ти овозможува да се стекнеш со практични вештини и работно искуство уште пред да дипломираш. Овој начин на учење ќе ти даде огромна предност, затоа што наместо здодевни предавања и меморирање на факти, кај нас учиш преку акција!
Дипломираш со неколку години работно искуство и портфолио полно со проекти.
На почетокот на секој семестар, студентите, професорите и партнерите презентираат разновидни идеи за проекти – од вештачка интелегенција и развој на софтвер до креативен дизајн, истражување на корисничкото искуство и градење на бренд.

1. Зошто не: Доколку преферираш класично образование преку изучување на теорија, полагање тестови и меморирање на факти, Brainster Next не е за тебе.
Тука сме фокусирани на практична работа и решавање на реални проблеми. Нашето искуство покажува дека учењето преку работа на реални проекти за компании дава многу подобри резултати. Ако ти е поудобно да седиш на предавања и да учиш напамет, Brainster NEXT можеби нема да ти одгова

2. За образование за 2040, а не за 1940 година.
На Brainster Next факултетот ги стекнуваш вештините за високоплатените професии на иднината, AI, претприемништво, иновации и современ начин на размислување.
Brainster Next нема да те научи само за денес, туку и ќе те подготви за утре. Тука ќе имаш можност да научиш од експерти за најновите технологии, вештачка интелигенција (AI), претприемништво, иновации и вештини кои ќе ти бидат потребни и во наредните 15 години. Студиските програми се создадени за да ти обезбедиме конкурентска предност пред другите студенти.
2. Ако бараш лесен начин да добиеш диплома, Brainster Next не е за тебе!
Студирањето на Brainster Next е силно засновано на тимски проекти и соработка: интерактивните работилници, фидбек сесии, учењето од колегите, хакатоните, заедничкото работење на исти проекти се суштински дел од секојдневието на нашиот факултет.
Преку нив ќе научиш да комуницираш, да делегираш задачи, да даваш и примаш конструктивна критика и да работиш со колеги со различни таленти.
Затоа што најдобрите решенија ретко доаѓаат од една глава.

3. Зошто да: Тимска работа, хакатони и работилници — учиш да градиш заедно со другите.
Студирањето на Brainster Next е силно засновано на тимски проекти и соработка: интерактивните работилници, фидбек сесии, учењето од колегите, хакатоните, заедничкото работење на исти проекти се суштински дел од секојдневието на нашиот факултет.
Преку нив ќе научиш да комуницираш, да делегираш задачи, да даваш и примаш конструктивна критика и да работиш со колеги со различни таленти.
Затоа што најдобрите решенија ретко доаѓаат од една глава.

3. Зошто не: Ако сакаш да работиш сам
Едноставно – никој не изградил нешто значајно сам.
На повеќето традиционални факултети ваквите активности се „екстра“ настан што се случува еднаш годишно – кај нас се начинот на кој учиш.

4. Да, за поддршка при студирање и поддршка при вработување
Во традиционалните факултети, студентите често се соочуваат со предизвици без соодветна поддршка. Но, во Brainster Next факултетот, ние веруваме во проактивна грижа и континуирана поддршка за секој студент. Преку специјализирани тимови за „Student Success“ и „Partnerships“, нашиот факултет нуди целосна поддршка и ги подготвува студентите за успешни кариери.
„Student Success“ се грижи за студентите во текот на нивните студии, а тимот на „Partnerships“ се грижи да им обезбеди можности за надворешниот свет. Додека „Student Success“ се грижат секој студент да го постигне својот личен потенцијал, „Partnerships“ им наоѓаат реални проекти, пракси и вработување каде што тие ќе можат да ги докажат. Од оваа година тимот на Partnerships на студентите им помага и при упис на магистерски студии на интернационални факултети.
Вкупната бројка на партнерски компании сега изнесува 218, а партнерски факултети 44.

5. Да доколку сакаш да се стекнеш со акредитирана и меѓународно признаена диплома.
Твојата диплома од Brainster NEXT е „Bachelor of Science“, акредитирана од Министерството за Образование и Одборот за Акредитација и признаена во целиот свет.
Ова ти овозможува да бидеш видлив на глобалната сцена и да градиш кариера каде и да посакаш.
Дополнително, Brainster Next стана првата и единствена високообразовна институција од Македонија што е примена како полноправна членка на EURASHE – European Association of Institutions in Higher Education, најголемата европска мрежа на применети универзитети.

Ова се петте причини зошто треба и трите причини зошто не треба студираш на Brainster Next.
Доколку и по овој преглед се пронајдеш во нашата визија, те информираме дека уписите за новата академска 2026/27 година се веќе во тек.
